Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Аииии демек ако власта гради споменици со личности од македонската историја.....автоматски тоа значи дека во тој период не треба да си патриот,бидејќи си пиун на власта.:pos:

Како прво патриотизмот не е да ја сакаш владата,народна банка или некоја административна установа.....патриотизмот е да ја сакаш и да знаеш да си ја цениш културата,минатото на твоите предци!

Знаеш шо.. Интересна работа тоа патриотизмот...

Он, со се национализмот топтан, ти се како религијата. Веруваш и се молиш пред измишљотини произлезени од вештачки создаден ентитет кој има имагинарно-субјективна волја, а поради кој би го положил својот живот залудно и би убил во „негово“ име (нешо као Тотем), за од друга страна, истовремено - амбивалентно, се поклонуваш на таа волја да ти ги реши сите проблеми, односно да ја ругаш истата, кога нема да ти ги реши, и покрај очигледниот факт дека се во животот (ама баш се) зависи лично од тебе самиот..

Со други зборови, све то е - a big bucket of bullshit...

Никој тебе не те спречува да го одбраниш она што е твое при евентуален напад.. Рецимо утре као татко можда некој арамија ќе ти влезе дома со пиштол и ќе посегне по твоето семејство, и шо ќе правиш? Ќе го одбраниш, ќе убиеш за да заштитиш,така? Тоа не те прави патриот по дифолт.. со оглед да Патриотизам потекнува од латинскиот збор pater, patria = татко, сопственост (имот) на таткото (глава на семејството)..

Така и со индијанциве.. штителе она што во моментот им било под напад.. нивниот дом, семејство, храна и живеачка... Од кај тоа дека индијанците биле патриоти? Тоа ти само можеш да го кажеш и тоа денес во ова време, со оглед да тој збор „патриотизам“ е веќе збор во секојдневниот речник...вршиш идентификација на тој збор со земјата во која што живееш - таткоина, дедоина и сл исл.. и даваш идеолошко имагинарно значење со некаков физички субјективен (хомоцентричен) премис...
као у религијата.... Зашо Дедо боже е стар чичко со бела брада? Шо не е Wookie или Rodhian од Star Wars?

Индијанците ти се еклатантен пример....тие биле најголеми хипици во тогашниот свет,само они и природата ништо друго....но некој дошол да им чепка во нивниот простор,култура,начин на живот....е тогаш индијанците земале се што имаат при рака за да се борат.... и станале најголеми патриоти,со тоа што гинеле за своето парче земја!!!
Само шо коа гинеле, појма немале шо е тоа патриотизам, и ниту имале некој таков однос и претстава каква што сеа ти и јас (и било кој друг) имаме за тоа што „би претставувал патриотизмот“...
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
286
Поени од реакции
332
Мајката Македонија била побитна и од родената мајка.
Ако не размислувам така,значи ли дека не сум патриот?:unsure:
 
Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Ко читаф како го споредувате патриотизмо со индијанците , добиф чуство како да гледам некој вестерн филм и се потсетиф на похахонтас....
Најубо било пред да се појави Хомо еректус , пред да се појави сопственоста , пред да се појави чуството да се грабаат се повеке нештата за себе.
И птиците преселници шо се села на југ му е вроден патриотизмот секош да се врајча ваму.:unsure:
Само че ви кажам едно , колку и да е преубо и појче да иам финансиски услови некаде , секош че ми биди најубо дома кај мајка ми и татко ми ко че ми го бера гајлето , оти така сме навикнати овде , иако ни е мизерија живото.
 
Член од
18 март 2009
Мислења
1.120
Поени од реакции
343
Мајката Македонија била побитна и од родената мајка.
Ако не размислувам така,значи ли дека не сум патриот?:unsure:

Тоа значи дека добро те служи разумот :icon_lol:
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Во опкружуванјево шо го имаме едноставно мора да бидиме патриоти ,иначе ќе не снема.И Холанѓаните, Германците , Норвежаните ,Албанците се патриоти па никој не ги смета за немодерни и заостанати.Ама шом Македонец е патриот одма се гледа како тоа да е нешто негативно.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Знаеш шо.. Интересна работа тоа патриотизмот...

Он, со се национализмот топтан, ти се како религијата. Веруваш и се молиш пред измишљотини произлезени од вештачки создаден ентитет кој има имагинарно-субјективна волја, а поради кој би го положил својот живот залудно и би убил во „негово“ име (нешо као Тотем), за од друга страна, истовремено - амбивалентно, се поклонуваш на таа волја да ти ги реши сите проблеми, односно да ја ругаш истата, кога нема да ти ги реши, и покрај очигледниот факт дека се во животот (ама баш се) зависи лично од тебе самиот..

Со други зборови, све то е - a big bucket of bullshit...

Никој тебе не те спречува да го одбраниш она што е твое при евентуален напад.. Рецимо утре као татко можда некој арамија ќе ти влезе дома со пиштол и ќе посегне по твоето семејство, и шо ќе правиш? Ќе го одбраниш, ќе убиеш за да заштитиш,така? Тоа не те прави патриот по дифолт.. со оглед да Патриотизам потекнува од латинскиот збор pater, patria = татко, сопственост (имот) на таткото (глава на семејството)..

Така и со индијанциве.. штителе она што во моментот им било под напад.. нивниот дом, семејство, храна и живеачка... Од кај тоа дека индијанците биле патриоти? Тоа ти само можеш да го кажеш и тоа денес во ова време, со оглед да тој збор „патриотизам“ е веќе збор во секојдневниот речник...вршиш идентификација на тој збор со земјата во која што живееш - таткоина, дедоина и сл исл.. и даваш идеолошко имагинарно значење со некаков физички субјективен (хомоцентричен) премис...
као у религијата.... Зашо Дедо боже е стар чичко со бела брада? Шо не е Wookie или Rodhian од Star Wars?

Само шо коа гинеле, појма немале шо е тоа патриотизам, и ниту имале некој таков однос и претстава каква што сеа ти и јас (и било кој друг) имаме за тоа што „би претставувал патриотизмот“...
Патриотизмот и национализмот не секогаш се поврзани со одредена територија.Ако го гледаш примерот на Евреите кои немале татковина 2000 години,и биле расеани низ целиот свет,благодарение на тој национализам,долго време се зачувале како посебен ентитет,и никој не успеал да ги претопи и асимилира во друга нација,религија.Тоа е тоа чуство на припадност и поистоветување кон одредена група,кое влече корени уште од најмалата единица- семејството.Секој си го знае своето семејство,кон кое е наклонет,а збирот од тие семејства,кои делат еден ист јазик,вера.Патриотизмот кај секој човек постои,ама кај некого е повеќе до израз.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Мене како мал ми нашле сериозен недостиг на патриотизам во крвта. Било мошне критично. Едвај некако ме оправиле со транфузија со крв на познати патриоти и револуционери и со раскажување на приказни за Гоце, Даме и за Александар Македонски и неговото верно куче Букефал.

Патриотизмот е нешто што се добива, или не се добива во воспитниот и образовниот процес (дома, на училиште, на улица). Не е вроден, не може да биде.
Евреите се посебна, уникатна приказна: кај нив религијата е главниот елемент во патриотизмот, а не јазикот или земјите кои ги населувале низ историјата. Да се биде Евреин значи, според нив, да се биде избран од Бога, да се биде над другите, кои не се избрани, па оттаму сигурно не се толку вредни како Евреите. Зачетоците на нацизмот, парадоксално, треба да се бараат во јудејскиот верски нацизам.
Всушност, од Бабилонското ропство Евреите се обележани со својата вера, пред тоа биле повеќе или помалку слични со останатите народи (не биле сите Евреи монотеисти, односно постоеле и Евреи кои си имале други верски убедувања). Во текот на Бабилонското ропство, асимилацијата на Евреите не-монотеисти се одвивала многу побрзо отколку кај монотеистите, кои признавале само еден бог, односно не признавале други богови, што било многу непопуларно во тие времиња. Кога се враќаат од Бабилон тие се повеќе верска група, отколку народ. И денес јудаизмот е главна одлика во определувањето на националноста, независно од постојаниот раст на атеизмот. Човек може да биде прифатен во еврејската заедница, ако на заедницата тоа и одговара, со тоа што ќе го прими јудаизмот, ќе се обрежи, ќе стапи во брак со Еврејка. При одредувањето на тоа кој е Евреин, поважна е женската линија.
 
Темава не е за Евреите,нив ги земав само за пример дека патриотизмот не е секогаш условен од територијата.Со помош на образованието ние само го надоградуваме тоа што ни го дала природата.Тоа е да се сакаш и да се штитиш самиот,исто така да го заштитуваш своето семејство.Тоа го знаеле и ниско цивилизираните племиња во Африка,и Индијанците.Исто така инстинктивно се раководени и животните.Кој ги научил нив?Ти ако се одредуваш како Македонец,тогаш не верувам дека би останал рамнодушен ако некој ги исмева Македонците и Македонија,ако застанеш во одбрана тогаш тоа е патриотизам.
 
Темата не е за Евреите, нив ги земав за пример дека патриотизмот не е вроден - иако не си роден како Евреин, во одредени околности, ако сакаш можеш да станеш Евреин, или пак, можеш да престане да бидеш Евреин.
Ако оставиш мали деца на пуст остров, и ако тие по некоја случајност преживеат, вродените нагони ќе им проработат - ќе се хранат, ќе пијат, ќе се бранат, ќе се размножуваат и ќе си ја штитат заедницата од другите предатори. Нема да им биде гајле (абер ќе немаат) дека, на пример, по потекло се чистокрвни православни Македонци.
Секако дека постојат низа обележја што не прават различни од другите народи, јазикот, обичаите, верата. Но, сепак, чувството за национална припадност е емоционална категорија. Јас пред се` се чувствувам како Македонец. Ако застанам во одбрана на македонштината, тоа ќе биде бидејќи ќе чувствувам дека треба да го правам тоа. Тоа не е вродена работа, да не го мешаме со нагоните за преживување и одржување.
Постојат луѓе, насекаде низ светов, кои на нациоаналноста не и придаваат голема важност. Постојат луѓе кои поради низа околности, иако се припадници на други народи и држави, се идентификуваат со сосема други нации (иселеници, разни - фили и -мани и сл.) или пак не се идентификуваат со ниедна (а сепак и тие би си ги бранеле семејствата). Тоа е право на избор. Јазикот го учиме од најблиските. Тие не воведуваат во општеството, ако се верници не носат по цркви и џамии, учиме историја и така со години градиме некаква свест за она што не опкружува. Ако имаме среќа и разум донесуваме сопствени заклучоци.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Патриотизмот и национализмот не секогаш се поврзани со одредена територија.Ако го гледаш примерот на Евреите кои немале татковина 2000 години,и биле расеани низ целиот свет,благодарение на тој национализам,долго време се зачувале како посебен ентитет,и никој не успеал да ги претопи и асимилира во друга нација,религија.
Тоа е тоа чуство на припадност и поистоветување кон одредена група,кое влече корени уште од најмалата единица- семејството.
Секој си го знае своето семејство,кон кое е наклонет,а збирот од тие семејства,кои делат еден ист јазик,вера.Патриотизмот кај секој човек постои,ама кај некого е повеќе до израз.

мешаш баби и жаби ама ај.....
И јас можам да зеам да исфилософирам за, да речеме, генсот, пуналуата, матријархатот и сл исл.. па од тоа да кажам дека „комунизмот постоел од секад и не мора секогаш да е поврзан со класа - т.е. дека постои кај секој човек тоа чувство, ама кај некого е повеќе до израз дојден (како го измери бре тоа!?)“, али во суштина да испадне дека само матам празна слама на философски начин асмо за да поддржам нешо шо воопшто не е така, него ете .. чисто колку да кажам..

Наравоучение: секој е философ за она што не го познава, а мисли дека го знае само затоа што има одреден несуштински дел од сегашноста на која и припаѓа....
--- надополнето: 14 јуни 2013 во 19:32 ---
Ти ако се одредуваш како Македонец,тогаш не верувам дека би останал рамнодушен ако некој ги исмева Македонците и Македонија,ако застанеш во одбрана тогаш тоа е патриотизам.

И извини што ќе се вмешам во дијалогот меѓу тебе и Сабазиј, но не значи „да си патриот“ ако застанеш кога некој „ти ги исмева Македонците и Македонија“, туку напротив треба и да им се придружиш на таквите ако тоа е неопходно, издржано и реално, макар и тие да биле од надвор, или од внатре (македонци).

Еве јас сум македонец и уживам да се исмевам со типичниот карактер на македонецот денес (колку е реално глуп, необразован и провинцијалски прост) и на Македонија, онаква каква што е денес.
Така да, не е доволно само да го браниш „идолот“ да гледаш кон него заштитнички, да даваш од себе и слепо да веруваш во неговата магична и митска моќ.. Не бачко, некогаш и најтврдата критика и најголемото исмевање се најголема лекција за некого да постане подобар т.е. да се абра да биде подобар од тоа што е....

Тоа мене ме прави предавник ли?
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
мешаш баби и жаби ама ај.....
И јас можам да зеам да исфилософирам за, да речеме, генсот, пуналуата, матријархатот и сл исл.. па од тоа да кажам дека „комунизмот постоел од секад и не мора секогаш да е поврзан со класа - т.е. дека постои кај секој човек тоа чувство, ама кај некого е повеќе до израз дојден (како го измери бре тоа!?)“, али во суштина да испадне дека само матам празна слама на философски начин асмо за да поддржам нешо шо воопшто не е така, него ете .. чисто колку да кажам..

Наравоучение: секој е философ за она што не го познава, а мисли дека го знае само затоа што има одреден несуштински дел од сегашноста на која и припаѓа....
--- надополнето: 14 јуни 2013 во 19:32 ---

И извини што ќе се вмешам во дијалогот меѓу тебе и Сабазиј, но не значи „да си патриот“ ако застанеш кога некој „ти ги исмева Македонците и Македонија“, туку напротив треба и да им се придружиш на таквите ако тоа е неопходно, издржано и реално, макар и тие да биле од надвор, или од внатре (македонци).

Еве јас сум македонец и уживам да се исмевам со типичниот карактер на македонецот денес (колку е реално глуп, необразован и провинцијалски прост) и на Македонија, онаква каква што е денес.
Така да, не е доволно само да го браниш „идолот“ да гледаш кон него заштитнички, да даваш од себе и слепо да веруваш во неговата магична и митска моќ.. Не бачко, некогаш и најтврдата критика и најголемото исмевање се најголема лекција за некого да постане подобар т.е. да се абра да биде подобар од тоа што е....

Тоа мене ме прави предавник ли?
Мешаш две работи кои во коренот се исти,а во насоката се различни.Ние меѓу себе може колку сакаме да се критикуваме и исмеваме за македонштината,ама не би чуствувале навреда.Но доколку ја навреди македонштината некој припадник на друг етнос,тогаш баш ке не заболе.Еве последните примери од паролите и палењето на знамето на фудбалските натпревари,сигурно сваќаш на што мислам.На такви работи верувам дека никој од Македонците кои реално се чуствуваат така не би останале рамнодушни.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Мислам дека е вродено. Кога се кине папочната врвка, бебето знае од каде потекнува, кои му се претците и за што кауза се бореле. После на школо само го обновува она што го спознал во матката.

S

Stef Bachatero

Гостин
Џабе патриотизам кога џебот е празен.
Што е поважно да имаш храна дома или да си патриот гладен...
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Џабе патриотизам кога џебот е празен.
Што е поважно да имаш храна дома или да си патриот гладен...
Поточно кажано од генерација во генерација сме се повеќе разгалени.Па кој имал повеќе ние или комитите,ние или партизаните.Гладни,жедни се бореле за да створат пристојно место под сонцето за мене и тебе.Трпеле се,дури и животите ги дале,а ние со што им се оддолжуваме.А како би стекнал повеќе,ако се пишеш друга националност,од тоа што си.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom