Верноста, некогаш - би издржале ли сега

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Времето на Анчо било прекрасно имало вистинска лјубов,мегусебна доверба,топлина и блискост!Сега можиме да сонвиме за такво нешто се е извештачено ,лицемерно,царува интересот и ништо друго се е на продажба!:(

Welcome to the new world... You asked for it, you got it

Се е индивидуално друже, ете гледаш на темата пола би чекале :P
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 11:58 ---
Многу сум глупав, тое е генералното мислење за мене на форумот. :)

Не постои директна врска помеѓу сексуалноста и емотивноста. Сексот е агресивен чин, љубовта не е агресивност. Но двете се пресекуваат низ суетата, и таа ги прави неразделни. Ме мрзи да ти објаснувам, плус и не верувам дека кој знае колку те интересира, бидејќи не крајот од приказната нема жолта курва врзана со јаже.

;)

Пресекот е момент на кој треба малку повеќе да обрнеш внимание. Кога е во прашање курва дали жолта или бела, дали за 5 долари, 100 евра или безплатно емоции едноставно нема. Кога е во прашање one night stand емоциите се пак различни а сосема трети се кога е во прашање врска. Има разлика дури за каква врска станува збор, колку време едно друго.... Глупо е да поврзуваш секс со емотивност, барем во денешно време кога мнозинството од нас на секс гледаат како задоволствно и забава а не кардинален грев.
 
Не постои директна врска помеѓу сексуалноста и емотивноста.
Напротив, се смета дека емоциите се поврзани со сексуалноста.
http://www.huffingtonpost.com/2012/...ent-sexual-desire-brain-dating_n_1659334.html
Сексот е агресивен чин, љубовта не е агресивност. Но двете се пресекуваат низ суетата, и таа ги прави неразделни.
Зошто мислиш дека сексот мора да биде агресивен чин во сите случаи?
Од друга страна во некои случаи актот на агресија може да биде индиректно поврзан со љубовта, како на пример во ситуациите кога луѓе убиваат други луѓе поради љубомора или опсесивна љубов. Не значи дека љубовта ќе резултира секогаш со агресија, но тоа не ја исклучува можноста да резултира во некои ситуации.

Околу топикот:
Доколку навистина ја сакам, би чекал без никаков проблем.
Не затоа што ќе се воздржувам туку затоа што ниедна нема да ми биде поинтересна и попривлечна од таа што ќе ја чекам.
 
Welcome to the new world... You asked for it, you got it

Се е индивидуално друже, ете гледаш на темата пола би чекале :P
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 11:58 ---

Пресекот е момент на кој треба малку повеќе да обрнеш внимание. Кога е во прашање курва дали жолта или бела, дали за 5 долари, 100 евра или безплатно емоции едноставно нема. Кога е во прашање one night stand емоциите се пак различни а сосема трети се кога е во прашање врска. Има разлика дури за каква врска станува збор, колку време едно друго.... Глупо е да поврзуваш секс со емотивност, барем во денешно време кога мнозинството од нас на секс гледаат како задоволствно и забава а не кардинален грев.
Е па незнам зошто лјугево се чудат зошто се отишло у к..ац !
 
Е па незнам зошто лјугево се чудат зошто се отишло у к..ац !

Adapt or expire...

Нема ништо трагично во ова што е денес, секој си живее малку по индивидуално, секој си има право да избере за себе. Нема ништо лошо во тоа.
 
Adapt or expire...

Нема ништо трагично во ова што е денес, секој си живее малку по индивидуално, секој си има право да избере за себе. Нема ништо лошо во тоа.
Индивидуализам или саможивност,со тек на време ќе ја сватиме вистинската манипулација што се кријат зад индивидуализмот,ама немам време да објаснувам секој сам ќе си го почуствува ефектот од индивидиуализмот.
 
Пројде возот за да се смени тоа. Затоа и песната погоре. Сакавме запад еве запад...
 
Тоа оставам за следниот каубој... Некој на остров во сред запад а делаку од запад некој на исток ;)

Викни го и мене да дојде да ми пораскажува. Јебеш љубов, пак морам да робувам кога таа е присутна.
 
За верноста некогаш - не знам, не сум бил сведок, а и за волја на вистината, тогаш можноста за овековечување на извесни подвизи и нивно распространување била многу поограничена од денес. Ајде, верувам дека биле луѓето поверни, барем жените, поради патријархалните вредности, поради стравот од последиците од можниот сексуален излет. Се си има лице и опачина и ние си бираме што сакаме да видиме. На пример убаво е да се верува во романтичната варијанта за тоа како Пенелопа верно го чекала Одисеј, не една, не две, туку 20 години. Друга, помалку позната варијанта, упатува дека на верната Пенелопа и се изнаредиле сите оние кои чекале меѓу нив да си избере нов маж. А и Одисеј шарал низ патувањата. Ништо озбилно.
За мене - се сметам за верна личност која не бара помалку од другата страна. Тоа е резултат на воспитувањето, на начинот на размислување и сл. Оттаму со верноста немам некој проблем (или имам, пак зависи од тоа кој како размислува), па ни со издржливоста, ако се работи за некоја што би вредело, според моето мислење и емоции, да се чека.
 
Абе ајде што зборите ... Значи дечкото/девојката ќе те изневери зошто не вредиш... Во случај да вредиш, ќе те чека. Па што кој тит си со него/неа ако не вреди за тебе?
Малце се покомплицирани тие работи, не е само за вредноста на една личност.
Искрено, не знаете што зборувате...
 
И цело време зборувам за девојка, не за сопруга. Да се разбереме.

Ти прави некоја голема разлика еден обичен лист од хартија во конкретнава ситуација?
 
Значи интересно прашање.Дали би издржале сега.
Јас не можам да зборувам од „ваше гледиште“ но ќе дадам некои примери, од тоа време,каква беше тогашната верност и не само во отсутност на едниот љубовен партнер,било да е пред брак или потоа.
Многу рано си почнав сам да работам па дури и додека учев средно.Во тоа време се уште сите установи и школи во Скопје си имаа сопствено парно,повеќето на јаглен.
Јас се запослив во една таква. Се работеше таму само прва смена како и сегде. Јас се запослив да го палам котелот за парното,работеше на јаглен-(ќумур по скопски).
Одев во темно и во темно завршував.Во пет часот доаѓаше чистачката да отвори канцелариите и проветри. Млада максимум 27-30 год. Мажот и беше пензионер над 60-ина години.
Јас се разбира тотално неискусен млад уште не избричен,да не речам и срамежлив,едвај полнолетен си ја гледам работата.Но таа како така издржала да не почне прва. Секако сум бил подобар избор него ли старецот дома. Но се имало верност. И да се имало и понекој желба за тоа,но верноста била пред се.
Е сега да ми е овој памет - рипам ич не му ја мислам.
Подоцна ќе пишам за девојките,додека бевме на отслужување на ЈНА.
 
Ту бе јас мислев кузнај шо филозофија расправате тука.

Ми, барем за то на денешно време е лесно. Му отвараш твитер акаунт, и то е то. Чим има над 3 твита во ден, е активен твитерџија, а по default твитерџиите не ебат, твитаат. Така да, ете ти елегантно решение за верноста.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom