Јас го мислам токму спротивното.
Ликовите на Достоевски се толку апсолутни, што се нечовечки. Кнезот Мишкин на пример, со својата добрина која се граничи со идиотизам, си сретнал некаде некогаш таков лик во реалниот живот?
Јунаците на Достоевскки ги разјадува една идеја, една мисла. Животот поминува покрај нив, нив не ги интересираат ритуалите, календарот, брачниот живот, децата, се она што го прави животот нормален или обичен. Парите се добиваат како наследство, или на коцка и не им е никаков проблем да ги фрлат истите во оган.
Најголемиот метафизички бунтовник во историјата Иван Карамазов, Аљоша, мојот омилен лик Кирилов, Шатов, Свидригајлов, Ставрогин, се толку апсолутни, што се поинтензивни од било чиј живот кој јас сум го сретнал во реалноста.
Разгледај ги луѓето околу тебе. Познаваш некој кој би умрел за идеја? Познаваш некој кого постоењето или непостоењето на Бог го разјадува до тој степен што халуцинира? Познаваш некого кој се оптеретува со постоењето на злото?
Ликовите на Толстој на пример, не се такви. Сите тие се многу понормални, многу пореални.
Далеку од тоа дека главните ликови не се своевидни архетипови, но не можеш... што знам, јас не можам да речам дека се апсолутни.
Сега ми доаѓа на памет приказната која стрецот Зосима ја раскажува за своите офицерски денови и човекот кој му раскажува за својата животна приказна - дека е убиец и дека цел живот живеел со сознанието за тоа, па и кога го признал го исмеале.
Или Големиот Инквизитор и ненаметливата сатира на сите наши верувања.
Или ревносната исповед на Дмитриј, или пак сите браќа Карамазови како нијанси на единствен (претпоставен) лик, потоа, Расколников и неговата трансформација, затворениците во „Записи од мртвиот дом“.....
Што знам , одамна сум го читал, а она што го напишав претходно, ми останало како сеќавање.
Чудно, со ретки исклучоци, освен моите лични впечатоци после читањето, речиси и да не паметам конкретни настани или дејства, или ликови од книгите. Можеби се погрешни, ама мои се
