Пластични куфери-искуство

  • Креатор на темата Креатор на темата Urban Female
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 јуни 2009
Мислења
90
Поени од реакции
126
Би сакала да знам какво искуство имате со овие куфери.Ме интересира затоа што би одела со него на неколку аеродроми и дали се доволно издржливи, да не ме ''изневерат'' на сред пат :) во смисла да не пукнат.1276589757749_hz-myalibaba-web9_11045.jpg
 
немам искуство со вакви куфери ама како шо гледав Амстердам како ги фрлаат на лентата која ги носи куферите во авионот...тешко дека ке издржат :)
 
Да, заради тоа и јас се чудам....зошто знам како ги џипаат од еден до друг крај...па коа ке пукне, ке се сликам тогаш....
 
На ова прашање најдобро ќе ти одговори Жаљко Бебек,
човек со големо искуство во носење на туѓи кофери,
кои ги опеа дури и во една негова песма70-и некоја г.
--- надополнето: 15 јуни 2013 во 19:49 ---
Да, заради тоа и јас се чудам....зошто знам како ги џипаат од еден до друг крај...па коа ке пукне, ке се сликам тогаш....
Да може да се деси и тоа,затоа внатре понеси си една-две вреќи од оние за ориз.
 
На некои аеродроми е задолжително истите да бидат затворено со најлон кој се наплаќа пред да се чекираат.
Покрај парите ќе ти одземат време или пак ќе ти биде проблем ако во последен момент треба да извадиш или ставиш нешто во него.
Мој совет е да си одиш со обичен платнен куфер со помошни тркала од пореномирана фирма и нема да имаш никакви проблеми.
 
Би сакала да знам какво искуство имате со овие куфери.Ме интересира затоа што би одела со него на неколку аеродроми и дали се доволно издржливи, да не ме ''изневерат'' на сред пат :) во смисла да не пукнат.Прегледај го приврзокот 66117


Мислам дека ќе пукне уште на прва лента :)
 
Би сакала да знам какво искуство имате со овие куфери.Ме интересира затоа што би одела со него на неколку аеродроми и дали се доволно издржливи, да не ме ''изневерат'' на сред пат :) во смисла да не пукнат.Прегледај го приврзокот 66117

Јас би ти препорачал нешто вакво:

fc492e9c0c98fddb64f99e531180f897.jpg


На тие куферите што ги стави, сметај дека после првиот аеродром едното тркало ќе го нема, па ако ти е „гејтот“подалеку, ќе треба в раце да го носиш. Ова што го постирав, гледај тркалата да не се издадени нанадвор (како на куферите горе), туку да бидат внатре во торбата, и ќе немаш мака, башка собираат многу повеќе од тие горе.
 
За разлика од повеќето членови што одговориле во темава, јас имам мошне позитивно искуство со пластичниве куфери. Ако инвестираш во добар модел, мала е веројатноста дека ќе имаш проблеми. Кога велам на инвестирање, мислам на ~80 евра. Толку ме чинеше еден голем пластичен куфер од Caprisa, а откако ги преживеа аеродромите во Виена и во Лисабон, сигурна сум дека нема да ме изневери.

Од друга страна, платнениве куфери се многу несигурни во поглед на тоа што е спакувано во нив. Откако пред неколку години ми се скрши шишенцето со ацетон и сите бели работи станаа жолти, а црните преминаа во сиво-бели, немам голема доверба во платнениве варијанти. На крајот на краиштата, како што никој не ти гарантира дека пластичниот нема да ти пукне, така не ти гарантира дека платнениот нема да се скине (да, и ова го имам преживеано).

Значи, ако ме прашуваш мене, јас би инвестирала во квалитетен модел, независно од тоа за кој материјал ќе се одлучиш. Не само што ќе се чувствуваш посигурно додека патуваш, туку и ќе знаеш дека нема да треба за следното патување да купуваш нов.
 
Пластичните скоро секогаш треба да ги виткаш у целофан за ако пукнат шарките да не си ги бараш стварите по аеродром.

Јас имам Самсонајт пластичен од 150 евра и стално го виткам.

Мој совет ти е да купиш иста форма ама со текстил - поубаво издржува фрлање.
 
Би сакала да знам какво искуство имате со овие куфери.Ме интересира затоа што би одела со него на неколку аеродроми и дали се доволно издржливи, да не ме ''изневерат'' на сред пат :) во смисла да не пукнат.Прегледај го приврзокот 66117
Да пукнат нема сигурно, ама:
- и празни девојките ги сметаат овие кофери за прилично тешки (нормално, под претпоставка дека си навистина female, a не по „убеѓење„:D),
- гребнатините се неизбежни уште на првиот транзит. Ништо битно за функционалноста, ама тебе како female веројатно малку ќе ти смета (пак претпоставка:)),
- на тој што ќе те чека со кола по аеродроми обавезно ќе му го изгребеш гепекот,
- и не знам дали им е ова слабост или само моја лоша среќа, ама еднаш успеале некако да ми избијат штраф (кај механизмите за затварање, од внатрешна страна).Решлива работа, ама знае да изнервира во моментот.

Со оглед на тоа што ништо од горенаведеното не ми смета претерано, и јас сум горд сопственик на вакво парче :D.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom