Брачната двојка најдена на Галичица билa издрогиранa?

  • Креатор на темата Креатор на темата SS Divizion Totencof
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

SS Divizion Totencof

Александар Невски
Член од
2 јуни 2013
Мислења
121
Поени од реакции
102
Возраст
43
Брачната двојка најдена на Галичица билa издрогиранa?


Две кривични пријави ќе поднесе полицијата против две лица кои биле домаќини во Охрид на брачната двојка, која беше пронајдена во безсознание на Галичица, неофицијално дознава Плусинфо. Според нашите извори, скопјаните во Охрид кои заминале да купат возило, биле пречекани од две лица, со кои најверојатно заминале кај нив дома каде им бил понуден пијалак. Од полицијата детали за истрагата најавуваат за еден час, а во тек е вештачењето на мостри од пијалакот што им бил понуден на брачниот пар.
Допрва анализите ќе треба да покажат дали во пијалакот им била сипана дрога или некоја друга материја што ги довела сопружниците во безсознание. Брачната двојка вчера во несвест беше пронајдена на врвот на планината Галичица. Веднаш биле хоспитализирани, а во разговор со полицијата раскажале дека на последното што се сеќаваат било дека тргнале од Скопје за Охрид да купат автомобил на старо. Се сретнале со две лица, со кои отишле на пијалак, а оттогаш не се сеќаваат на ништо.

http://www.ohridon.com/m-vesti/10919------a-a.html
 
им клавет дрога у пијачките ....ее у право се бабите кога викаат така а ние се смееме
а на еден другар баба му викаше не иди на флипери клавет дрога у жетоните :pos:
 
ајде бе им стаеле дрога.. добро алиби направиле :D
 
klajdkajdlkjalkdjaklsjalkjds.jpg

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П.(37) и Г.П.(37) двајцата од Охрид, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Второпријавениот е во бегство и полицијата презема интензивни мерки за негово пронаоѓање.
На трети овој месец, првопријавениот на автобуската станица во Охрид, по претходен телефонски договор ја пречекал брачната двојка Р.Ѓ. и С.Ѓ. од Скопје со кои имал претходни телефонски контакти околу купопродажба на автомобил „мерцедес“, откако неодамна, двајцата пријавени на социјалните мрежи поставиле оглас за продажба возилото произведено 2002 година по цена од 3500 евра. Во меѓусебните контакти, двајцата пријавени успеале да ја убедат брачната двојка да допатува во Охрид.
-По нивната средба во Охрид, првопријавениот кој на брачната двојка лажно им се претставувал користејќи го името Сашо, ги одвел во својот стан на улицата „Мирче Ацев“ каде им кажал дека неговата сопруга за брзо време ќе дојде и ќе го донесе возилото. Притоа, првопријавениот ги послужил сопружниците со инстант нес кафе и со кисела вода. Набрзо тие почувствувале замаеност и зашеметеност по што им се игубила меморијата.Тие несвесни за своите постапки не се сеќаваат кој, кога и како ги изнел од станот. Истиот ден околу 18,40 часот, откако се освестил сопругот Р.Ѓ. забележал дека лежи на трева во планински предел. Тој на тревата позади себе ја забележал неговата сопруга. Од нејзината чанта и несесерот биле одземени пари, вкупно 2800 евра и 58.000 денари. Тој од мобилниот телефон на сопругата се јавил во СВР Охрид кажал дека не знае каде се наоѓа и дека гледа шума и езеро. По кратко време на патот во близина на местото каде се наоѓала брачната двојка се појавило патничко моторно возило, при што Р.Ѓ. од луѓето во колата дознал дека се наоѓале во место викано „Корита“. Тука брачната двојка е пронајдена од полициските службеници и пренесена во општата болница во Охрид каде се констатирани набиеници и огреботини по главата, градниот кош и екстремитетите на сопружниците и употребено средство со непозната содржина за успивање, стои во соопштението на МВР.
Второпријавениот купил инстант нес кафе и кисела вода од продавница, му ги дал на првопријавениот и се сокрил во подрумска просторија од зградата на улицата „Мирче Ацев“. Тука тој чекал првопријавениот да ги доведе во бессознание сопружниците, ги сместиле во патничко моторно возило па ги однеле и оставиле на местото викано „Корита“ на планината Галичица.
 
Не прочитав дали жена му ја силувале.....ама чисто сумњам дека не ја пипнале.
 
Ваљда мислеле волци ќе ги изедат и така се изгубија неколку туристи по планиниве последен период, мислеле на таа карта ќе се извадат
 
И јас тоа се чудам. :confused:

Овие го виделе како изгледа, што мислеле, откога ќе се разбудат нема да кажат?

Ретардирани ликови...
odiseja doziveale :pos:
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 20:06 ---
Зашо мислеле дека ќе им успее ова бе -.-

aj tie i taka i taka am ovie od Skopje koj ti dava mercedes za 3500 od 2002 godina ocigledno bilo od start deka se raboti za izmama
 
klajdkajdlkjalkdjaklsjalkjds.jpg

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П.(37) и Г.П.(37) двајцата од Охрид, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Второпријавениот е во бегство и полицијата презема интензивни мерки за негово пронаоѓање.
На трети овој месец, првопријавениот на автобуската станица во Охрид, по претходен телефонски договор ја пречекал брачната двојка Р.Ѓ. и С.Ѓ. од Скопје со кои имал претходни телефонски контакти околу купопродажба на автомобил „мерцедес“, откако неодамна, двајцата пријавени на социјалните мрежи поставиле оглас за продажба возилото произведено 2002 година по цена од 3500 евра. Во меѓусебните контакти, двајцата пријавени успеале да ја убедат брачната двојка да допатува во Охрид.
-По нивната средба во Охрид, првопријавениот кој на брачната двојка лажно им се претставувал користејќи го името Сашо, ги одвел во својот стан на улицата „Мирче Ацев“ каде им кажал дека неговата сопруга за брзо време ќе дојде и ќе го донесе возилото. Притоа, првопријавениот ги послужил сопружниците со инстант нес кафе и со кисела вода. Набрзо тие почувствувале замаеност и зашеметеност по што им се игубила меморијата.Тие несвесни за своите постапки не се сеќаваат кој, кога и како ги изнел од станот. Истиот ден околу 18,40 часот, откако се освестил сопругот Р.Ѓ. забележал дека лежи на трева во планински предел. Тој на тревата позади себе ја забележал неговата сопруга. Од нејзината чанта и несесерот биле одземени пари, вкупно 2800 евра и 58.000 денари. Тој од мобилниот телефон на сопругата се јавил во СВР Охрид кажал дека не знае каде се наоѓа и дека гледа шума и езеро. По кратко време на патот во близина на местото каде се наоѓала брачната двојка се појавило патничко моторно возило, при што Р.Ѓ. од луѓето во колата дознал дека се наоѓале во место викано „Корита“. Тука брачната двојка е пронајдена од полициските службеници и пренесена во општата болница во Охрид каде се констатирани набиеници и огреботини по главата, градниот кош и екстремитетите на сопружниците и употребено средство со непозната содржина за успивање, стои во соопштението на МВР.
Второпријавениот купил инстант нес кафе и кисела вода од продавница, му ги дал на првопријавениот и се сокрил во подрумска просторија од зградата на улицата „Мирче Ацев“. Тука тој чекал првопријавениот да ги доведе во бессознание сопружниците, ги сместиле во патничко моторно возило па ги однеле и оставиле на местото викано „Корита“ на планината Галичица.
Најглупи разбјници за 2013,Neskafe 3 во 1 и се е можно!
 
This is too much man, too much, too much..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom