Со дечкоми сеуште не сме имале секс, но неколку пати сме сакале да го направиме тоа но сеуште мислам дека не сум спремна :/. Ок, тоа е воведот, главниот проблем поради кој пишувам е кај него, доволно е 2 минути да му го дркам или барем 20-30 секунди да го "пушам" "органот" и тој свршува.Не е ова само за првото свршување, секое наредно е брзо (4,5,6то) Дали некој пар (поточно машко) се сретнал со овој проблем? Дали е преосетлив, ненадарен или тоа е нормално . Чаре?
*
Прв пат му е - сосема е нормално. Доволно е ветре да го дувне и ќе му се дигне. Милување со рака, а особено со уста за него е рај моментално и нема искуство за да се додржи.
„Надареноста“ се мери во сантиметри (линеарни и/или квадратни). Ефикасноста е она што те интересира. Е сега, ако сакаш бебе, овој ти е ефикасен 99,9 и 102%. Ако сакаш подолг секс, не ти е ефикасен, но ќе стане со повеќе вежбање (читај: повеќе секс). Јасно, кондом е задолжителен, зашто неговата ефикасност за правење бебиња ќе доминира инаку.
колку пати и да сврши сеуште му е кренат (дали е тоа нормално?)
Апсолутно да. Тоа може да го искористите како предност: издркај го, нека сврши и потоа нека ти влезе. Ќе му треба едно пола саат дури да направи сперма за пак да сврши (можеби и помалку, бидејќи е во најдобрите години за тоа), па тоа може да го искористите чисто за секс (т.е. ти да бидеш исполнета, без да се плашиш од што и да е друго). Сепак, најдобро е и тука да користите кондом, зашто некое семе може да му остане во каналот, па да ти навлезе; и ти си во најдобри години, па твојот организам би го впил и максимално би го искористил секое семе што би го начекал (шансите се мали, но да не се ризикува).
Ќе треба да проверите дали е до толку издржлив да му биде дигнат и после свршување онолку за да издржи цел дополнителен секс. Во тие години е можно, но не кај сите. Проверете.
Доколку мислите дека би требало да се обрати на доктор, каде (кој оддел) би бил најсоодветен?
Не е болен, туку напален до бесвест. Со други зборови, најсоодветен оддел за него е твојата вагина.
кога веќе прашувам да си прашам и за мене
дали има разлика за првиот пат дали ке е со презерватив или без, и како е подобро?
ps. и тој и јас сме невини.
За него е секогаш подобро без презерватив, зашто чувството е поинтензивно „на голо“. Прашањето е за тебе како е подобро. Вообичаено презервативите содржат и лубриканти, што би помогнале при првиот пат, зашто доаѓа до кинење на хименот и можеби и крварење (не е така кај сите; повторно, треба да проверите). Не сум жена, но претпоставувам дека првиот пат не е нешто спектакуларен за девојката, бидејќи таа тогаш доживува физички трансформации (нема веќе химен, усните на вагината се отвораат и остануваат отворени за цел живот итн) и веројатно тие ќе ѝ го одземат целото внимание. Дури откако ќе се помири дека тоа нејзино „ново“ тело е она што ќе ѝ биде за цел живот, ќе се спреми да ужива во сексот.
А да коментираат за тоа мислам дека се покомпетентни колешките на форумов.
Поздрав и со лесно.