Уф, иако реков бев спојлерисан, делумно, уште сум потресен.
Старкс браќа, тоа е, во суровиот свет никој не ја почитува лојалноста, искреноста и правдата. Овие се олицетворение и за во реалниот свет не само у Вестерос.
Сега па укапирам и колку спојлери сум начекал а не знаејќи што се бидејќи прерано сум ги видел. Памтам пред месец видов слика каде што во неколку ситуации Нед Старк вика I promise на своите и не го исполнува тоа никогаш, и под него Роб како го вика истото на жена му. Насетував што значи тоа и дека Роб ќе го скинат некогаш но не вака и не волку скоро.
Симболиката во епизодава пукаше до врв, маестрално!
Сите Старкови направија грешки. И Кејтлин, и Роб и Брен. Го прати најмалиот брат кај Umbers велејќи му „Тие се наши послушници ќе те заштитат“, не знаејќи што се деси во меѓувреме и дека веќе немаат послушници. Ќе го јаде и најмалиот ако го фатат.
Едино глупо у епизодава ми беше што Брен многу млако и мирно го кажа тоа дека го видел Џон, очекував поемотивно и пожестоко.
Не знам, Старкс се веќе нула, ништо. Едино Санса останува да им разебе матер на Ланистери во нивниот двор!
Но вака сеа сите ние ќе очекуваме барем еден Старк да се одмазди за останатите, а мислам дека Мартин нема да ни го препушти тоа и дека во меѓувреме ги скинал сите во книгите.
Тоа со музиката се слагам дека требаше до крај да свири Rains of Castamere, но сепак феноменална беше вклопеноста на сцената со музиката. Затворањето на вратат од еден од Фреј, и почнувањето на песната. Сцената со Кејтлин беше врвот, ми застана здивот тие моменти.
Плус моментот коа требаше да оди стихот: In a coat of
gold or a coat of red a lion still has claws...
и Кејтлин го откри Болтон.
И пак на крај, имаше дежа-ву од сцената со Нед, кога сеа Кејтлин побара прошка како што Нед побара од Џофри, али ипак, се знаеше дека како ни на Нед така и нејзе нема да и дадат и ја докрајчија...
Уште сум потресен, за крај Valar Morghulis!