Јанче

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
На триесетина километри од Мавровската брана, на патот кон Дебар, од левата страна ѕирка малото село Јанче. Сместено во ридско-планински предел, во подножјето на убавата Бистра, Јанче се наоѓа на надморска висина од 760 метри. За ова магично место, според кажувањата, имало неколку легенди, а најинтересната е врзана за специфичната клима во овој крај. Се велело дека ако во Јанче паѓа снег, тогаш и во Солун е такво времето.
lazaropole+021.jpg

Јанче е едно од најстарите села од мијачкиот регион, сместено во долнореканскиот регион. И прво нешто што ќе го украде вашето внимание е недопрената природа. Овде нештата си течат сосема природно. Затвораш очи, ги полниш градите со чист воздух, ги отвораш очите и гледаш вистинска идила! Во Јанче утрата се свежи и пријатни. Сонце, птичји џагор, мешавина на мириси од тревки и цвеќиња. Ноќите, пак, се многу тивки и совршени за оние што сакаат да си ги наполнат батериите. Но она што најмногу го привлекува погледот е реката Радика, чиј кањон поминува низ овој крај. Над нејзиниот тек скалесто наредените куќи во Јанче, во стилот на традиционалната архитектура, оддалеку личат на макета.
545313.jpg
Водејќи се од природните убавини на Јанче, еден македонец - повратник од печалба направил традиционален македонски рај и привлекува туристи во истоименото село. Хотел „ТУТО“ е нов и современ хотел идеален за одмор и повеќедневен престој. Нуди низа услуги по високи стандарди и е единствен сместувачки капацитет во селото.
403335_445389362168944_776925093_n.jpg
Доколку престојувате во Јанче не заборавајте да ги посетите и останатите убавини во околина како што се:
- водопадите ДУФ, во непосредна близина на село Ростуше,
- с. Галичник по патека Скала, пеш или со коњи
- манастирот Св. Јован Бигорски
- глацијално езеро Локув, над селото Битуше, на планината Крчин,
- мостот Елен скок на Тресонечка река
260154_163630223704987_6312485_n.jpg
Јанче и Галичник живееле заедно и создавале несекојдневно единство меѓу нивната архитектура и природниот пејзаж. Архитектурата на овие две села е родена во ретко виден природен амбиент и меѓу себе е поврзана со прекрасен планински, Македонски алпски пејзаж. Оваа архитектура претставува најубава потврда за природните ткаења и взаемни растења во овој простор на каменот и дрвото, земјата и водата, сонцето и воздухот, месечината и ѕвездите, за чардакот и ридот, за градот и предградието. Чудесната структура на оваа народна архитектура и во Галичник и во Јанче меѓусебно е поврзана со сивите карпи, зелените шуми, бистрата вода, небеското синило и ѕвездените ноќи и месечината.
267868_163629370371739_5403585_n.jpg

Бојата на оваа архитектура е боја на природниот пејзаж, бојата на кровот е боја на ридот и сe така архитектурата и природата се дополнуваат и прават органски осмислена целина.

За среќа, оваа архитектура сe уште е жива, односно некако преживува.
Овие епитети за село Јанче се доволен предизвик за негова посета во пролетните и летни месеци, кога престојот во овој регион е посебно атрактивен бидејќи природата нуди многу.

Бил ли некој од вас во Јанче? Какво е вашето мислење за ова преубаво село? Би го посетиле ли?:pipi:
 
Преубаво, никогаш не сум била во овој дел. Ќе идеме? :)
 
Преубаво, никогаш не сум била во овој дел. Ќе идеме? :)

Јас да се пофалам дека одам викендов, па ќе ја збогатам темава со неколку фотографии сигурно :)
Се надевам дека ќе тркнеме до водопадот ДУФ и до Јован Бигорски... Мостот исто така треба да се фотне :)
 
Тутто да јадите ко ќе појдите, само внимавајте на цените

Редовно поминувам покрај селово ко идам за Скопје
 
Имам идено на еднодневна прошетка Ростуше, Дуфски водопад, преку Јанче до Галичник. Прекрасни места многу природа, чист воздух, убавини. Кога стигнав до водопадот одма ми прелета сликата од познатата норвешка заглавена карпа. Само што нашево е многу поспецифично, не само што има заглавена карпа има и водопад.

Еве и неколку слики како за загревање, а после Ацид ке стапи на сцена со неговите дела.:)
f3hxdu.jpg

ptbig.jpg

919ria.jpg
 
Убави пејсажи,али без стада овци не го личи :( Acid кога ќе сликаш гледај и некое стадо да ти влезе у кадар,а ако нема среди со фотошоп.
 
