Писател на тапет - Милан Кундера

  • Креатор на темата Креатор на темата Mnemozina
  • Време на започнување Време на започнување
Јас го мислам токму спротивното.

Ликовите на Достоевски се толку апсолутни, што се нечовечки. Кнезот Мишкин на пример, со својата добрина која се граничи со идиотизам, си сретнал некаде некогаш таков лик во реалниот живот?

Јунаците на Достоевскки ги разјадува една идеја, една мисла. Животот поминува покрај нив, нив не ги интересираат ритуалите, календарот, брачниот живот, децата, се она што го прави животот нормален или обичен. Парите се добиваат како наследство, или на коцка и не им е никаков проблем да ги фрлат истите во оган.

Најголемиот метафизички бунтовник во историјата Иван Карамазов, Аљоша, мојот омилен лик Кирилов, Шатов, Свидригајлов, Ставрогин, се толку апсолутни, што се поинтензивни од било чиј живот кој јас сум го сретнал во реалноста.

Разгледај ги луѓето околу тебе. Познаваш некој кој би умрел за идеја? Познаваш некој кого постоењето или непостоењето на Бог го разјадува до тој степен што халуцинира? Познаваш некого кој се оптеретува со постоењето на злото?

Ликовите на Толстој на пример, не се такви. Сите тие се многу понормални, многу пореални.

Далеку од тоа дека главните ликови не се своевидни архетипови, но не можеш... што знам, јас не можам да речам дека се апсолутни.
Сега ми доаѓа на памет приказната која стрецот Зосима ја раскажува за своите офицерски денови и човекот кој му раскажува за својата животна приказна - дека е убиец и дека цел живот живеел со сознанието за тоа, па и кога го признал го исмеале.
Или Големиот Инквизитор и ненаметливата сатира на сите наши верувања.
Или ревносната исповед на Дмитриј, или пак сите браќа Карамазови како нијанси на единствен (претпоставен) лик, потоа, Расколников и неговата трансформација, затворениците во „Записи од мртвиот дом“.....

Што знам , одамна сум го читал, а она што го напишав претходно, ми останало како сеќавање.
Чудно, со ретки исклучоци, освен моите лични впечатоци после читањето, речиси и да не паметам конкретни настани или дејства, или ликови од книгите. Можеби се погрешни, ама мои се :)
 
Јас го мислам токму спротивното.

Ликовите на Достоевски се толку апсолутни, што се нечовечки. Кнезот Мишкин на пример, со својата добрина која се граничи со идиотизам, си сретнал некаде некогаш таков лик во реалниот живот?

Јунаците на Достоевскки ги разјадува една идеја, една мисла. Животот поминува покрај нив, нив не ги интересираат ритуалите, календарот, брачниот живот, децата, се она што го прави животот нормален или обичен. Парите се добиваат како наследство, или на коцка и не им е никаков проблем да ги фрлат истите во оган.

Најголемиот метафизички бунтовник во историјата Иван Карамазов, Аљоша, мојот омилен лик Кирилов, Шатов, Свидригајлов, Ставрогин, се толку апсолутни, што се поинтензивни од било чиј живот кој јас сум го сретнал во реалноста.

Разгледај ги луѓето околу тебе. Познаваш некој кој би умрел за идеја? Познаваш некој кого постоењето или непостоењето на Бог го разјадува до тој степен што халуцинира? Познаваш некого кој се оптеретува со постоењето на злото?

Ликовите на Толстој на пример, не се такви. Сите тие се многу понормални, многу пореални.

Се согласувам дека ликовите не се „реалистични“ (може и без наводници), но не би рекол дека се апсолутни. Би рекол дека главните ликови се екстремни во своето незадоволство со status quo. Големите ликови на Достоевски се трагачи, бунтовници, испосници, измамници, сплеткари -- сè освен здодевни медиокритети. Екстремноста е одлика на секој битен лик кај Достоевски и е одраз на некоја пасија, порив, амбиција која го помрачува рационалното однесување и го прави ликот жртва на сопствените страсти. Шекспир ја имплицира истата „теза“ кај своите главни ликови: сите имаат некаков трагична особина (tragic trait). Хамлет е опседнат со одмазда, Макбет е макијавелистички амбициозен, Лир е опседнат со својата моќ и позиција.

Достоевски ги сака ваквите занесувачи, екстремни типчиња. Ги сака и како човек, и како творец на измислени ликови. Затоа кога ги читаме Лев Мишкин, Николај Всеволодович, или Аљоша Карамазов, тие изгледаат можни -- ги препознаваме тие екстремни амбиции и незадоволства.
 
Овој текст на Ерофеев понира длабоко во суштината на творештвото на Достоевски.
http://preminportal.com.mk/content/view/55/75/

Вакви квази апологети на рисјанството има со лопата да црпиш.

Постојат сведоштва кои велат дека Достоевски многу се мачел да ги обликува ликовите на Аљоша и на Зосима, додека ликовите на неговите анти херои и богохулието на Иван го напишал во еден здив, како во бунило.

Баш имаше една анализа од Чеслав Милош кој зборуваше дека Зосима е најнеуверливиот и највештачкиот лик во книгата, и дека потсеќа на лубок (ако точно се сеќавам на зборот), што означувало некои дрвени кукли кои се продавале по панаѓурите.

Патетичен е обидот на Достоевски да се гледа како на апологет на христијанството. Напротив, радикалниот напад кој го изведува врз христијанството, преку зборовите на Иван, е без преседан во историјата, и е поинтинзивен и позначаен дури и од Антихристот на Ниче.
 
Сосема се согласувам со Милош дека старецот Зосима е најнеуверливиот лик затоа што е плод на теоретизирање. Достоевски немал никаков личен опит, освен некоја емпатија. А таа во овој случај не е доволна Зосима да биде уверлив и изнијансиран како неговите други ликови.

Достоевски никаде не истапува со експлицитна апологија на христијанството. Но, исто така никаде не вели дека зборовите на Иван Карамазов се неговото кредо. Како и сите големи писатели, Достоевски не истапува со теза „овие дечки се добри а овие се лоши“. Бил далеку поумен и подлабок во своите анализи и креација.

Од неговите писма до Ана Григорјевна, неговата сопруга, следува дека верувал дека добрината е основа на човечката природа. Тоа е убавината за која тој вели дека ќе го спаси светот. Веројатно оттаму доаѓаат и заклучоците за некаква апологија на христијанството.
 
Не гледам обид Достоевски да се претстави како апологет на христијанството, туку да се фрли вистинско светло врз тематиката на неговото творештво како „реалист во повисока смисла“, кога се во прашање темите каде се разрешуваат социјални прашања(што според мене е плитка интерпретација) и особено прашањето за конечната судбина на човекот. Достоевски го исликува човекот во јарост и немир, во огнен виор на страсти и искушенија – најстрашно од сѐ во неговите писанија е кога со неспоредлива будност ја претставува мртвата колебливост на распаднатиот дух, опустошувањето на паднатите луѓе, тогаш кога го покажува страшниот лик на небитието. Таков е Ставрогин :)
Најмногу што можам да прифатам е дека спаѓа во редот на оние кои не можеле да веруваат, имајќи ги аргументите против. Тоа е суштината и на радикалниот напад на Иван Карамазов на христијанството( меѓу другото и со картата што сакал да му ја врати на Господ).
 
Сосема се согласувам со Милош дека старецот Зосима е најнеуверливиот лик затоа што е плод на теоретизирање. Достоевски немал никаков личен опит, освен некоја емпатија. А таа во овој случај не е доволна Зосима да биде уверлив и изнијансиран како неговите други ликови.

Достоевски никаде не истапува со експлицитна апологија на христијанството. Но, исто така никаде не вели дека зборовите на Иван Карамазов се неговото кредо. Како и сите големи писатели, Достоевски не истапува со теза „овие дечки се добри а овие се лоши“. Бил далеку поумен и подлабок во своите анализи и креација.

Од неговите писма до Ана Григорјевна, неговата сопруга, следува дека верувал дека добрината е основа на човечката природа. Тоа е убавината за која тој вели дека ќе го спаси светот. Веројатно оттаму доаѓаат и заклучоците за некаква апологија на христијанството.

Јас не велам дека Иван ги искажува неговите најдлабоки уверувања. Затоа се и неговите романи полифони, јунаците излегуваат на сцена, го кажуваат своето, и на читателот му останува да пресуди кој е во право. Меѓутоа ми смета кога некои самоповикани експерти како тој Ерофеев го тргаат јорганот на нивна страна.

Да не ја напишеше Достоевски Браќа Карамазови, туку само да ја опишеше средбата на Иван и Аљоша во кафаната, (што е заедно со смрта на Сократ веројатно најзначајното место во светската книжевност) и таа средба да излезеше испечатена под псевдоним, ликови како овој дотичниот ќе го осудеа авторот како богохилник. Лицемерие на квадрат.

Инаку, верувам дека аргументите на Иван натежнуваат. Огромната визија која се јавува во Легендата, изгледа застрашувачки помоќна од групата на деца која ја организира Аљоша на крајот од книгата. :) Иван полудува, Ставрогин се самоубива, но нивните зборови сеуште тежат.
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 21:06 ---
НДостоевски го исликува човекот во јарост и немир, во огнен виор на страсти и искушенија – најстрашно од сѐ во неговите писанија е кога со неспоредлива будност ја претставува мртвата колебливост на распаднатиот дух, опустошувањето на паднатите луѓе, тогаш кога го покажува страшниот лик на небитието. Таков е Ставрогин :)

Ставрогин не е ниту паднат, ниту опустошен дух, а уште помалку колеблив. Ставрогин е човек со огромна сила, само тој не најде каде таа сила да ја употреби. Од тоа никако не следува дека треба да бидете рисјани, за да не бидете како Ставрогин. :)

Небитие, битие, ветар на магла. Празни збориви кои религијата ги позајмила од филозофијата, и кои истргнати од концептите на Платон, Аристотел или Хајдегер, ништо не значат.
 
Тоа е суштината и на радикалниот напад на Иван Карамазов на христијанството( меѓу другото и со картата што сакал да му ја врати на Господ).

Всушност, најизразениот напад на христијанството е во тоа што и децата учествуваат во колективниот грев, подеднакво со возрасните.

Јас и на почетокот напоменав дека Достоевски успеал и успева сеуште да допре и до верниците и до атеистите и факт е дека сите по своето убедување сакаме да натежне сопственото (не)верување :).
 
Ставрогин не е ниту паднат, ниту опустошен дух, а уште помалку колеблив. Ставрогин е човек со огромна сила, само тој не најде каде таа сила да ја употреби. Од тоа никако не следува дека треба да бидете рисјани, за да не бидете како Ставрогин. :)

Небитие, битие, ветар на магла. Празни збориви кои религијата ги позајмила од филозофијата, и кои истргнати од концептите на Платон, Аристотел или Хајдегер, ништо не значат.
Колебливост во морална смисла, не во решителност при носење одлуки :). За Достоевски зборуваме, па смешно е да се коментира за влечење поуки.
Кај Ставрогин,инаку, е извршена една од најдобрите вивисекции на човечката психа.
 
Ставрогин не е колеблив ниту во морална смисла. Него му е едноставно сеедно. Постои голема разлика. Тој не наоѓа разлика помеѓу доброто и злото, едноставно му е сеедно. Тој е единствениот кој живее по максимата дека се е дозволено.
 
Всушност, најизразениот напад на христијанството е во тоа што и децата учествуваат во колективниот грев, подеднакво со возрасните.

Јас и на почетокот напоменав дека Достоевски успеал и успева сеуште да допре и до верниците и до атеистите и факт е дека сите по своето убедување сакаме да натежне сопственото (не)верување :).
Не да натежне, тоа се двете страни на медалот.
Јас не го игнорирам религиозниот аспект, а особено неприфатливо е согледувањето на Ставрогин (членот:) ) со давање примат на наводни атеистички убедувања кај Достоевски, пренесени преку ликовите.
 
На крајот доколку секој читач би морал да бира со кого се поистоветува, ако е атеист ќе го одбере Иван, а ако е верник Аљоша. Тоа не значи дека не може објективно да ги согледа убедувањата на другиот, туку дека субјективната матрица на нашиот идентитет го врши изборот.
 
Ставрогин (членот:)) смета дека Иван маме му плака на рисјанството. Никогаш повеќе не се опорави од неговиот дијалог со Аљоша и од Легендата. Неговото отфрлање да му суди на рисјанството од аспект на неговата вистинитост заради немоќта на сопствениот евклидски ум, и осудата која ја превзема од страна на етиката е вистинска драгоценост. Иван едноставно вели, овој свет не е дело на добар Бог, јас тоа подобро би го направил, јас, во етичка смисла, сум подобар од Бог. Повелете, ви ја враќам картата назад, небитието е подобро од ова срање. ;)

Многумина се обидуваа да ги оповргнат аргументите на Иван, на пример Розанов во книгата која се вика како и Легендата, но сите до еден потфрлија. :)
 
На крајот доколку секој читач би морал да бира со кого се поистоветува, ако е атеист ќе го одбере Иван, а ако е верник Аљоша. Тоа не значи дека не може објективно да ги согледа убедувањата на другиот, туку дека субјективната матрица на нашиот идентитет го врши изборот.
Тука се сложувам, иако верувам во апстрахирање од субјективитет, што подразбира објективна согледба, нели.
Ако е дозволено да прашам, бидејќи твоја е темата. Кога ќе биде на тапет Франц Кафка? За него имам повеќе да кажам :)
 
Понекогаш човек не ни сака да се поистоветува со некого.
Многу силни пораки понекогаш доаѓаат од устата на ликови кои воопшто не ми биле „симпатични“, и обратно.
Тоа сакав да го кажам, дека никој лик не е апсолутно лош, како што вели Тапетарот, Достоевски верувал во добрината кај човекот, па и кај, навидум, нај„лошите“ ликови ќе најдеш чиста човечка особина, и тоа понекогаш само во кратка пројава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom