Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
sk[46].jpg


Сообрајкаен Метеж во СФРЈ

skopje%20soobrakaj-250.jpg


Денес

capturewiz043.jpg

Паркинг во СФРЈ
:pos:

02[11].jpg


Денес(Има и многу хаварисна лади и југовци на сликава :LOL: само не се гледаат)
 
f4deb6cc3de46f9533d8447bf2ef1053.jpg

Пред некоја година

23lzk8g.jpg

Во СФРЈ
 
Ок значи Коли - подостапни сега
Техника - подостапна сега
Патување - подостапно (посебно авио)
Храна во основа исто достапна во смисла на куповна моќ ама во однос на квалитет пристапност и избор сега е многу подобар
Услуги - Исто подостапни такси бадијала и слично барем ако не истодостапно
Станови- во пракса тогаш не се купуваше стан туку се поклонуваше од државата. Така ако споредуваш вистинско купување сега е подостапно или можно.
Сметки- вака Колку трошите струја? Колку апарати имате по дома? Многу повеќе од тогаш? Епа јасно е... Колку трошите телефон? 5 минути фиксен дневно или 2-3 сати на мобилен? Правење муабет со чичко во Америка?
Па тоа е тоа... Животен стандард и квалитет на живот е денес подобар...нема сомнение сакале признаеме или не...

Во времето на СФРЈ немаше интернет за да може секој да тресе зелени на него.
Сега има.

Заклучок: Животен стандард и квалитет на живот е денес подобар, нема сомнение. - Stefus Corp. "логика"
 
Во Џакарта просечна плата е 1000 евра а во Банког е може да е поголема чисто информативно :pos: Колите не паѓаат од небо и се купуваат а нафтата арапите не ја даваат џабе. Светот е сменет од времето на Тито може вода да им носиме на Индонезија и Тајланд. Тајланд е најголем светски производител на харддискови :pos: Кога имаше поплава во Банког пола од акциите на тек компаниите падна поради страв од недостаток на делови.


Просечна плата во Индонезија е 390 ЕУР.
Ама пази го ова.
Минималецот е 2 ЕУР.

Во Тајланд е поголема.

Во времето на Тито им носевме вода и на Индонезија и на Тајланд. Сега е обратно.
 
Оф мори мајко, ај те молам извади и статистика колку луѓе живееле во Скопје во 60-70та, и колку живеат сега.

И под итно да понесеш барање за вработување или во ПР на Влада на РМ или во маркетингот на Сител :icon_lol:
 
Во времето на СФРЈ немаше интернет за да може секој да тресе зелени на него.
Сега има.

Заклучок: Животен стандард и квалитет на живот е денес подобар, нема сомнение. - Stefus Corp. "логика"
„Во времето на СФРЈ Барселона имаше 0 титули во Лига на Шампиони...
Благодарение на НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА Барселона има 4 титули...

Ти Благодарам #НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈО!!!
 
Добро, ти стварно си убеден дека колите се мерило за квалитетот на живот?! o_O
Еве ти една слика од улиците во Индија:
india-traffic-2009-10-6-7-41-22.jpg

И според ова ќе дојдиш до заклучок дека таму квалитетот на живот е подобар бидејќи врие од коли, за разлика на пример од еден Амстердам, каде што сите се на точак?!
f_amsterdam_01.jpg


Очигледно е дека не знаеш што значи квалитет на живот ако сообраќајниот метеж го земаш за репер.
 
луѓе, не му замерајте на тој што не знае. можеме до 1001 и назад да го убедуваме, но тоа ти е ко со затуцан верник да правиме муабет. ние постарите фино си знаеме дека поубаво се живеело, а тоа дали тој систем бил ок гледно од економска гледна точка е сосема друг муабет.
така да нека си тера он понегово и не се нервирајте, губите на лепота ;)
 
Оф мори мајко, ај те молам извади и статистика колку луѓе живееле во Скопје во 60-70та, и колку живеат сега.

И под итно да понесеш барање за вработување или во ПР на Влада на РМ или во маркетингот на Сител :icon_lol:
Бројот на возила од 1960 по глава на жител е зголемен за 3 пати а од 1950 за 10 пати. Чисто информативно и СДСМ да беше и да дојде на власт ќе живеме сега и во иднина подобро од во 1960ти треба да си тотално идиот мислиш дека пред 50 години се живеле подобро од сега не ме смеј жити се...
Чисто од филозовски аспект на прашањето дали би се вратил во време и кога би живеел. Секогаш одговарам- Никогаш! Дури и со кризите од 90ти денес ми е поубав животот од пред 30 40 а да не зборам 50 години што било. Има една романтична афекција кон минатото. Да во одредени периоди духот на времето бил поинтересен поубав ама не и квалитето на животот. Има повремени кризи ама на некој малку подолг времески период секогаш се оди напред и тоа е тоа нормална работа. Да си бидеме реални...Братство-единство ОК фудбал ова она ама квалитет на живот ЈОК дури ни во 1980ти за 1970 е смешно и да се прави муабет.
 
обичниот човек сака/бара сигурност, стабилност, среќен е кога е со фамилијата и другарите, кога се здрави, кога има доволно да си ги подмири животните трошоци.
НЕобичниот човек (наречен паразит и егоист) сака/бара пари, пари, пари и ништо друго. не го интересира дали гази по лешеви за да се здобие со тоа богаство, дали пратил некого во болница или гроб за истото тоа богаство, дали децата му се добро воспитани, или пак најблиските се во добро здравје. тој едноставно нема време за тоа, тоа му е губење време, ..... какво здравје, какво воспитување. се е тоа срање :facepalm:. луѓето и општеството ги вреднува по тоа кој колку има, колку коли има на улица, или каков тел поседува, колку општеството му овозможило да ги уништува другите за да тој се чуствува исполнето.
 
