.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
- Локација
- На Венера
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Денеска шетав низ дуќаниве во Скопје нешто бев да си купувам и забележав доста негативни работи посебно за внатрешното уредување во дуќаните. Сите добро знаеме дека денеска повеќето кои се одлучуваат да отворат дуќан занемаруваат една многу битна работа внатрешното уредување. Повеќето дуќани се стандардно уредени а при тоа се знае ќе ги бојадисаат со бела или пак друга боја целиот дуќан а при тоа не обврнуваат внимание на ситниците ниту пак на каблите,подот,ниту пак на надворешната врата туку едноставно одат по приципот абе ајде што ми е галје за тоа како изгледа дуќанот битно си работи.
Да но што е со естетиката? и убавиот изглед на еден дуќан, повеќето кои ги имаат отворено дуќаните никогаш не обврнуваат внимание на внатрешното уредување исто така и на изгледот од надвор. Јас доста малку дуќани знам каде што се надворешно и внатрешно убаво уредени и тоа имам забележано дека брендовите како nike,adidas,converse,mango и тн. Сите овие брендови во своите продавници доста добро им се уредени исто така да наведам и за хигиената која е на доста добро ниво за разлика од останатите продавници каде што уште кога ќе влезеш знаеш што те очекува стандард хигиената не е на ниво исто така и музиката која си ја пуштаат по желба вработените.
Што мислите вие за дуќаните дали внатрешното уредување е задоволително ниво?

Што мислите вие за дуќаните дали внатрешното уредување е задоволително ниво?