Македонци во Аделаида, Австралија?

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Здраво дечки :)

Да не има некој кајганџија во Аделаида, Јужна Австралија или бил ...живеел да сподели искуство, начин на живот, работа, плата, ...се :)
 
F

FARANG

Гостин
Град од окулу 1 мил. Важи за најголемо село во австралија. Мртов после 10 навечер освен Glenelg. Тоа ти е наслебата на самата плажа до аеродромот. Работа има колку сакаш мада така е скоро секаде во аус. Би заработувал добро ако си инжинер или работиш нешто поврзано со рударство затоа што заедно со Перт се главни рударски градови. Најевтин главен град во АУС каде сеуште можеш да купиш куќа. Мала мак заедница. Прашај што друго те интересира.
 
F

FARANG

Гостин
Како е со пичина девојки таму?

Имит... Англосаксонки и тоа побогати, они се компаниска колонија за разлика од остатокот на австралија - робијаши. Дури зборат и со малку британски акцент.
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Се е убаво ама строги и заебани закони имаат. Зборам конкретно за сообраќај на пример , ко што имам разбрано , апла остри се на тоа поле и не попуштаат многу :) А како земја , да не зборам ... милина :D
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Наскоро изгледа ќе живеам таму, па да се спремам, искуства мислења, живот такви ствари.

Мада вака како што гледав на Интернет, важи за град каде што има многу фестивали и сл. Рака на срце к ме боли за ноќен живот.

Животни трошоци, работа, за фамилија како е, тоа ме интересира. Сите се палат за Мелбурн и Сиднеј ама вака како што гледам го завзема приматот овој град токму за тоа што опиша FARANG.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Наскоро изгледа ќе живеам таму, па да се спремам, искуства мислења, живот такви ствари.

Мада вака како што гледав на Интернет, важи за град каде што има многу фестивали и сл. Рака на срце к ме боли за ноќен живот.

Животни трошоци, работа, за фамилија како е, тоа ме интересира. Сите се палат за Мелбурн и Сиднеј ама вака како што гледам го завзема приматот овој град токму за тоа што опиша FARANG.

Абе ти ако си направиш убави парички ич немој да се секираш за ноќен живот... Имаш одмори, имаш слободни денови.. Хотелчиња имаш доста Сиднеј,Мелбурн кај сакаш можеш да акаш... Кешот се прави тешко за трошењето се наоѓаат начини...

Па и во Сиднеј да живееш мислиш дека секој викенд ќе искачаш по клубови? Здосадува и тоа... 1наш,2пати , 10 пати во месецот после ќе намалиш...
 
F

FARANG

Гостин
Аделеид ти е нешто ко Скопје. Неможеш да го споредиш со Мелбурн или Сиднеј дури ни со Бризбен и Перт, ти доага ко Скопје да го споредваш со Виена на пример. Се си има ко град да функционира, многу е чист и доста е среден. Има среден центар каде повеќе светски инжинерски и рударски фирми има главни регионални канцеларии. Го има Гленелг што за мене е една од најубавите наслеби за живеење во Австралија која може рамо со рамо да се носи со Сант Килда во Мелбурн, Скарбора во Перт или Менли и Бондај во Сиднеј. Има еден вид сува тропска клима, што не е лошо, нешто слична на Сиднеј, долги лета. Океанот им е добар ама има ајкули така да плажите им се заштитени со мрежи. Важи за град со доста култура и традиција. Градот на црквите. Има ок ресторанти. Нивното Водно е Аделаид Хилс и е стварно спректакуларно. Во близина на само 50км е Бароса Вали еден од најпознатите светски вински региони. Ако си по виното ова ти е исто ко Напа во Калифорнија или Бордо во Франција. На другата страна на самиот влез на Аделаид ти е Хандорф, германско градче кое е ко еден вид град музеј. Тука е е и најдобриот Октобер Фест надвор од германија. Мислам дека е и најстар после германскиот нормално. Таму ќе јадеш и кебапчиња...
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Nice! I like it! Искрено намерно и ја избрав Аделаида, помал град во споредба со другите. Го следам на Google Earth, Street view, ...Youtube...Гленелг е нешто феноменално, ...Само ми е страв онака као ќе се снајдам со работа и такви ствари штом ќе стигнам. Сепак доаѓам од општество кое не е навикнато веднаш да најде работа и се чекаат години до вработување.
 
Што работиш, што искуство имаш? Мој совет ти е да размислиш и за Бризбен. Аделаид е убав, чист и тивок.40 мин лет од мелбурн. 40тина долари карта во еден правец. За работа има... не се секирај.
 
W

Werther

Гостин
Nice! I like it! Искрено намерно и ја избрав Аделаида, помал град во споредба со другите. Го следам на Google Earth, Street view, ...Youtube...Гленелг е нешто феноменално, ...Само ми е страв онака као ќе се снајдам со работа и такви ствари штом ќе стигнам. Сепак доаѓам од општество кое не е навикнато веднаш да најде работа и се чекаат години до вработување.
За женски Фаранг барај го !

:D
 
Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417
|Volkswagen| До каде си со иселувањето ? :D сеуште си одлучен за одење Аделаида ? позз!
 
F

FARANG

Гостин
FARANG во што е поразлична Аделаида од Перт ?

Перт е еден од најубавите градови на светот (за мене најубав во Австралија). Самата Свон река во центарот е голема ко езеро, прв пат кога ја видов мислев океанот е. Кингс Парк во Перт е најголем парк-шума во центар на некоја светска метропола, поголем од Централ Парк во Њујорк итн итн.. Перт има 10 месеци лето. Град долг ко цигара, над 100км долг 15км широк, буквално секој живее на 10-15 мин од плажа. Во Перт има и голема МАК зедница. Перт е и најбогат град моментално во АУС а може и во светот, едноставно центар на рударската индустрија е и се гледа. Има населби каде што 20-25 милјони за куќа се нормална работа и има по 30-40 клиенти кога некоја иде на продажба... Перт е друга категорија. Единствен минус е што е МНОГУ изолиран, најизолирана метропола (Батистута се пресели таму баш затоа). Речиси никогаш нема некој светски настан таму, кога има светски турнеи речиси секогаш се се дешава на источниот брег, Мелбурн, Сиднеј, Бризбен, евентуално Аделаид. Од друга страна поблиску си до МКД, имаш само една станица, директ лет до Дубаи. Има евтини летови до азија што мене ми одговара исто. Ако останам во АУС би се преселил во Перт.

Kajgana Shop

На врв Bottom