Aмн бе дете, мислиш со неколку слики од резгледници (кои и се сликаат кога нема коли а да прикажат градот и архитектурата) ќе ми кажеш мене дали имало или немало коли во СФРЈ во време кога јас живеев и работев и имав семејство??? хахах
А дали, пиле, си се запрашал зошто пусти улици и без сообраќај, знаеш ли дека во 80 десетите пример охрид 8000 луѓе работеа само во ЕМО и Застава фабриките, да не зборувам за Отекс, Братство.... цел Охрид беше вработен, на работни места, кој да вози коли по улици?? знаеш дека во Битола Рек, Металец, Пивара, Битолатекс, Пелагонија, Кожара, Свилара, Транскоп, Авторемонт, Пелагонија, Гранит, Бетон.... па немаше чоек на улица да излезе оти на работа беа.
85% вработеност на ниво на општина.Заедно со Марибор два града со највисок процент вработеност во екс-Ју.Другите издавале соби.Сега е скоро обратно.
...Од некогаш моќното охридско стопанство, во кое до 1991 работеа околу 22.500 луѓе, а Охрид беше втор град по вработеност според бројот на жители, веднаш по Марибор, останаа празни хали и фабрики зараснати со трева...
ВЕСТ, број 3514, од Сабота 10/ Недела 11 Март 2012
Не дека го фалам тој систем, ама трансформацијата на фирмите испадна најголема Балканска пљачка.

А сега...

Охрид рекордер според бројот на иселени лица
icon_at_textsize.gif
Охриѓани најлесно се одлучуваат да го напуштат родниот крај за да заминат во странство или да живеат во Скопје. Според Публикацијата ,,Миграции 2011’’ која вчера ја објави Државниот завод за статистика, Охрид е град со најнегативна миграциона состојба во Република Македонија.

Статистичките показатели кои се приложени во публикацијата говорат дека минатата година од Охрид се иселиле вкупно 1069 лица од кои 803 заминале во странски земји. Со овие податоци Охрид е рекордер по бројот на отселени лица, а зад него се Гостивар со 427, Битола со 386, Струга 371, Куманово 321, Прилеп со 243 и Струмица со 229 отселени лица. Поголема бројка на отселени од Охрид има само градот Скопје од каде што во истиот период се отселиле 1310 лица.

Споредбено со статистичката евиденција од претходните 4 години, може да се констатира дека бројот на иселени лица од Охрид, пораснал за 393 во споредба со 2010 година кога биле евидентитрани 676 иселени охриѓани. Во споредба со 2008 година, бројот на иселени од Охрид е зголемен за 502, додека пак во споредба со 2007 забележано е зголемување од 849 иселени.
Интересен е податокот што после Скопје, кој води со бројка од 1845, Охрид се наоѓа на првото место и според бројот на доселени лица. Значи според статистичките показатели, лани, жители на Охрид станале 447 лица од кои 356 се доселиле од друга општина.

Граѓаните на Охрид сметаат дека причина за иселувањето се недоволниот број на работни места односно условите за егзистенција кои моментално ги има во градот.

-Најчесто се иселуваат младите, еве на пример од мои блиски пријатели двата сина им заминаа во странство, едниот во Холандија, другиот во Германија. Исто така и моите деца планираат да одат надвор до Охрид, доколку најдат подобра работа и не ги запирам, слободно нека бараат подобар живот,вели една повозрасна охриѓанка.

Друг повозрасен граѓанин смета дека доколку во Охрид се отворат фабрики и доколку се инвестира во стопанството, младите нема да се иселуваат.
-Јас ги оправдувам младите, што си одат надвор до градот да бараат работа, зошто тука буквално се омаловажени, затоа што завршиле високо образование, а во Охрид нема каде да работат. На пример имам внука која има завршено магистратура, а замислете работи во бутик за плата од 8000 денари, што секако не е во ред, вели нашиот соговорник.

Тој потсетува на добрите времиња на охридското стопанство, кога ретки биле граѓаните кои се иселувале од Охрид.

OhridNews

29.06.2012 11:00

Прочитана е : 2435 пати


© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Бројот на возила од 1960 по глава на жител е зголемен за 3 пати а од 1950 за 10 пати.

се зголеми и број на наркомани, алкохоличари, стапка на криминал, канцерогени и кардиоваскуларни болести, се зголеми сиромаштијата и неврботеноста.
Мене ми е репер за добар живот сигурни и редовни примања, безбедност за мене и семејството, здравство школство и социјала.
Тебе ти се број на канали на ТВ, квалитет на прием на WiFi и дали колата има клима.
 
се зголеми и број на наркомани, алкохоличари, стапка на криминал, канцерогени и кардиоваскуларни болести, се зголеми сиромаштијата и неврботеноста.
Мене ми е репер за добар живот сигурни и редовни примања, безбедност за мене и семејството, здравство школство и социјала.
Тебе ти се број на канали на ТВ, квалитет на прием на WiFi и дали колата има клима.

Сакаш да кажеш дека сега немаш редовни примања? Дека не си безбеден? Не си здравствено осигуран и не можеш да ги запишеш децата на училиште? :confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom