B
Beck's
Гостин
Шо се поминавме додека го донесовме од Арсенал и сеа да го шиткаме

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
^^Не сум запознаен со шпанскиве медиуми, па ме интересира дали Мундо Депортиво е веродостоен извор?? Зошто никаде засега немам сретнато за официјална понуда од нас за Фабрегас. Знам дека постои интерес, но сметам дека тешко би се реализирал трансферот.
Мундо депортиво е веродостоен весник, но многу често копираат статии и траснфер шпекулации од англиските медиуми. Веста која моментално стои таму е копирана од The Sun, така да ако го сметаш Сан за веродостоен тогаш...
Инаку скоро невозможно е Фабрегас да си оди од Барселона, затоа што хејтот што му го удараат претежно се случува од рандом членови на форумов. Шпанската публика го сака, а имаше и одлични партии и солиден скор, со оглед на тоа дека во отсуството на Меси тој играше лажна деветка, позиција која според мене не му одговара. Имаше и падови во формата сезонава, али ако ја погледнеме целата ситуација лесно може да се забележи дека истата беше во период кога целиот тим имаше пад на психички план, што поради повреди, што поради фактот дека играа без тренер.
Па според мене Серхи Роберто вреди 0 евра !Серхи Роберто гратис.
Џабе, следната сезона или на позајмица или ќе бидат продадени, исто како и дел од овие сега што ќе завршат...
Касно им е реално. Барем за Бабунски. 21 година има, тек сега во Барса Б влегува. А Педро, Тељо и остала багра беа по 18-19 години кога влегоа во првиот тим на Барселона. Ќе отидат на позајмица некаде, па ако се докажат, може да се вратат назад.
Касно им е реално. Барем за Бабунски. 21 година има, тек сега во Барса Б влегува. А Педро, Тељо и остала багра беа по 18-19 години кога влегоа во првиот тим на Барселона. Ќе отидат на позајмица некаде, па ако се докажат, може да се вратат назад.
19 има Давид, Педро во првата екипа влезе на 22 години, Тељо е нецели 3 години поголем од Бабунски и сеуште го нема потпишано професионалниот договор со Барса, триесседмица уште носи, незнам ни зошто го споредуваш, кога влезе во тимот во вонредни ситуации кога се исповредија играчи и немаше многу избор. Давид Бабунски е преталентиран, тоа го ценат таму и ќе му биде дадена шанса, како што му беше дадена на Фонтас, Бартра, Монтоја, Педро, Бускетс, да не ги спомнувам постарите. Некои покажаа квалитет, некои не, на Давид ќе остане дали ќе успее во Барселона или не.