Нешто што никогаш нема да го разберам мислам дека се жените!
Гледаш дека те бендисала и триста чуда, одиш те одбива, а до тогаш таа ти се пушта...
Пребираат пребираат и кога ќе се фатат со некој на чоек што не личи е дури тогаш е да те стават во мисла...
Повисока ако била не чинело, али ако има кеш нека е и кепец од метро и 50 нема гајле убав е..
Сакате тело, бујрум тело, сакате фин, паметен што ќе ви угодува на секој чекор ете ви, али ако му се даде .сето тоа па друго фали упм
ме мрзи да пишувам али стварно не разбирам што сакаат и носат заклучоци во дел од секунда.
Деновиве веќе ме дозбунија скрос, на еден именден ме однесе еден другар демек колешки негови кај отидов кај се заебав, собрани која од која се мислат дама из лондона, а на чоек ниедна не личи ми извадоја триста муабети, јас не ги ни познавав тие цело досие за мене нашле вечерта и почнаја да ми местат една од тие таму, не таја да дојди да ме задевни нешто туку другарките дирекно абе вака така нешто, а таја на другата страна на собата само се смее и гнети
си одам сабајлето дома ме додала на фејсбук лајкој ова она, а вечерта збор не изусти.
Една колешка корпа ми закачи уште на почетокот пред 3 години ко се запишавме на факс, ама тогаш јас буцко бев, сега од ко напрајв тело ми се пушта веќе неколку месеци туку стега лајкој на секоја слика на фб што ја имам и на секој пост, таму кај и да застанам јас ете ја и таа, туку ме чепка нешто фаќај ме за рака ваму таму, али ќе и ебам матер колку и да ми се бендисувала тогаш сега не и се опулувам (незнам колку е паметно, али ако ми мавнала некоја корпа и то со молење со месеци после не и обрнувам внимание воопшто, или пак само би ја плеснал и чао пријатно).
Стварно не разбирам, ако ве моли чоек го одбивате, ако не ви обрнува внимание молите, ако ви удоволува го прајте магаре (лани го јадев стапот така, бев затрескан во таа што ми беше девојка до уши се што ќе побараше и удоволував дури и финансиски и помагав за на крај да ме напрај будала пред сите и да ме искара и со луѓето кои ме запознаа со неа).
Е сега има една на архитектура ја гледам секој ден низ ходници ама повисока е 5-6 цм од мене што е проблем оти на штикли отиде една глава повеќе, не ми фаќа бојлеро како да ја чепнам, сум мислел да ја застанам директива и да и свртам некој бош муабет и да и побарам број али некако ризично ми е, име не и знам да ја барам по фејсбук, а ме сети и ко ќе помини се смешка само. Се мислам да почнам нареден пат само едно здраво да и речам иако ни ме знај ни ме познава, после тоа наредно видување уште нешто со надеж дека би ја запознал така ама незнам колку е паметна работа да не излезам ко некој глуп да не ми одговори ништо.