Не, не Ти ги извртувам зборовите: за мене е сосема доволна атеистичката предрасуда за „самогенезата„ на медицината, која ја бранат сите атеисти на форумов (а и шире...) а кои (атеисти) не им допуштаат на верните обраќање на лекар, во стилот: “„...ако сте болни, молете се за да оздравите, што барате на лекар?...„:
Према томе, не мораш да го напишеш она кое го мислиш, а кое на зборови го негираш...
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 11:39 ---
Мојата констатација е јасна: одредувам што зависи од лекарот и до каде може да помогне лекарот, а што зависи од волјата Божја и на памет не ми паѓа од лекарот/докторот на направам се‘моќен бог.
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 11:42 ---
Да, Бог, по својата долготрпеливост и многумилостивост (кон човекот), одлучува дали некој пациент ќе „отиде„ или ќе преживее, а не лекарот. Лекарот може само да се обиде да му помогне на пациентот, согласно неговата должност и етика, но и неговата најдобра намера не завршува секогаш оптимистички, како што тоа сакаат да го преувеличаат поклониците на медицината.
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 11:45 ---
Нема „вакви„ или „такви„ ситуации во медицината: исходот од некоја болест и медицинската помош кон таа болест е редовно неизвесен! Не претеруј со оптимизмот, во корист на медицината! Лично знам случаи, каде луѓето од сосема банална повреда, која би се излекувала рутински, денес не се меѓу живите!
Значи, не зборувам за неизлечиви канцери, каде исходот е однапред јасен, туку за банални повреди од мал обем, кои завршуваат фатално.