Епа...
Ја изгледав, пола саат се смирував, и уште еднаш ја изгледав.
Знам дека секогаш јаки ствари се случуваат во деветата епизода, ама некако не ми приметив дека стигна девета, многу брзо отиде сезонава.
Ептен сум си горд за тоа како успевам да избегнувам спојлери и имав само претпоставки за The red wedding која сите ја збореа. Цело време се надевав дека ќе биде на свадбата на Џофри и Марџери и дека таму ќе се испоколат дека редно време е да умре некој Ланистер. Ама ете, ќе си почекам за тоа.
Првиот пат кога ја гледав епизодава, уште кога почнаа да ја свират Rains of Castamere се наежив дека ептен ми е јака и таков грд филинг секогаш имам кога ја слушам. Некако не ми падна нешто многу жал (само за Тирион и Верис би ми било ) ама сепак, неочекувано.
Ланистери ептен стабилни и засега без конкуренција. Им успева се што ќе замислат и баш ме интересира кој ќе успее да им парира. Само Станис и Калиси се така сериозни кандидати. Би требало да е интересно ако White Walkers го поминат ѕидот, плус и Менс нема сигурно да се откаже од напад.
Во следната епизода не би требало да има некои големи пресврти, а и да не забораваме дека ова е прва половина од книга па не верувам да има некој спектакуларен крај.
Alex Baratheon другар, друг пат почекај да заврши епизодата па смени го аватарот. Ја како што бев спојлерисан од YouTube кога ти го видов аватарот уште повеќе си ги поврзав работите.
Серијава би била најјакото нешто излезено ever (не дека и сега не е) доколку одеше исто со книгите или слично. Онакви моменти на изненадување, твистови се лудница и вака, а па камоли коа никој не би знаел.
Уф, иако реков бев спојлерисан, делумно, уште сум потресен.
Старкс браќа, тоа е, во суровиот свет никој не ја почитува лојалноста, искреноста и правдата. Овие се олицетворение и за во реалниот свет не само у Вестерос.
Сега па укапирам и колку спојлери сум начекал а не знаејќи што се бидејќи прерано сум ги видел. Памтам пред месец видов слика каде што во неколку ситуации Нед Старк вика I promise на своите и не го исполнува тоа никогаш, и под него Роб како го вика истото на жена му. Насетував што значи тоа и дека Роб ќе го скинат некогаш но не вака и не волку скоро.
Симболиката во епизодава пукаше до врв, маестрално!
Сите Старкови направија грешки. И Кејтлин, и Роб и Брен. Го прати најмалиот брат кај Umbers велејќи му „Тие се наши послушници ќе те заштитат“, не знаејќи што се деси во меѓувреме и дека веќе немаат послушници. Ќе го јаде и најмалиот ако го фатат.
Едино глупо у епизодава ми беше што Брен многу млако и мирно го кажа тоа дека го видел Џон, очекував поемотивно и пожестоко.
Не знам, Старкс се веќе нула, ништо. Едино Санса останува да им разебе матер на Ланистери во нивниот двор!
Но вака сеа сите ние ќе очекуваме барем еден Старк да се одмазди за останатите, а мислам дека Мартин нема да ни го препушти тоа и дека во меѓувреме ги скинал сите во книгите.
Тоа со музиката се слагам дека требаше до крај да свири Rains of Castamere, но сепак феноменална беше вклопеноста на сцената со музиката. Затворањето на вратат од еден од Фреј, и почнувањето на песната. Сцената со Кејтлин беше врвот, ми застана здивот тие моменти.
Плус моментот коа требаше да оди стихот: In a coat of gold or a coat of red a lion still has claws...
и Кејтлин го откри Болтон.
И пак на крај, имаше дежа-ву од сцената со Нед, кога сеа Кејтлин побара прошка како што Нед побара од Џофри, али ипак, се знаеше дека како ни на Нед така и нејзе нема да и дадат и ја докрајчија...
Ова е познато, али е пригодно:
- Велат, увек коа некој ќе го праша Џорџ, до каде е со книгите, кога ќе биде готова следната книга - он убива по еден Старк.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.