Собири и протести против СК 2014

Дали се потребни граѓански протести против проектот "Скопје 2014"


  • Вкупно гласачи
    185
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Уствари мене нешто друго ме мачи, распеани скопјани дали ќе завиваат утре ???
Ако пеат дечкиве да не одам ако не пеат да одам јас да пеам.
У секој случај вин вин ситуација.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Сакам да се реновира ГТЦ за да се спречи помислата дека на полноќ таму јаваат вештерки на метли и дека се појавуваат различни облици на вампири и други суштества долж целиот трговски ова време, сум против тоа да добие ГТЦ барок-стил кој ќе убива (во буквална смисла) луѓе со својот изглед веднаш откако ќе го погледнат.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Форумџии , да се чекаме кај Мисирков ? :D Има кајгана протест ипол да организираме :)
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
I sega nie treba da prifatime se sto vmro ke predlozi....pa dobro sto ne teraat da sakame toa sto oni sakaat.Nivnite domovi,zgradi neka si gi pravat kako sto sakaat,,,ne im se mesame,ne imm zameruvame na nivnite vkusovi,odnosno nevkusi:eek:
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.927
Мене ми е сеедно само ГТЦ да се модернизира и да заличи со околина само не сакам барокниот стил бидејќи на таков начин го уништува оригиналниот (автетичност) и препознатлив како скопје ,а не како париз .
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Немаш опција како сакаат, туку иде во барок. Ќе идеме на контрапротести? Ова невернициве ќе се собирале да протестираат замисли, барок им сметало.

За да се разбере барокот, човек треба да има префинет вкус и културна поткованост. Но кај нас најважно е да се одржат зградите од Колишевско Доба изградени во стилот на албанскине бункери, зошто нели Скопје не треба да прерасне во европска метропола, за да не конкурира на Београд или Атина???


Инаку видов некоја слика од тоа како би изгледал трговскиот и повеќе фасадата ми изгледа на рококо. Меѓутоа, не знам дали некој од оние кои по партиска директива се залагаат за необнова на ГТЦ разбира што е рококо и неговата уметничка и естетска вредност, оти само перфектен архитект со голем уметнички талент може да креира барокни или рококо дела.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.912
Поени од реакции
11.267
Е сега се поставува следново прашање дали и какви чекори треба да преземат граѓаните, граѓанските здруженија, невладините огранизациии, или ќе се иде по старото дека ваквите протести набргу ќе бидат обележани и задушени... А дали оваа акција може да стане потик за масовни следни собири и протести е тоа што тука не засега...
Како што пишав и во темата за Скопје 2014та, јас одамна се помирив со етикетите и нема да ме премислат да одам и на овој и на сите слични протести. Јас се држам до тезата дека ако нешто ти пречи а можеш да допринесеш, макар и само со појавување и зголемување на масовноста, тогаш треба и да превземеш мерки и да не е*еш жива сила за мислењето на другите, тие што те знаат кој си и што си се битни другите не.
Најголемата грешка и тоа што ме иритирало секогаш е муабетот "Џабе е протестов пак ќе си тераат како што сакаат, ништо нема да постигнеме", ова го слушав претходно од луѓе околу мене тие 20% што ги познавам што не се поддржувачи на сегашнава власт. Зборувам за луѓе кои имале 24 часа време на располагање, значи имале време за протест. Па да излезе една 10тина од Скопјево што не го поддржува срањево (и било кое друго срање) не верувам дека ќе биде џабе, друго е 700 друго е 70 000 души. Крај краева дури и да не верувам во успешноста на ова, ќе излезам ради принцип и мирна совест дека сум на правата страна.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
:pos::pos:

Ти си мојот јунак, чесен збор...
Ту ме претица.


Која префинетост бе Битушанец, оваа мутација на уметност ја поистоветуваш со барок? Е баш сеа докажа колку си немаш појма и од естетика.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Ту ме претица.


Која префинетост бе Битушанец, оваа мутација на уметност ја поистоветуваш со барок? Е баш сеа докажа колку си немаш појма и од естетика.
Се јави експертот :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom