Мурињо го откри својот состав Тренерот на Интер, Жозе Мурињо беше во ’одлична форма’ на денешната пресконференција и откри половина од својот тим кој ќе настапи на утрешниот дуел со Манчестер Јунајтед
Португалскиот стратег е свесен дека и да го освои Скудетото сите ќе му судат според успехот на Нероаѕурите во Лигата на Шампионите.
Шампионот на Италија ќе мора да го елиминира бранителот на титулата токолку сака да премине во следната рунда.
“Мислам дека неможат да се споредат Серија А и Премиер Лигата – тоа се две различни натпреварувања.” – започна Мурињо.
“Продолжувам да кажувам дека играта во Англија е поемоционална, поубава и отворена со неверојатна атмосфера, но тимовите се многу тактички подобри во Италија.”
“Секој тим во Серија А е добро организиран и знаат што треба да прават на тереот. Исто тама има многу погодоци и многу амбициозни екипи – погледнете во Удинезе, Фиорентина и Џенова кои играат на високо нивп.”
Жозе потоа проговори за неговиот дуел со Алекс Фергусон и натпреварот со Манчестер Јунајтед.
“Сер Алекс има повеќе искуство ов мене и Манчестер се во одлична позиција, имаат седум бода предност во првенството.”
“Овој двомеч не е нешто посебен. Целта е само да се помина во следната фаза. Немам некоаја додатна желба да победам некого.”
“Ние сме среќни со исвлекувањето бидејќи за мене е многу полесно да ги подготвам играчите психолошки. Адреналинот е веќе во воздух.”
“Јунајтед се одличен тим кој игра напаѓачки фудбал, но јас го гледам секој нивни натпревар во Лигата на Шампионите од минатата сезона.”
“Тие нема да дојдат овде со напаѓачки пристап. Ние ќе играме на ист начин како и во Серија А.”
“Ќе биде 4-4-2 системот со Адриано и Златан Ибрахимович во нападот. Не се плашам да го кажам тоа.”
“Адриано, Ибрахимович, Хавиер Занети, Естебан Камбиасо, Дејан Станковиќ, Сулеј Мунтари и уште дефанзивната четворка – тоа е мојот тим.”