Прашање за Христијанството III

Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Дали поповите мора да носат брада? И ако мора, зошто?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Свештениците и монасите носат бради како зилотска традиција., барем така знам, односно луѓе кои се истрајни во исповедањето на својата/Христовата вера и Црква.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Ок тоа, ама ако сакаат дали може да се избричат и пак да бидат попови?

Повеке ме интересира она што вчера бев во црква и го гледам попот со толаа брада, се гледам и јас потеран у брадава и ме чеша и ми смета, тежина дури ми иде и си викам, ај ја сега дома ке си отидам и ке се избричам ама воа попов бе, шо ли прави кога ке го фати таква сафра. Дали смее да се избриче она убаво, мазно, да му олесни па после пак нека пушта брада.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Колку ми е познато, свештениците се должни да носат брада, со нејзино одржување, и не можат да бидат небрадати. Тоа важи за православните свештеници, оти римокатоличките ја имаат напуштено таа традиција па затоа се голобради.

Монасите не се бричат и кај нив брадите престануваат да растат после одреден број години небричење.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Thanks,

Колку ми е познато, свештениците се должни да носат брада, со нејзино одржување, и не можат да бидат небрадати. Тоа важи за православните свештеници, оти римокатоличките ја имаат напуштено таа традиција па затоа се голобради.

Монасите не се бричат и кај нив брадите престануваат да растат после одреден број години небричење.
--- надополнето: 6 јуни 2013 во 12:43 ---
Вистина ли е дека поп не може да се разведе? Т.е. не може или не смее?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Thanks,


--- надополнето: 6 јуни 2013 во 12:43 ---
Вистина ли е дека поп не може да се разведе? Т.е. не може или не смее?
Молам.

За да може и за да смее теолошки образован човек да стране свештеник, треба да биде женет: тоа е услов.
Последично, свештеникот не смее да се разведе, оти веќе не може да биде свештеник. Ако сопругата од свештеникот се упокои, свештеникот не смее да се жени по втор пат.

Кој не е женет, може да биде монах, односно свештеномонах, од чии редови доаѓаат владиците и епископите.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
А у случај еве жената не ти се погодува, многу лоша е, се таслачи со комшија некој....?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Е тогаш веќе имаме „ситуација„...:icon_lol:

Да бидам посериозен: кој е богословски образован, кој верува, кој е дел од Црквата, бара сопруга слична на себе, односно бара (и наоѓа) сопруга од Црквата така да можноста за развод е минимална. Сопруга (или сопруг, сеедно..) кој/а има мерак по комшиите, не е достоен/на да биде дел од Црквата.

Кај сопружничките недоразбирања, прв чекор е простувањето, а разводот е последен.

Специфичните ситуации се решаваат во рамките од Црквата, според црковните правила и закони, кои се прилично строги и недвосмислени.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Али на крај на краиштата ке му дадат да се разведе, иако е минимално, битно тоа е тоа.

п.с. не тролам на даље и не поставувам потпрашања, само сакам да знам пошто по срамно е да имаш жена курва него ли да си разведен. Барем за мене.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Не знам точно зошто носат толкави бради но не мора да имаат бради.Тука важи и правилото додека трае постот како сочуствување е да не се бричи во постите.

А попот кој треба да се разведе веднаш добива бан од работа безразлика дали е до него или жена му.односно го распопуваат.Тука важи и за секое најмало прекршено дело против правилата на црквата.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Ја знам еден поп од Велес што е разведен и се уште е поп. Ич не ми текнува како се викаше ама сигурен сум, селски поп е иначе и едно бело фичо вози т.е. возеше, сеа не знам. А ке прашам и како се вика.
 
Член од
1 јуни 2013
Мислења
23
Поени од реакции
29
За религијата и вербата во Бог:



За мастурбацијата:



Ако може некој верник да ми најде НЗС...
Изгледа мешаш баби и жаби, или па многу работи не ти се јасни...
Среда и петок си постам, па тоа второто не го правам тие денови, другото се случува да... И не сфаќам која поврзаност и НЗС ја бараш во тоа...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Изгледа мешаш баби и жаби, или па многу работи не ти се јасни...
Среда и петок си постам, па тоа второто не го правам тие денови, другото се случува да... И не сфаќам која поврзаност и НЗС ја бараш во тоа...
Знам дека не сфаќаш.

Знаеш дека мастурбацијата е грев во рисјанството?

И во посни и во мрсни денови. :icon_lol:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во православното христијанство, строго е забрането лихварството па дури и легалната лихва. Ако некој даде на заем, не мора да го бара назад вратеното, а уште помалку да бара камата/лихва за позајмицата, а оној кој земал на заем, пожелно е да го врати позајменото, оти не е негово. Невраќањето позајмица е еден вид на елегантно крадење туѓ имот.

Според учењето од Црквата, благословено е само она кое е заработено со личен труд, а не со кратење од туѓиот труд или имот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom