Ако сака русинот резултати, ремонт секако мора да има. Со моменталното јадро на тимот, јас искрено не верувам дека Вардар може да ги мине групите (макар што многу зависи од ждрепката). Така што потреба од уигрување секако ќе има. Муабетот мене ми е дека поарно е да се задржат македонците отколку играчи како Ракович, Абутовиќ, Драгаш, Марковиќ, Петриќ итн, кога и онака подобри од нив ќе бидат ангажирани за да бидат клучни играчи во тимот.
Не се согласувам друже, видовме колку скапо ги чинеше Металург таквото коцкање.
Па искрено Батиновиќ и Додер иако се од онаа класа на третокласни Срби сто пати повеќе пружија од Македонските вечни таленти што ги имаат во екипа.
Не можеш да се потрпреш само на еден врвен играч, а резервата да ти биде 10 класи послаба. Затоа се крстеа после повредите на Манасков и Георгиевски, па ја загубија титулата.
Реално освен Столе другиве од Македонциве и немаат што многу да покажат. Даскаловски би бил добар за трет голман, и би си бранел во СЕХА и во домашно првенство. Еден од Ојлески и Недановски се добри за трети крила под услов да дојде Дибиров. Во спротивно Марковиќ број еден, а и двајцата обавезно да се задржат.
Пак ќе кажам Недановски игра доста добро во последно време, и затоа во моментов би го задржал пред Ојлески, иако Ојлески ми е можеби омилен играч од Вардар. Би сакал да остане и он, ама би ми било многу грсдо да го гледам да скапува на клупа.
Подобро нека оди во Струмица нека игра цело време...
Имаше голем период да покаже што знае, за жал шета некаде меѓу просекот и малку подобро...
Извини тука, ама да го избркаш Марковиќ кој е светски играч за мене, за да задржиш реално малце над просечни играчи е лоша одлука.
За Јовчевски важи истото, мада тука Раковиќ за мене може да биде заменет со подобар избор, па Јовчевски да остане. Едноставно не ми е светска класа. Но сепак подобра опција би била и он да остане и Јовчевски и плус да донесат некој стартер.
Еден од Абутовиќ, Кукоски и Драгаш според мене треба да лета.
Ама кој?
Абутовиќ е одличен во одбрана, слаб во напад.
Драгаш некако послабо ми игра во одбрана, ама за во напад може многу добар да стане.
Кукоски има можеби најсилен удар од нив, и солиден е во одбрана плус игра со срце, ама е многу подлежен на повреди.
Секој си има некоја мана и предност.
Највеќе сакам Кукоски да остане, ама со повредите мислам дека другиве го јадат.
Абтувоиќ прерасна во клучна алка во одбрана некако...
Драгаш можеби треба прв да лета. НО се работи за млад играч и мислам дека треба да му се даде фора да работи на шутот. Само треба саглам тренинг и јас верувам дека ќе биде врвен шутер.
Ни самиот не можам да одлучам кој би летал.
Непотребни страмнци немаме со оглед на тоа дека Лазовиќ и Рајковиќ си отидоа. Петриќ е стар, ако планираат добри десни бекови мислам дека треба да си оди.
Проблемот кај нас е што реално нема некои Македонци кои допрва имаат што да покажат.
МОЖЕБИ некој од Стружаните во младите категории на Металург.
Затоа ни треба втора екипа за да се работи со младите од младинските категории, кои реално инаку не би добиле шанса.
Тенка е границата околу тоа дали ќе успее некој играч. Откако пропадна проектот МРК воопшто не се вадат нови играчи.
Тие што излегоа тогаш сега се рпедсводници на некои екипи во лигава...