Не бев сигурен каде да го постирам прашањево пошто опфаќа повеќе теми помеѓу кои и интернетот.
Ако има соодветна тема, преместете го.
Не сум сигурен дали е до серверите, интернетот или сосема различен фактор како антивирусот или друго нешто.
Имам компјутер со ок конфигурации (Дуал Кор 2.6, 1 гб графичка, 2 гб рам).
Играм дота 2 одамна и проблемов прв пут ми се јавува.
Дур играм, пингот наеднаш ми рипа многу и фпсто ми паѓа. Така се задржува цела партија без никаква промена.
Ова почна пред неколку дена. Фпсто стандард послем е ниско (10-20...некад паѓа и под 10) и пингот рипа над 90 со драстични промени на 140 и 200+ што резултира со лаг за потоа пак да падне на 90.
Прво мислев дека е поради близу што го имаат проблемов со мрежата деновиве. Проверив стабилност на нетот за што испадна дека е солидна. Со други ствари не прави проблем освен со Дота. Дури и да е до интернет конекцијата тоа не го објаснува паѓањето на фпсто што ми се случува кога играм и со ботови (што не бара конекција).
Ја реинсталирав дота 2, пробав да го исчистам компјутерот од проблеми со регистри, privacy sweeps, дефрагмент направив и тристо други чуда. Намалив графика на максимум (иако знаев дека не е до тоа) али проблемот со фрејмажата си продужуе подеднакво.
Интернесно е што кога спектејтам игра (гледам други како играат) ако гледам од players perspective нема проблеми со фпсто....А почнам да гледам со free camera односно јас да скролам низ мапа, драстично фпсто паѓа.
Како што напоменав, проблемов започна пред неколку дена.
Пробав со други игри исто така (кои бараат поголема графика и конфигурации воопшто), проблем неам никаков што ми укажува на тоа дека не е некој хардверски проблем (ваљда).
Побарав низ интернетов и сите жалби за фпс и пинг у дота 2 се прича сама за себе од кои ни една не се вклапа со мојава ситуација.
Ако има некој било каква идеја, нека пише.
Однапред благодарен.