Убаво сѐ, ама во Галичник старите за некоја што не им се бендисува викаа "види ја проста, ко од Јанче да е", а старите ергени што не можеле да се оженат земале невести од Јанче (како сега што земаат од Пустец) :D
@Acid кога веќе одиш натаму, оди и до Галичник, Тонивода, висорамнината некаде на средина на патот кон Галичник, е преубаво место за фотографии, би требало да нема снег веќе.
 
@citro Еве ти овци :). Сликава е сликана во Лазарополе ;)
 

Attachments

  • DSC031.jpg
    DSC031.jpg
    648 KB · Прегледи: 31
Убави пејсажи,али без стада овци не го личи :( Acid кога ќе сликаш гледај и некое стадо да ти влезе у кадар,а ако нема среди со фотошоп.
И бар малку асфалт, колку за атер на сегашното природно опкружување на тие
жители и поколенија кои се овдека во нивното добро асфалтирано Дебар маало.
-----------------------
гледаеќи ги овие слики,се прашувам (кај)кои ли се сега овци, оние однесени во Истра,
или оние од бивша ЦК па до паркон на западна страна.
Да ги напуштиш овие убавини треба стварно да си овца во најмала рака и теле.
 
И бар малку асфалт, колку за атер на сегашното природно опкружување на тие
жители и поколенија кои се овдека во нивното добро асфалтирано Дебар маало.
-----------------------
гледаеќи ги овие слики,се прашувам (кај)кои ли се сега овци, оние однесени во Истра,
или оние од бивша ЦК па до паркон на западна страна.
Да ги напуштиш овие убавини треба стварно да си овца во најмала рака и теле.

Исто така да шеташ по бугарија, грција, египет, дубаи, а прво да не ја знаеш напамет Македонија треба да си теле. ;)
 
Исто така да шеташ по бугарија, грција, египет, дубаи, а прво да не ја знаеш напамет Македонија треба да си теле. ;)
Е за жал во последниве 20 години т.с. транзицијава има (направи) многу вакви,
кои не знаат каде е Мариово,Порече,Азот,Греман,а ниту пак дедовината ваква,
така да и внуците на Минчо,а и нивните внуци нема да ги видат овие наши убавини,
а и нема да можат да ги потрошат лапнатите пари од народот во наредните 500 год.
по тие Хаваи и Копакабани а некои богами и на други планети,За Јанче беше темава.
-----------------------
Гледам на сликиве и црква и џамија,па некои поинформиран да објасни,
за демографската состојба на ова село и националностите,пред 2с.војна и сега.
 
Сум ја пешачел патеката помеѓу Јанче и Галичник. Околу 20 тина луѓе се симнавме од автобус директно до Јанче и отука према Галичник на славење нова година. Слики немам но во сеќавање ми се прекрасните пејзажи и особено Радика која во зима е многу моќна и полна со вода. Се сеќавам на еден интересен куриозитет дека во Јанче живеат Македонци кои воглавном се муслимани додека во селото кое се наоѓа на ридовите отспротива има село (му го заборавив името) во кое живеат Православни Албанци. Како и да е патувањето ни траеше околу 6 саати, но морам да напоменам дека прилично се влечкавме. По пат има многу места на кои може да се застане и да се ужива во програмите. Доаѓањето во Галичник од таа страна е исто така спектакуларно прекрасни погледи и пешачење по ивица на падини кои се спуштат неколку стотици метри надоле. Во секој случај можам до утре да пишувам но секако со зборови неможе ниту еден процент да се долови од тоа што ќе го видите на лице место.
 
Абе, уште не сум ги ставил сликите? :)

Бујрум (не се сите од Јанче, има и од околината):


Бигорски манастир
226613_10200533291628663_515721894_n.jpg






400513_10200533289428608_1537743629_n.jpg





Поглед од манастирот
943680_10200533292068674_1253844349_n.jpg




Јанче, поглед од хотелот Туто :)
969192_10200533292468684_487743590_n.jpg



На патот кон водопад Дуф, село Ростуше
945632_10200533293588712_1825049257_n.jpg



Водопад Дуф, село Ростуше
971785_10200533293108700_460950905_n.jpg




10236_10200533294228728_1535252403_n.jpg




1155_10200533294908745_562704434_n.jpg




601295_10200533296628788_414108950_n.jpg




Новата црква во с. Ростуше
576799_10200533297268804_391223984_n.jpg




383403_10200533297868819_1974395021_n.jpg




Село Јанче во ноќта :)
935433_10200533299508860_698676385_n.jpg




Мост „Елен скок“ или „Елен мост“
181227_10200533300908895_288045811_n.jpg
 
Acid Фотографиите преработувани ли ти се на нешто? Како магла изгледа водата од реката...
Иначе многу добри фотографии (y)


Предпоставувам дека се работи за фотографији со подолго отворена бленда поради светлината и затоа се добива тој ефект кај објектите кои се движат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom