Собири и протести против СК 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување

Дали се потребни граѓански протести против проектот "Скопје 2014"

  • Вкупно гласачи
    185
Мене само ме интересира дали нашата МИЛИ - оп пардон Полиција има
водени топови. И да тркнам до Трст да купам шушкавци да продавам пред протестот.

Две цистери кои ќе имаат еден и два водени топови ќе набави Министерството за внатрешни работи поради што завчера е објавен тендер за набавка на две специјални возила кои ќе се употребуваат за одржување на јавниот ред и мир при поголеми нарушувања.

vodeni500.jpg

„Специјалните возила содржат резервоари за вода од некоридирачки матeријал со цел да се овозможи транспорт на вода за пиење, резервоари за течна ЦС материја (солзавец), боја и пена. Возилата "цистерните" имаат систем за самозаштита од долната страна на секое тркало како и ситем за заштита на возилото од луѓе. Исто така, возилата содржат еден или два топа чие управување е автоматско со покривање на целиот радиус околу возилото, со вградена заштитна камера во спрега со водениот топ и заштитна камера од задната страна на возилото", се вели во соопштението од МВР.
Од министерството објаснуваат дека набавката е во врз база на анализи на потребите, како и по сугестии од праксата која ја имаат полициите на Европската Унија при постапување во случаи на нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем. Возила, велат од МВР, ќе бидат платени на 36 еднакви рати.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/116185-MVR-nabavuva-dve-specijalni-vozila-so-vodeni-topovi
 
Се кладам во 5000 евра дека ќе има контра протест, иницирано од здружение „ГТЦ е грдо решение“ на чело со архитект со долгогодишно искуство од 0 денови.

Ќути бе, ќе те сместат за автор на контрапротестот. :D
 
А за во пролет 2014 година т.с. финале е оставена зградата на Гордана, т.с.МВР-Ск

Па потоа иде нов студентски град целиот во барок,после 25 години независност
 
Ќути бе, ќе те сместат за автор на контрапротестот. :D
Со битушанец ќе идеме рака под рака да ја исплукаме немакедонштината.
bitushanec; патем што мислиш ГТЦ во барок е подобар нели?
 
Ако сега се отвори анкета: „Дали треба да има контрапротести на протестите против Ск2014“, тие што гласаа сега со НЕ, тогаш каде ќе кликнат? :rolleyes:
 
Многу рано ви текна бе :pos:
Се шалам, better late than never! Тоа се бара, иницијатива :)
 
Со битушанец ќе идеме рака под рака да ја исплукаме немакедонштината.
bitushanec; патем што мислиш ГТЦ во барок е подобар нели?

Море и болниците нека бидат во барок, како во стил така и во време. Нокшири и легени нека инсталираат наместо комунална хигиена и канализација.
 
Е ајде кајганџии кој сака да иде на протестов, ова повеќе како шетња ќе биде али дај што даш ако ништо друго ќе се попишеме таму на список.. А само да не заврши во партија списокот:pos:
 
Море и болниците нека бидат во барок, како во стил така и во време. Нокшири и легени нека инсталираат наместо комунална хигиена и канализација.

Да не испадне дека им давам идеи и ги потхранувам со иницијативи, ама мислам дека за инат на градоначалникот бараките на општина центар да ги направат во барок . :D Кој се буни ќе му ги викнеме сендвич - протестантите :P
 
Ако сега се отвори анкета: „Дали треба да има контрапротести на протестите против Ск2014“, тие што гласаа сега со НЕ, тогаш каде ќе кликнат? :rolleyes:

А кој нив ги прашува дали да има или не? :icon_mrgr:
 
Со битушанец ќе идеме рака под рака да ја исплукаме немакедонштината.
bitushanec; патем што мислиш ГТЦ во барок е подобар нели?

Леле бре Леандрић, ти ко да ми се удвараш ;) Да не ти дојде време за мОжење? ;)

Абе побргу нека го средат ГТЦ како сакаат, ми здосади веќе да го гледам трговскион со надворешен изглед ко албански бункер од кој извираат некои треви-пузавци.
 
Немаш опција како сакаат, туку иде во барок. Ќе идеме на контрапротести? Ова невернициве ќе се собирале да протестираат замисли, барок им сметало.
 
Сега најдоа со протести на крајот од проектот.​
Кога веќе прават нешто нека го прават до крај.​
Многу чуден и вештачки ми е протестов. Како и некои други членови што пишаа, каде бевме до сега ? Нешто друго ми мириса, некако не ми е тоа тоа.​
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom