Последици од дрогата

  • Креатор на темата Креатор на темата Fuckoffanddie
  • Време на започнување Време на започнување
Како мали не ве учеа дека ако немате што паметно да кажете на темата за која се дискутира, дека треба да преќутите и да слушнете кој што има да каже? Билдајте его на вакви теми, кога тоа ви е потребно.

Имав познанички, искуства од пред 6-7 години што беа на амфетамин. Можеби јас имам приметено, можеби сум грешка но, дали го оштетуваат мозокот до таа мера што концентацијата и меморијата се на ужасно ниво после тоа?
 
Како мали не ве учеа дека ако немате што паметно да кажете на темата за која се дискутира, дека треба да преќутите и да слушнете кој што има да каже? Билдајте его на вакви теми, кога тоа ви треба.

Имав познанички, искуства од пред 6-7 години што беа на амфетамин. Можеби јас имам приметено, можеби сум грешка но, дали го оштетуваат мозокот до таа мера што концентацијата и меморијата се на ужасно ниво после тоа?

Значи амфетаминот дејствува директно во централниот нервен систем, составен од нервни клетки кои немаат способност да се обновуваат, што повеќе нервни клетки умираат, толку повеќе се оштетува мозокот. На пример јас не сум толку затупавена, функционирам нормално кога станува збор за меморијата, можам да учам и да постигнувам добри резултати на факултет. Мозокот може многу да се оштети доколку амфетот се користи со години.
 
Погрда слика од наркоман нема,не постои! Особено кога ќе го видам 34 кила,исушен,со наркомански глас едноставно ми се гади и ми иде да го убијам.

Јас во животов имам пробано марихуана(2-3 пати) и кокаин имам пробано 2 пати.Марата ја пробав ко дете,за да видам што е и како е,а коката пред 2-3 години.Реално кокаинот не вреди за парите!

Да се вратам на темата...Последиците од тешки дроги се катастрофални.Имав близок што забега по тие хероински ноќи.Беше дечко за пример,убав,висок,згоден,паметен,ја имаше најубавата девојка во Скопје.Моите со неговите се многу добри пријатели.Од сите горенаведени особини,од него не остана ништо.Беше типично наркоманче за жалење.Девојката му раскина,а го чекаше може 3-4 години да се оправи,а се откажа дури и кога се откажаа неговите родители од него.После тоа заглави во затвор заради кражби.По некое време излезе,па го однесоа во манастир,и таму не го оправија.Неговите родители направија се што е во нивна моќ,дури и повеќе од тоа,ама безуспешно. Хероинот го уништи и психички и физички...и не само него,татко му за тие години остаре како да има 80 години,мајка му се разболе од нервози и маки,брат му после сите тие трауми(беше помал од него 4-5 години)не верувам дека е добар и тој.

На крајот веќе и негови се откажаа од него,после сите кривични што ги направи затвор не бегаше.Неговите бркаа адвокати,судии само за да не го однесат пак. Знам дека еден ден мајка му,отиде докај пријателот судија и рече дека е веќе готово и нека го затворат и нека одлежи за се.Родената мајка го рече тоа.

Сега незнам што се случува,ама не верувам дека е жив уште.А мајка ми и ден денеска,кога ќе се сети на него,заплакува по малце,а нејзините зборови се дека тој беше дечко за пример на сите.Девојка му се омажи си има сега дете,а он заглави во Идризово многу години.Може и веќе не е жив...којзнае(после ова моите изгубија контакт со пријателите,по ничија вина).

Налет наркоманот што ќе умре,туку ќе ги умре и неговите родители,ќе ги истрауматизира сите негови блиски и слично.

Е ова се вистинските последици од дрогата...само една тажна приказна за детето што беше пример за многу.
 
