Ipsissimus
P.I.
Епа врз основа на што тогаш? На куранот?Не споменав Библија или библиски стих.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Епа врз основа на што тогаш? На куранот?Не споменав Библија или библиски стих.
Повторно ли на прашање одговараш со прашање?
Пред некој ден, од мене доби одредени одговори, кои не Ти беа по кеифот, а во меѓувреме, доби и одговори од друг член од формов, кои одговори, очигледно, Ти се по кеифот. Зашто пак мене ме прашуваш, кога моите одговори не се по Твојот есап?
Јас би сакал МИКИ1 да ми одговори за битката за мојсеевото тело бидејќи заборавив кој Архангел се бореше а по можност и со Цитат.
Друго прашање на мометата од 50 денари Архангел Михаил е??
Дали истото прашање кога е поставено од мене добива поинаков одговор во однос на тоа кога е поставено од друг член? Неопходно ли е да ми се допаѓаат одговорите за да продолжам да те прашувам? Јас никаде не напишав дека не сум задоволен поради несоодветен одговор, иако не ми се допаднал. Едно филозофско/религиозно/општествено прашање може да има неколку задоволителни одговори/толкувања, ама сите нема да ми се допаднат, нели?
Темава е прашања за христијанство или за МПЦ,ако е за второво отворете си посебна тема.Има тука некој админ или е село без кучиња?![]()
МПЦ е дел од рисјанството, или барем така тврдат.
МПЦ-ОА е дел од православното христијанство и помесна Црква од македонскиот народ.
Не сакам да бидам малициозен, но остатокот од православниот свет не вели така.
.
Не дека мислам како е некоја голема работа да бидеш дел од православниот свет, и тие се банда лажови, но оваа македонската банда лажови е трагикомедија на квадрат.
Разбира се, ако уште неколку пати напишеш ваков пост, ќе добиеш исто толку „лајкови„ од оние кои ја мразат МПЦ.
Но јасно е дека си „аут„ од збиднувањата во православниот Свет и јасно е дека не Ти е јасно оти православниот Свет е поширок отколку што е инаетењето од спрегата од српската и грчката Црква во однос на македонската. Останатите помесни православни Цркви немаат проблем со македонската, но за да не дојдат во судир со грчката и српската, се оградуваат, очекувајќи го решението за спорот кој македонската Црква го има со соседните Цркви.
Ме интересира, ти ако одиш по улица и видиш некое поголемо дете како крвнички тепа помало, дали ќе се оградиш од настанот, то ест ќе чекаш сами да го решат спорот?
Каде е православната љубов спрема вистината, каде е рисјанската љубов и разбирање меѓу црквите кои се нели дел од црквата Исусова? Каде рускиот или вселенскиот патријарх (или како веќе се вика, навистина се хорор православциве со овие титулите, од господи господин до патријарски на Млечниот Пат) да пресече во спорот, ако толку ичигледно сте во право? Мене сето тоа ми личи на ситно политиканство и борба за власт и привелигии...
Човечко, премногу човечко.![]()
Споровите помеѓу помесните Цркви, небитно кои, се појавија пред се‘ од политички причини, понајмалку од канонски, а воопшто не од доктринарни разлики помеѓу Црквите.
Така, кога Црквите ќе разговараат за Христа, тогаш ќе нема проблеми. Кога се раководат по дневно-политички интереси а не верско-духовни, до тогаш ќе има проблеми.
Абе Мики, ако челниците на тие цркви се занимаваат со политиканство, ако се алчни дебели свињи, на кого народот ќе се угледа?
На мене?