Барем од тебе не очекував вакво прашање. Одговорот е во постот, некогаш не можеш да спречиш ама можеш да лечиш а методите ако тебе не ти се јасни тогаш состојбата ни е стварно безнадежна.
Многу имале прилика да гледаат како некој мачи животно па биле пасивни, таа пасивност како народ не утепува зашто се рефлектира и човек кога е малтретиран повеќето да гледаат сеир.
Замисли да сме општество (нема никогаш да бидеме) каде ако насилник убие животно (за човек муабет да не праам) на крвнички начин од чист ќеиф да има сериозни последици. Дали од законот или од самите соседи не навлегувам, многу би размислиле дали нешто ќе направат чисто и од страв.
Ама не не бива за дејство, само за зборење не бива, тоа е единствен заклучок.
Прашањето ми беше буквално. Како ќе спречиш фрлање во моментот кога виси детето/кучето низ прозор, како што и всушност е во клипот. Ако стигнала до таму работата, лечењето одамна е аут

А правата на животните се многу различни од правата на луѓето. Во суштина првите ги немаат, а вториве мислат дека ги имаат.
Тоа што се гледа на видеото е грозно. Но грозно е затоа што го гледаш. За се останато сме нормално и природно слепи.