Домашна пита со зелка или спанаќ
 
Се разбира тавче-гравче (добриот грав надалеку се слуша 

 )
 
Руска Салата (Господе Боже ама ми се сојаде)
 
Чорба Грашок (Едно од поомилените)
 
Гулаш 
 
Сите можни рецепти во кои содржат печурки
 
Шопска Салата
 
Панцероти, човече која лудница е јадењево 
 
Зелка салата (онака да те освежи и окисели)
 
Топен Кашкавал
 
Чоколадни колачиња
 
Пинџур со многу, многу домати во него
 
Пире дефинитивно
 
Домашен сладолед со Банана и Кисело млеко
 
Ќебапи со селско лепче со брашно(како на сликава), едно луто пиперче и зелка или паклиџан салата 
 
 
Ете драги форумџии и форумџики, заради овие јадења јас денес држам диета 
 
П.С. Намерно не ги ставив стандардните бурек од фурна, тестенини, пици, хамбургери... дека нели, нема кој не ги јаде 
