Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Чекај, ако добро те сфатив, најубаво посети си ја темава :)
http://forum.kajgana.com/threads/Диети-за-зголемување-килажа.66520/page-3#post-5673839

Не не ми треба за здебелување, килажава ми е супер.
Сакав диета за здрава храна, не за здебелување или за слабеење, пошто имам многу мака со кожата и косата, па си реков ај да се хранам здраво.

Јас мојата "диета" до која се придржувам веќе неколку месеци, ја правам таква да биде колку што се може повеќе со здрава храна. Имам само генерални принципи до кои се придржувам, па ако некако ти помогнат...изгледаат вака:
1. Исклучување на секакви месни преработки (паштети, колбаси, салами,..итн)
2. Исклучување на секаква пржена храна.
3. Исклучување или минимизирање на секакви производи од типот на кечап, мајонез, разни преливи и сосови, потоа разни супи од маркет и слични производи кои имаат "Е" во нив.
4. Исклучување на секакви безалкохолни пијалоци. (само цедени, по можност дома :) )
5. Исклучување или минимизирање на секакви слатки, колачи, чоколади, бел леб и бели пецива.
Ова се моите 5 принципи до кои генерално се придржувам :) Сепак колку и да се држи човек до некои принципи за здрава храна, гледаме што се случува кај нас (прво со пченкарното брашно, сега со млекото), така да никогаш не можеш да бидеш 100% сигурна што и колку здраво јадеш. Можеби овие принципи би ти дале некаква генерална насока.

Супер, и јас размислував на ова.
Црн леб јадам, бидеќи ако јадам бел ме боли стомак.
За утре сабајле планирам да си сварам компири, тоа спаѓа во здрава храна?
Можеш да ми наброиш што јадиш, бидеќи јас на секои 2-3 саата јадам.
 
Не не ми треба за здебелување, килажава ми е супер.
Сакав диета за здрава храна, не за здебелување или за слабеење, пошто имам многу мака со кожата и косата, па си реков ај да се хранам здраво.

Супер, и јас размислував на ова.
Црн леб јадам, бидеќи ако јадам бел ме боли стомак.
За утре сабајле планирам да си сварам компири, тоа спаѓа во здрава храна?
Можеш да ми наброиш што јадиш, бидеќи јас на секои 2-3 саата јадам.
Па секое утро скоро без исклучок јадам чорба од зеленчук (карфиол, брокула, морков, грашок)
Потоа јадам малку павлака или сирење, со црн леб, онака 2 - 3 парчиња.
За ручек ми е проблем овде каде што работам затоа што нема асално место за јадење, па мора да јадам пак некоја чорба, најчесто пилешка и/или (во последно време) салата (морков, цвекло, краставици, марула...)
После некое време пак јадам најчесто малку сирење со црн леб и ако ми се јаде благо едно парче леб со мед, приквечер или после тренинг јадам пире (или само варен компир, како салата со малку кромид, маслинки, магдонос), ориз или пак ако ме мрзи јадам само неколку парчиња леб со мед :)
Mеѓу сите овие оброци јадам понекоја банана или јаболко, и понекогаш урми ако сакам поблаго нешто. (и мед нормално)
За викенди јадам начесто ориз (со блитва, со спанаќ, со пилешко), компири, понекогаш грашок, боранија, по едно до две варени јајца, и секако пак чорба од зеленчук, :D
 
Не не ми треба за здебелување, килажава ми е супер.
Сакав диета за здрава храна, не за здебелување или за слабеење, пошто имам многу мака со кожата и косата, па си реков ај да се хранам здраво.
Супер, на 52 кила нема ни потреба од здебелување освен ако не си висока над 1.65
Инаку не ти треба диета за здрава храна, тоа што ти треба е тебе ПЛАН НА ИСХРАНА.(y)
А тој треба да се состои од многу важни материи кои ги содржи храната.
Ти треба во хранењето да внесеш секаква-разновидна храна, ама акцент да ставиш на зеленчук, овошје, житарици и протеини. Невикам дека треба да ги исфрлиш јаглехидратите и скробот, но да гледаш, особено првите да не ги внесуваш повеќе од 200г во текот на денот.
Како што се спомнува и во темава храната која се внесува треба да се троши зошто се складира во масни наслаги или не знам ни веќе во што, цела финта е да внесуваш помалку отколку што трошиш, значи повеќе да трошиш, а помалку да внесуваш.
Значи јади си скоро се, ама умерено(штом немаш никаков вишок) и вежбај си - и немаш гајле!:D
Совет плус: секогаш биди физички активна, секогаш кога ќе можеш место да седиш - стои, место со лифт оди поскали.(јас денес два пати го избегнав лифтот и до 7и спрат се качив 2 пати ;))
Mерката во се е најдорба, и овошјето дебелее ако не се јаде во умерени количини зошто си содржи природни шеќери и најдобро ти е после 6 да не го внесуваш зошто шеќерите се разградувале во организмот и натака не знам што се дешавало, ама имам запомнето дека не се јаде после тој период и затоа секогаш појадувам овошје и единствено наутро го јадам и во овошен ден кога го јадам до 18часот, па после ако ми се јаде ептен се префрлам на зеленчук.
Гледај да избегаваш колку што можеш повеќе т.е целосно да исфрлиш грицки(можеш од време на време некоја соленка, ама чипс, смоки и такви калорични работи - не се дозоволени ни во одржување на тежина според мене и не ги конзумирам) исфрли го лебот ако можеш(мене ми е исфрлен), од тесто јадам само нешто празно како кифла, ѓеврек, плетенка и нешто слично ама во рамките на денот значи кога ми е определено да јадам тесто и таканатака.
Тестенините не мора да ги одбегнуваш ама гледај да ги јадеш најмногу 2 пати во неделата и не повеќе од 250г на ден.
Благото - сведено на минимум или како што правам јас, благо јадам на секој 5ти ден и немам потреба од него, не ме фаќаат никакви кризи нити не знам некои депресии зошто не јадам благо, едноставно не чувствувам потреба и си функционирам супер, си вежбам од време на време(на периоди поинтензивно, на периоди стангирам, а имам и доволно и енергија)
Секогаш имаш поздрава алтернатива од се, замена за грицки - сушено овошје и бадеми, лешници печени, морски оревчиња, ореви, урми, смокви.
Замена за благо - некоја житна плочка, две кафени лажички мед или мармалад, јас во последно си јадам посна мелена плазма со вода(место со млеко, има потполно ист вкус) и други алтернативи.
Ако ти треба уште нешто прашај. :)
 
