Латас – директор на МРТВ, Ивона економски промотор?!
На јавниот сервис МРТВ наводно му следи уште едно кадровско освежување дознава Либертас. Владата, според овие извори, притисната од критиките, пред се од надвор, дека со реклами ги контролира речиси сите национални телевизии, направила план како да се ослободи од ваквата квалификација, пишува порталот Либертас.
Според порталот, наводно веќе било одлучено јавниот сервис да се зајакнува и со кадар и со реклами, најмногу на сметка на водечките тв станици, Сител и Канал 5. На овие тв станици во иднина се помалку Владата ќе се рекламирала, а парите ќе ги усмерела кон МРТВ и тв Алфа, која ќе биде со нови спортско-музички профил. Во овие комбинаторики, според непотврдени информации, владата за директор на јавниот сервис размислува да го постави главниот уредник на тв Сител, професор доктор Драган Павловиќ Латас.
Во овој план на Владата не била заборавена и уредничката во Сител и на дневниот весник Вечер, Ивона Талевска. Можно било таа да добие место на владин економски промотор во Белград. Ивона, според изворите на Либертас, покрај новинарството се занимава и со пи-ар и веќе тоа го работи за познати македонски компании.