Е сега се поставува следново прашање дали и какви чекори треба да преземат граѓаните, граѓанските здруженија, невладините огранизациии, или ќе се иде по старото дека ваквите протести набргу ќе бидат обележани и задушени... А дали оваа акција може да стане потик за масовни следни собири и протести е тоа што тука не засега...
Како што пишав и во темата за Скопје 2014та, јас одамна се помирив со етикетите и нема да ме премислат да одам и на овој и на сите слични протести. Јас се држам до тезата дека ако нешто ти пречи а можеш да допринесеш, макар и само со појавување и зголемување на масовноста, тогаш треба и да превземеш мерки и да не е*еш жива сила за мислењето на другите, тие што те знаат кој си и што си се битни другите не.
Најголемата грешка и тоа што ме иритирало секогаш е муабетот "Џабе е протестов пак ќе си тераат како што сакаат, ништо нема да постигнеме", ова го слушав претходно од луѓе околу мене тие 20% што ги познавам што не се поддржувачи на сегашнава власт. Зборувам за луѓе кои имале 24 часа време на располагање, значи имале време за протест. Па да излезе една 10тина од Скопјево што не го поддржува срањево (и било кое друго срање) не верувам дека ќе биде џабе, друго е 700 друго е 70 000 души. Крај краева дури и да не верувам во успешноста на ова, ќе излезам ради принцип и мирна совест дека сум на правата страна.