Значи амфетаминот дејствува директно во централниот нервен систем, составен од нервни клетки кои немаат способност да се обновуваат, што повеќе нервни клетки умираат, толку повеќе се оштетува мозокот. На пример јас не сум толку затупавена, функционирам нормално кога станува збор за меморијата, можам да учам и да постигнувам добри резултати на факултет. Мозокот може многу да се оштети доколку амфетот се користи со години.

колку време беше на амфетамин ?
 
Некни имавме баш предавање. Плус со социјалнава патологија шо че ја полагам, за наркоманија, 300 дроги испонаучив :D
Инаку ова ми остави силен впечаток од предавањето. Не баш истата слика но во тој стил
methadone_withdrawal.jpg
 
Fuckoffanddie
Мене ме интересира дали имаше некој кризи после тоа,и ако да како се манифестираат.
Нешто слично како Исус во "Tетовирање"? :D
 
имам школски соученик кој почнува да забегува по овие работи..
Во прва година се сеќавам, беше еден од најдобрите ученици во класот, интелигентен и начитан. Сега е вторите две само кога е повеќе од недела дена чист, а ретко му се случува. Отворено ми зборува за тоа. Слаб е, не јаде парите ги дава за опојни средства од кои само марата му ја препознав. На училиште доаѓа таков еееј ! Да го свијам ќе се скрши. А жал ми е колку добро дете е, каков се направи. Додуша, сеуште не е толку доцна, не е толку тежок наркоман ама летово како што почнал не знам дали ќе го преживее. По 3-4 дена ништо не јаде, само ракија и дува. На одмор му купиме некоја баничка, ја изеде и вика другиден пак. Ептен е отиден :(
Туку деновиве ми изгледа чист, можда заради екстерните и се надевам да биде подобар ама последиците се мнгу воочливи.
 
Ако дува ќе јаде. Марата тера на јадење, колку и да не си гладен. Друго зема, не е само мара. ;)
 
имам школски соученик кој почнува да забегува по овие работи..
Во прва година се сеќавам, беше еден од најдобрите ученици во класот, интелигентен и начитан. Сега е вторите две само кога е повеќе од недела дена чист, а ретко му се случува. Отворено ми зборува за тоа. Слаб е, не јаде парите ги дава за опојни средства од кои само марата му ја препознав. На училиште доаѓа таков еееј ! Да го свијам ќе се скрши. А жал ми е колку добро дете е, каков се направи. Додуша, сеуште не е толку доцна, не е толку тежок наркоман ама летово како што почнал не знам дали ќе го преживее. По 3-4 дена ништо не јаде, само ракија и дува. На одмор му купиме некоја баничка, ја изеде и вика другиден пак. Ептен е отиден :(
Туку деновиве ми изгледа чист, можда заради екстерните и се надевам да биде подобар ама последиците се мнгу воочливи.
Не е на мара. Помогни му без разлика дали си му близок.
 
Како да беше вчера...
Земи пер, не биди пичка.

Земав, земав пак... Интересно е како самиот се убедуваш и си ствараш илузија дека имаш контрола. Како борба на повеќе личности во тебе. Сам си контрираш на себе. Пробуваш да се вратиш во нормала но сеќавањето на тие болни и понижувачки моменти те гонат.
Баба ми оболе, постојано ми велеше дека ќе се расипам, безброј солзи исплака. Тажно е старо лице што плаче. Посебно кога си на роба.
Но не можев, да се откажам.
Се смеев на сцената со Леонардо Ди Каприо доби blow-job за една доза хероин.
Да се најдеш во слична ситуација години подоцна поради нешто што си дозволил да отиде надвор од контрола е најголем срам за едно човечко суштество.
Но ми се допадна, помислата на тој терморакетен минофрлач сеуште ме прогонува... :X3:
 
На вена беше ?
 
Секако дека да, често имам вртоглавица, понекогаш паѓам и у несвест ради слабото срце, никако не смеам да се заморувам, строго ми е забрането да пијам алкохол и да пушам цигари. Fuck my life.

Значи кај тебе проблем бил срцето не дрогата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom