Пет докази на Тома Аквински за постоењето на Бог

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ајде да го видиме и онтолошкиот аргумент. Постојат повеќе варијанти на овој аргумент. Првата официјално ја дава Ансeлмо Кентербериски, иако постои став дека првиот онтолошки аргумент е даден од Исламскиот филозоф Авицена.

Она што е карактеристично за овој вид на аргументи е што за разлика од емпириските докази, како што се оние на Аквински, кој се обидуваат да го докажат постоењето на Бог со помош на емпириската евиденција, онтолошките аргументи се обидуваат да го докажат постоењето на Бог априори, односно пред емпириското искуство. Наједноставно е да се каже дека кај онтолошкиот доказ постоењето на Бог се докажува преку самта дефиниција на Бог. Еве како изгледа овој доказ во својата вообичаена форма, превземено од Вики.

  1. Our understanding of God is a being than which no greater can be conceived.
  2. The idea of God exists in the mind.
  3. A being which exists both in the mind and in reality is greater than a being that exists only in the mind.
  4. If God only exists in the mind, then we can conceive of a greater being—that which exists in reality.
  5. We cannot be imagining something that is greater than God.
  6. Therefore, God exists.
Знам дека на прв поглед доказот делува помалку наивно, но вреди да се размисли за него.
 
D

dystopian

Гостин
Знам дека на прв поглед доказот делува помалку наивно, но вреди да се размисли за него.
Прво што ми текна е контра-аргументот на Гаунило. Зборот Бог може да се замени било што (како на пример островот на Гаунило) со што самиот онтолошки аргумент губи секаква смисла, затоа што може да биде искористен да 'докаже' се, односно ништо. Главната критика за Гауниловите острови е тоа што ОА важи само за најсовршеното нешто што можеме да го замислиме, а неговите острови не се најсовршени. Но, каков е на крај краева тој Бог од аргументот на Анселм? Мене ми изгледа на некој магловит концепт за совршено битие што во суштина не значи ништо. И зарем не би значело, еве да речеме дека аргументот е точен, дека богот од Аврамовите религии не постои затоа што тој како антропоморфен бог полн со контрадикторности е далеку од совршен?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Прво што ми текна е контра-аргументот на Гаунило (или Гаунил?!). Зборот Бог може да се замени било што (како на пример островот на Гаунило) со што самиот онтолошки аргумент губи секаква смисла, затоа што може да биде искористен да 'докаже' се, односно ништо. Главната критика за Гауниловите острови е тоа што ОА важи само за најсовршеното нешто што можеме да го замислиме, а неговите острови не се најсовршени. Но, каков е на крај краева тој Бог од аргументот на Анселм? Мене ми изгледа на некој магловит концепт за совршено битие што во суштина не значи ништо. И зарем не би значело, еве да речеме дека аргументот е точен, дека богот од Аврамовите религии не постои затоа што тој како антропоморфен бог полн со контрадикторности е далеку од совршен?
Да, тоа е првиот контра-аргумент. И контра контра-аргументот е тој кој што го наведе, дека дефиницијата за совршенство важи само за Бог.

Споменав веќе и кај доказите на Аквински, ниту еден од нив не е моделиран да го докаже постоењето на Бог од Библијата. Генерално, сите овие свештени лица кога нуделе разумски докази за постоењето на Бог веднаш се оградувале на тој начин што тврделе дека само верата е патот да се дојде до христијанскиот Бог. За овие разумски докази тврделе дека се само увид кој покажува дека Бог не е во целост анти рационален концепт.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
  1. Our understanding of God is a being than which no greater can be conceived.
Знам дека на прв поглед доказот делува помалку наивно, но вреди да се размисли за него.
Што би рекол Витгенштајн за ова тврдење, под услов да не те замава прво?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Што би рекол Витгенштајн за ова тврдење, под услов да не те замава прво?
Да не се лажеме, би ме замавал прво. :)

Не е воопшто тоа поентата. Мене ми е интересен онтолошкиот аргумент, затоа што неговата форма на заклучување и денес се користи. Заклучување from conceivability.

Зомби аргументот на Чалмерс има слична структура. Аргументот на Декарт за тоа дека умот и телото се две различни супстанции има слична структура. Прво нешто се замислува, и од самата можност ние тоа да го замислиме без да ги повредуваме законите на логиката, се изведува аргумент.

Не сум сигурен дека баш најдобро објаснувам во моментов. :)
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Да не се лажеме, би ме замавал прво. :)

Не е воопшто тоа поентата. Мене ми е интересен онтолошкиот аргумент, затоа што неговата форма на заклучување и денес се користи. Заклучување from conceivability.

Зомби аргументот на Чалмерс има слична структура. Аргументот на Декарт за тоа дека умот и телото се две различни супстанции има слична структура. Прво нешто се замислува, и од самата можност ние тоа да го замислиме без да ги повредуваме законите на логиката, се изведува аргумент.

Не сум сигурен дека баш најдобро објаснувам во моментов. :)
Немам ја ништо против мисловните експерименти. Замисли само (преку мисловен експеримент) енжињер да се стануваше преку мисловни експерименти. Ако на пример ги земеш мисловните експерименти на Ајнштајн (со возот), држат затоа што тоа е само симплифициран начин да се објасни она што е изведено од многубројни експерименти.
А за муабетите на Чалмерс И Декарт, само кутиите на Витгенштајн се доста, по глава да им скокаат.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Мислиш на бубачките во кутиите?

:)

На аргументот за приватните јазици?
Тачно, ако нешто не можеме да го дотераме до "јавен" верификуван термин, ебати аргументот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Тачно, ако нешто не можеме да го дотераме до "јавен" верификуван термин, ебати аргументот.
Ќе се сложиш дека има нешто претерано симлификаторски во тој логички бихејвиоризам на Витгенштајн...
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Ќе се сложиш дека има нешто претерано симлификаторски во тој логички бихејвиоризам на Витгенштајн...
Тоа што е крајно едноставен аргумент не е никаква мана, туку доблест. Затоа е толку ефективен во препознавање на небулозни конструкции.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Тоа што е крајно едноставен аргумент не е никаква мана, туку доблест. Затоа е толку ефективен во препознавање на небулозни конструкции.
Можеби. Но понекогаш ми се чини дека е по онаа старата, дека покрај нечистата вода од коритото го исфрливме и дететето...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Аналогно на тоа, окамов разор е невалиден според тебе...
Нема многу корист од исклучивоста во размислувањето. Некогаш Окамовит брич е добар метод, некогаш не е. То и не е замислен да важи како исклучиво методолошко правило, туку е едноставно алатка за размислување. :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Славниот Тома е врв во схоластиката од доцното средновековие и уште еден од обидите за докажување на Божјото постоење, користејќи го својот ум. Негов посреден наследник е, исто така славниот Лутер.

Имено, релацијата „Творец-творение„ е воспоставена така што Бог-Творецот му се објави „во живо„ на човекот-творението. Значи, имаме објава „од горе (од Небесата) кон долу (кон Земјата). Схоластичкиот обид е само пра-протестантизам и обид од творението да го озознае Бога во спротивната релација: „од долу (од Земјава) кон горе (кон Небесата)„. Така, схоластиката претставува потценување на Божјата објава и нејзино „симнување„ на од Бога објавена вистина, во која се верува, на од човекот изградено учење, во кое некој треба да поверува.

Просто кажано, Божјата вистина е сведена на човеков рационализам и прагматизам, односно егоцентризам, од кој пати целиот денешен протестантизам, како успешен наследник на сите промени кои се случија во Римската Црква, а како неуспешен обид за „корекција„ на грешките од Рим и „враќањето„ кон изворната вистина...

Денес познатите религии или некогашни митологии, се обичен обид од смртниот човек да го достигне заборавениот Бог, така што смртникот го измисли својот бог одново, „од оздола на горе„, во облик од бог-идол, слично на схоластичарите, кои сакаа да Го осознаат Бога само рационално, не и духовно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom