- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
- Возраст
- 72
Сите модерни котли на цврсто гориво се опремени со вентилатор, мислам за увозните, а кај нас само по некој.Искрено првпат слушам за вентилатор во контекст со оџак. Ако сакаш да појасниш малку!
Природната промајата во оџакот се постинува со тоа што долниот дел на оџакот е загреан на повисока од колку горниот и таа разлика создава промаја.
Но кога рано на сабајле ја палиме печката не постои таа разлика на температури и затоа може да се јави чадење додека оџакот не се загрее ( „ не повлече “ )
И во процесот на соогорување се јавуваат три различни фази и во секоја од нив е потребна различна количина на воздух и на различно место во ложиштето, за ова @ мкд владе, презетираше повеќе експерименти.
Еве што вели Википедија за фазите на согорување:
http://en.wikipedia.org/wiki/Combustion
“Чинот на согорување се состои од три релативно различни фази, кои се преклопуваат :
Фаза на загреевање, кога незапаленото гориво се загрева до својата точка на палење а потоа до точката на горење Запаливи гасови почнуваат да испаруваат во процес сличен на сува дестилација.
Фаза на дестилација или гасовити фаза, кога испарените запаливи гасови се соединуваат со кислородот - горат. При тоа се произведува енергија во форма на топлина и светлина. Пламените јазици се често видливи. Топлината од согорување на горивото го одржува испарувањето на запаливи пареи.
Јаглена фаза или цврста фаза, кога производството на запаливи гасови од материјалот е премногу ниско за да има постојано присуство на пламен и јагленисано гориво не гори брзо и едноставно свети, а подоцна само тлее.“
Затоа е подобро да не се потпираме на природната промаја на оџакот, туку промајата да ја одржуваме со вентилатор
,а другиот принцип е разликата на притисоци.колку е горниот отвор повисоко,толку таму атмосферскиот притисок е помал,а кај котелот е поголем,па природно се јавува промаја.
.