Nuovo Cinema Paradiso
Е ова во мојот речник се вика филм:
Nuovo cinema Paradiso (1988)
Последен пат го гледав како мал уште и ми имаше останато во некое сеќавање, но тогаш не сум можел да го разберам и да уживам во него како сега, иако и тогаш ми се допаднал.
Филмот кој доби Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е лесно еден од најдобрите филмови на сите времиња. Вистинска ода на младоста, пријателството, и кинематографијата. И филм кој за жал на крајот ќе ве увери во старата изрека: Се тече, се се менува“
Дејствието е сместено во повоена Италија, во едно мало и сиромашно градче на Сицилија, во кое единствена форма на забава е Cinema Paradiso, локалното кино кое некогаш е претесно да ги прими сите оние кои сакаат да ја погледнат магијата на филмовите. Еден од оние кои неповратно се вљубуваат во филмот е малиот Тото, кој по игра на случајот ќе стане единствен жител на градот кој знае како да проектира филм на големото платно...
Филмот и оддава вистинска почит на светската кинематографија, ги прикажува филмовите какви што беа некогаш, и луѓето кои растеа со нив.
За да биде се комплетно, soundtrackot е на Ennio Morricone.
Од мене, чисти и недвосмислени
10/10.
Само една напомена за оние кои ќе решат да го изгледаат филмот: јас ја гледав оригиналната верзија која трае 2 часа. Подоцна е направена верзија во која се додадени предходно избришани сцени, и трае 2 часа и 40 минути. Ако ја најдете втората, претпоставувам дека уживањето ќе ви трае подолго.