Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Е фала ти многу, сега и некако ми даде бонус мотивација да си отидам на смеров :D и уште нешто ме интересира, како иде за прием на државна квота? Што успех треба да имаш? За сега сум 5.0 четири год., да ја напраиме уште матурава асално.. :)

не му се секирај..... секако влегуваш во државна квота со 5.0
 
Јас на времето студирав електрофакултет и учев за биполарни транзистори, FET транзистори, MOSFET транзистори итн., но не разбрав ништо од тоа, каде и зошто се употребува ваков транзистор, каде и зошто онаков? Верувате ли дека кога од факултетот ќе излезете со диплома ќе ви бидат тие работи јасни, дека ќе можете да разберете како работи едно електронско коло во кое има најразлични елементи?
 
Не си учел како што треба, си положил електроника а не знаеш што е функцијата на транзистор??? Кога ќе му дознаеш функција ќе сфатиш дека сегде и како се употребува.

Која ти беше поентата, дека си учел на памет а не со разбирање?
 
Имам разговарано со повеќе дипломци на електрофакултет на оваа тема. Нивниот одговор беше далеку од задоволителен. Тоа ми дава за право да мислам дека проблемот веројатно не беше во нас, дека сме учеле на памет, туку веројатно е некаде на друго место.
Баш ме радува доколку не учиш на памет и ги сфаќаш тие работи.
Многу поздрав.
 
Реално, да правиме муабет... ФИНКИ е многу полесен од ФЕИТ, пошто таму нема математика колку на електро.
ТКИИ (телекомуникации) ти е базиран на математика т.е. дисктретни системи, дискретни сигнали.
дигитално процесирање на сигнали , дигитално процесирање на информации се два предмети од ТК кои се задолжителни за сите смерови
јас како математичар од КСИА неможев да ги смислам и да ги положам, а не пак некој што нема слушано математика , а посебно интеграли.
Ако си ептен решена , летово трк на часови да ги совладаш барем интегралите и изводите. Ако не си ептен решена ќе ти речам да не си го губиш времето и сесиите на ФЕИТ.
ФЕИТ=математика + физика + програмирање. ова не ти го велам за да те обезхрабрам, туку добронамерно е пошто знам многу деца што се откажаа од Електро кога им дојде потешко, само си изгубија време од животот.
Ако сакаш програмирање толку (а си слаба математика) оди на ФИНКИ, мислам дека имаше еден смер без математики.

Ќе може да ми кажеш кој е тој смер, да не мислиш на е-технологии или некој друг е? :)
 
Јас на времето студирав електрофакултет и учев за биполарни транзистори, FET транзистори, MOSFET транзистори итн., но не разбрав ништо од тоа, каде и зошто се употребува ваков транзистор, каде и зошто онаков? Верувате ли дека кога од факултетот ќе излезете со диплома ќе ви бидат тие работи јасни, дека ќе можете да разберете како работи едно електронско коло во кое има најразлични елементи?

Дури и да не знаеш, ако доволно те интересира ќе побараш литература и ќе читнеш нешто па ќе научиш. Но муабетот е дека на факултет ако доволно внимателно ги слушаш предавањата ќе ги научиш барем основните работи. Со малку труд и читање литература плус решавање некоја задача секој дел од секое коло ќе ти биде кристално јасен и ќе знаеш секој дел каква функција има и што ќе се случи ако смениш некоја вредност.

Имам разговарано со повеќе дипломци на електрофакултет на оваа тема. Нивниот одговор беше далеку од задоволителен. Тоа ми дава за право да мислам дека проблемот веројатно не беше во нас, дека сме учеле на памет, туку веројатно е некаде на друго место.
Баш ме радува доколку не учиш на памет и ги сфаќаш тие работи.
Многу поздрав.

И јас имам правено муабет со неколку асистенти на факултет баш околу оваа тема. И тие зборат за тоа дека доколку со нешто кое си го учел не си во допир некое време почнува да ти избледува. Пример си положил електроника и те интересирало тогаш за тогаш, но после 4-5 години си се вработил некаде и немаш ама баш никаков допир со електроника и почнува да ти избледува знаењето кое си го имал. Но ако навистина си учел со разбирање и си се потрудил, со мало потсетување ќе можеш повторно да ги решаваш истите проблеми што си ги решавал претходно, но ако си учел на памет или си препишувал или пак си учел онака колку само да положиш секако дека ништо нема да ти остане.
 
Дечки здраво ,би сакала да ве прашам за мислење,,совет добар лош не е битно:) .Матурантка сум но во дилема за мојот избор на факултет всушност се двоумам помеѓу 4 факултета Феит КТИ или КСИАР,Финки ИКИ или професионалните студии по информатика ,Машински производна информатика или ПМФ -Гео-информациски системи ,проблемот што имам волку голем избор е моето средно училиште медицина :tapp: и мојата раскината врска со Математика уште во 2 година (не дека не ја сакам туку бидејки во моето училиште математика се учи само 1 и 2 година).Ги сакам компјутерите, електрониката ,телефоните се што се состои од кабли итн :) ,математиката послабо ми иде но сепак ја разбирам до некаде .Затоа доколку се одлучам за Финки голема е можноста да добијам корпа бидејки голема е конкуренцијата ,доколку пак се одлучам за Феит таму има мн помала конкуренција но математиката е проблемот мн ми кажуваат од искуство дека се откажале на почетокот токму заради математиката ..Лично ја сметам дека Феит е кај кај подобар факултет од Финки,но и реално многу потежок,на ПМФ пак би влегла бидејки има мал број на студенти а и немам ограничување за екстерните и интерните предмети ,Машински ми е последна опција ,во најлош можен случај доколку бидам одбиена ..Сакам совет ,ваше мислење каде се најголемите шанси да бидам примена Феит или Финки во 1 уписен рок со несоодветни екстерни и интерни предмети т.с. по еден несоодветен .И кои смерови на Феит имаат најмалку пријавени кандиидати ? А и ,освен интеграли што се учи од математиката ,за да можам да си се припремам летово ?:vozbud:
 
Нитта еве ти ја математиката на ФЕИТ

Реални броеви, математичка индукција, биномна формула.
Низи од реални броеви, гранична вредност на низи, особини и операции со конвергентни низи, некои специјални низи.
Реални функции од една реална променлива, особини, гранична вредност на функција, некои специјални гранични вредности.
Диференцијално сметање на реални функции од една реална променлива, прв извод и негова геометриска интерпретација, тангента и нормала на крива во рамнина, основни правила на диференцирање, прв диференцијал, изводи и диференцијали од повисок ред, основни теореми на диференцијалното сметање, примена на изводи, Лопиталово правило, Тајлорова теорема, испитување тек и скицирање график на функција.
Интегрално сметање на реална функција од една реална променлива, неопределен интеграл, определен интеграл, теореми за средна вредност, формула на Њутн - Лајбниц, несвојствени интеграли, примена на определениот интеграл во геометрија.
Теорија на матрици, основни поими, операции, видови матрици. Детерминанти, особини и пресметување.
Векторски простори, линеарна независност на вектори, база и димензија. Инверзни матрици, ранг на матрица, сопствени вредности и сопствени вектори на матрица, примена на матриците за решавање системи линеарни равенки. Вектори во простор, скаларен, векторски и мешан производ.
Аналитичка геометрија во простор. Бројни редови, особини и конвергенција. Функционални редови, особини и конвергенција.
Степенски редови, Фуриеови редови. Поим и својства на функција од две променливи.
Диференцијално и интегрално сметање на функција од две променливи. Обични диференцијални равенки. Исказна алгебра. Логички еквиваленции. Комплетност во исказна логика. Предикатно сметање. Теорија на множества. Релации. Теорија на броеви. Алгебарски структури. Комбинаторика
 
откажисе од КСИАР ако не ти оди математика...
смерот е цел математика
 
Нитта еве ти ја математиката на ФЕИТ

Реални броеви, математичка индукција, биномна формула.
Низи од реални броеви, гранична вредност на низи, ..............................

прво може да почне да си ја повтори таблицата множење од втора година може ја заборавила

just kiddin
:pos:
 
занимливо :vozbud: да почнам да си ги вежбам
а за таблицата зарем такво нешто се заборава ? најн најн :pos:
 
Некој да не знае да решава задачи по криптографија и криптозаштита, рабинов криптосистем и RSA.
 
без математика неможиш на прв рок... а за втор рок државната квота че биди исполнета на попопуларните смерови.

а и патем .. ако не те бидува математика шо че се мачиш на електро

Кои спаѓаат под популарни смерови?Зашто ја сакам да се запишам КСИАР или КХИЕ и ете така испаднс да морам да идам втор уписен рок очекувам да имам некаде над 90 бода па ме интересираат шансите за влагање во државна квота...
 
се шпекулира дека ќе ја намалеле квотата КСИАР на 40 државна со 20 приватна , а КХИЕ ќе биди 80 државна а 40 прватна..
така да веројатно Ксиар ќе биди исполнета државната во прв рок, а на КХИЕ не.
Мислам дека и Тк ќе биди исполнето.. другите мислам дека ќе има место.
Сепак не е ништо сигурно, бројот на студенти што се запишуваат варира секоја година...
 
И јас наслушнав нешто слично :).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom