B
Borg_Drone
Гостин
Дортмунд нема да го држат Левандовски уште една година сигурно, да игра за мизерни 1.5 милиони годишно. Ова е само финта за да не дојде кај нас, туку да оди у Реал или Челзи. Ако имаме солиден преддоговор со Лева, каде што тој ќе ги одбива сите други понуди, ќе дојде кај нас. Ама се надевам порано за да не ги испушти подготовките.
Да бе, а сега Румениге планира да го ангажира Кларк Кент во нападот.Одмазда е ова на Ватцке за Гетце, се знаеше донекаде дека ќе следува некаква реакција од нивна страна.Ако се планира вака да се оди идната сезона тогаш не ми се верува дека ќе стигнеме далеку, со оглед на најавите на нашите противнички клубови, ама ај ќе видиме, а и мислам дека Гвардиола има план Б, дека ќе бара нешто друго на пазарот.Чим он бара напаѓачи и покрај тоа што ги имаме Гомез, Манџукиќ и Пизаро сигурно дека планира нешто големо за нападот....


Иначе Лева досега е играч без никаков скандал и самиот изјавил дека и да остане на крај уште една година ќе биде ок. Сигурно ќе даде све од себе, го обожава клубот и самиот рече. Е сега што агентите му го испрале мозокот тоа да, и за нив најмило ми е што нема да земат дебела провизија. Лева им е единствен врвен играч и со него сакаат да кешираат ама нема, одлично е тоа. Изгледа и Дортмунд не најде замена и самите кажаа дека тој играч што го сакаат најрано следната година може да го добијат. Така да, одлично за Дортмунд, ја сум задоволен.