164 цм, хаха :D
За ова што викаш хранава треба да се троши, јас уште недонајадена ми се приодува во веце, и одма ја трошам в шолја. Зафрканција на страна ја трошам енергијата на брзање за на училиште, па прилично активна сум :D
За тестенини речиси преку 1 ден јадам, а пак за чоколадо да не зборувам, неможам да заспијам без чоколадо. Чоколадо нон стоп јадам... толку е штетно тоа?
За лебот...некој леб ми прави мака на стомакот посебно овие од фурна и сеа јадам црн леб, ама никако неможам да се најадам од него, мн ми се танки парченцата.
И имам еден проблем, станувам кај 11, 12, и доручекот ми станува ручек, тука некоја помош???

И ти благодарам на исцрпниот одговор :love:
 
INTEGRALNATA PICAA ISTO TAKA E ZDRAVA SO INTEGRALNO BRASNO INTEGRALNA PASTRAMAJLIJA SO KAFEAV SEKER I INTEGRALNO BRASNO KOGA PRAVES KOLACI ISTO TAKA SE ZDRAVI ..
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 15:43 ---
значи за се има решение и кога ти се јаде благо и тестенини кога ти се јаде на пример исто сам и јас кога ми се јаде благо јадам кога ми се јаде тестенини јадам леб се бутам и секој ден по 1 саат вежбам на орбитрек ама од благо јадам од тие чоколадата мусли бар што се интегралните од тестенини интегрални јадам од леб интегрален леб и се стаавам колку што ми сака душа и се држам на 65 кг векее многу време едно 5-6 месеца
 
Едно време бев забегана по диети,сега ми е смесно скроз,не е работата да држиш диета,начинот на исхрана смени го засекогаш,а не 20 дена диета и после тоа пак по старо и ете ти пак килажааа +
 
bravo ova e nesto najdobro se prepoznav vo tebe :) drzev mnogu dieti i potoa gi vrakav kilata i nadklavav, no sega ne sega imam poinakov nacin na ishrana so koj fala bogu za eden mesec mi se podobri krvnata slika namaliv trigliceridi masti, holesterol i sega se custvuvam ubavo i sigurno pozz
 
Јо јо диети не функционираат заради фактот што хормонот лептин на крај ќе те победи.
Убаво е зависи до колку % телесни масти имаш да си дозволиш некој ден да остапиш од диетата не премногу.
Пример мене недела ми е ден каде што ги зголемувам јаглехидратите и ги намалувам за 10-15 % протеините и мастите.
Целта е да се врати метаболизмот и хормоните во нормала и да го забрза метаболизмот.
Ако стагнираш со намалување тежина земи 1-2 недели одмор и јади работи што не си ги јадел и врати се пак на диетата.
Запомни дека здрава храна е добро но ако храната не ја трошиш тоа ти се складира.
Џабе ти е здрава храна ако не си активен.
 
Дали може да се ослаби 10 кг за 2 недели, само ако се јаде сончоглед и пие вода, само со тоа?
 
Може, а може и да се умре од глад.
Фати трчај две недели секој ден по десет км и лапај овошје и салати и ете. Без леб
 
Дали може да се ослаби 10 кг за 2 недели, само ако се јаде сончоглед и пие вода, само со тоа?
Не само што е глупо.
Туку е неостварливо.
Знаеш каков шок ќе добие твојот организам од толку слабеење?
Препорачувам .5 кг-1кг сало секоја недела.
За 3 месеци ќе видиш каква разлика ќе има.
За 2 недели ништо нема да направиш,освен што ќе се разочараш што не си постигнала таков резултат,кој е невозможен.
 
Возможен е. Познавам луѓе кои за 2-3 недели ослабеле и повеќе од 10 кг. И за какво сало збориш?
** Некој нека каже било каква диета (без разлика дали здрава или нездрава) со која за кратко време можат да се симнат повеќе килограми (касно ми текна на летото, јбг).
 
И сега тие луѓе како изгледаат?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom