После Фриза, евидентно е дека земјаните веќе не можат да се носат со новите сили и теретот паѓа на плеќи на сајонците. Сел при своите први две форми ги убива Пиколо и Тиен, Јамча оддамна ја фрли крпата, а Крилин во тој период се заљубува
.
Гравитацијата ја пробаа сите кога умреа во првата сага. Кај Кинг Каи, Пиколо одлично се снајде и поради тоа се проба против Фриза на Намек, ама едвај потпираше и тој на втората негова форма (и тоа споен со најсилниот тамошен намеќианец). А собата со временска аномалија кај Ками ја користеа само сајонците, главно поради потенцијалот кој го имаат во себе, а уште не им беше откриен и развиен. Земјаните немаа што да бараат, мисловна именка беа тие моќи за нив. Гохан таму прв пат премина во ССЈ, а Транкс го надмина и татко му во сила. Кои бед ес фаци се овие двајца во Сел сагата, уффф ..
А што ќе кажете за првите 10ина епизоди на Намек, кога Крилин и Гохан постојано се криеја и пазеа на енергетското ниво за да не ги фатат Веџита од една, и Фриза со неговите потрчковци од друга страна. Потензични епизоди од овие, здравје. Срцето ми има лупано, чиниш и јас сум со нив таму ..