Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,0%
  • Не

    Гласови: 461 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.197
I
Секако, би користеле инфантилни методи на поробување како луѓето што користат доколку сакале да на поробат. И секако, секоја раса би сакала да не пороби, нели, бидејќи од еден психолошки калап се вадени :tapp: ....
Извини молимте, незнаев дека сте запознати со методите на поробување и менталниот склоп на вонземјаните. Многу работи не сум знаеел, ова вонземјаните изгледа се веќе меѓу нас но не сме свесни. :D ова веќе е тотално забеган муавет, но не сте вие криви туку холивуд со нивните научнофантастични филмови, треда да се забранат со закон, штетно делуваат врз психата на децата. :D
 
I
Извини молимте, незнаев дека сте запознати со методите на поробување и менталниот склоп на вонземјаните. Многу работи не сум знаеел, ова вонземјаните изгледа се веќе меѓу нас но не сме свесни. :D ова веќе е тотално забеган муавет, но не сте вие криви туку холивуд со нивните научнофантастични филмови, треда да се забранат со закон, штетно делуваат врз психата на децата. :D

Холувид има повеќе врска со глупостите кои ти ги трескаш не јас. Моето има врска со егзопсихологија, не Холивуд. Али во ред е, продолжи да црпиш знаење само од еден извор, ептен добро ти оди, прогресираш.
 
I
Извини молимте, незнаев дека сте запознати со методите на поробување и менталниот склоп на вонземјаните. Многу работи не сум знаеел, ова вонземјаните изгледа се веќе меѓу нас но не сме свесни. :D ова веќе е тотално забеган муавет, но не сте вие криви туку холивуд со нивните научнофантастични филмови, треда да се забранат со закон, штетно делуваат врз психата на децата. :D

Ти од сопствено искуство или....?
 
Ти од сопствено искуство или....?
Јас но се гледа од чие искуство зборам, немора да се правиш како од марс паднат. Не гледам јас научнофантастчни филмови.
 
ako te imaat ANALizirano vonzemjani stisni like :ROFLMAO:
 
Џабе бараме марсовци – ние сме по потекло од вселената тврдат научници

http://mkd-news.com/dhabe-barame-ma...sme-po-poteklo-od-vselenata-tvrdat-nauchnitsi

Директорот на астробиолошкиот центар и ученик на познатиот астрофизичар Фред Хојл, Чандра Викрамасинг се смета за еден од најсилните и најавторитетни приврзаници на теоријата за панспермијата. Според него животот на Земјата е донесен од комета. Тој тврди дека микробите, дојдени од далечните вселенски пространства на површината на Земјата, послужиле како основ за понатамошен развој на разновиден живот.

Теоријата на професорот, според кого животот како таков се пренесува од планета на планета во текот на многу милијарди години, беше објавена на страниците на Меѓународното астробиолошко списание на Универзитетот од Кембриџ.

“Сите ние сме потомци на вонземјани. Различни. Никој не знае како зрнцата и атомите патуваат низ универзумот и како паѓаат на една или друга планета, овозможувајќи му на животот да се роди “, смета Викрамасинг.

Според него животот може да е донесен на Земјата, на пример од Венера со помош на сончевиот ветер. Оваа претпоставка се базира на податоци добиени од вселенското летало Venus Express на Европската вселенска агенција.

Викрамасинг смета дека облаците во атмосферата на Венера содржат хемиски елементи кои се компатибилни со присуство на микроорганизми. Затоа е голема веројатноста при одредени услови микробите од горните слоеви на атмосферата на Венера да се донесени во атмосферата на Земјата.

Неверојатно е дека овој процес може да потрае неколку недели или дури и денови. Но за тоа Сонцето, Венера и Земјата треба да биле распоредени на одреден начин, што се случува само еднаш на неколку години.

“Венера и Земјата често се нарекувани сестри поради сличните геолошки карактеристики – вели Викрамасинг. – Нашето истражување укажува дека тие може да се поврзани и на биолошки план. “

Идејата дека животот на нашата планета се појавил од вселената, ја делат и индиски научници кои открија нов вид бактерии кои живеат на височина над 40 километри над Земјата. Според експертите во оваа откритие неверојатни се истовремено два моменти. Прво, необичен е самиот факт за постоењето на живот на таква височина, и второ, сончевото зрачење таму не е такво како на површината на планетата – ултравиолетовите зраци се премногу силни, речиси како во вселената.

Откривањето на три нови семејства бактерии кои не личат ниту на еден од видовите бактерии на површината на планетата само ја зајакнува тезата. Податоците за уникатни организми се добиени врз основа на анализа на гасови, што се содржат со специјален воздушен балон, испратен од индиските истражувачи во стратосферата.

“Животот на височина 40 километри сам по себе е неверојатен. Двојно чудо е дека бактериите се способни да се спротивстават на суровото ултравиолетово зрачење, кое би требало прво да го убие токму нив. Целосно е можно во иднина да бидат откриени микроорганизми и на поголеми височини “, вели Пушпа Бхаргава, директор на центарот за клеточна и молекуларна биологија во индискиот град Хадарабад.

Балонот, кој ги открил бактериите ја проучувал структурата на атмосферата на висина прво на 20, а потоа на 41 километри. Техничката реализација на програмата е спроведена од Индиската организација за вселенски истражувања.

“Врз основа на теориите за потеклото на животот на планетата може да се претпостави дека новоткриените бактерии имаат вонземјени корени и паднале низ атмосферата од вселената. Се разбира, не е исклучена можноста тие исто така може да се мутанти што како последица на некои процеси од земјата се нашле во атмосферата на рекордна висина “, дополнува Бхаргава.
 
И мене не ми е јасно зошо секојгаш мислат дека некој од нив ке не пороби. Демек ако нас ни е насилството у гените дека и на нив ке им биде. Уше народов не е свесен дека нас тоа насилство и таа љубомора и себичност не ни дозволуваат да дојдеме на многу многу многу повисоко ниво па место они да идат кај нас ние да отидеме кај нив.
 
Momentot koga ke go otkrieme nacinot so koj ke mozeme da stigneme do niv ke bide i momentot koga ke ne zbrisat od mapata na universumot.
Se razbira.....ako do togas ne se potcukneme vo mozokot i ne go smenime nasiot nacin na razmisluvanje.
--- надополнето: 31 мај 2013 во 09:49 ---
I
Извини молимте, незнаев дека сте запознати со методите на поробување и менталниот склоп на вонземјаните. Многу работи не сум знаеел, ова вонземјаните изгледа се веќе меѓу нас но не сме свесни. :D ова веќе е тотално забеган муавет, но не сте вие криви туку холивуд со нивните научнофантастични филмови, треда да се забранат со закон, штетно делуваат врз психата на децата. :D

I Zil Vern pisuval gluposti pa lugeto mu se smeele..........ama denes imame i podmornici i raketi......pa vidi ti sega.
 
Подолго време гледам на History древни вонземјани и се чудам на човечката глупост.

Одредени аспекти да ги исмеваш на серијата - во ред. Ама буквално се да помножиш со нула, е тоа се глупости.
 
И ја имам видено НЛО ако може така да се нарече у Штип пред 2-3 години у сред лето, стоеше на исто место едно 30 секунди силно блескаво „нешто“ после го снема, исчезна за дел од секундата. Чиста случајност и другар мој шо живее на спротивнио крај од градо го видел истото нешто, уз разговор истата вечер заклучи дека не сум го само јас видел инт инт...

не сум снимал само кажувам лично искуство, ногу ке речат лажам, ама ногу ме гајле, ја знам шо сам видел!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom