Евтини авионски карти

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangaroo
  • Време на започнување Време на започнување
Имај во предвид дека летот на Ер Приштина е нередовен / чартер, а со тоа и немаат обврски кон патниците како во редовниот сообраќај. Можат да го откажат летот во последен момент ако проценат дека нема да им се исплати, и во такви ситуации нема да добиеш никаков друг надомест освен билетот кој веќе си го платил.

Оваа информација не е точна. Линијата на Аир Приштина е директна и редовна, оперираат секоја среда и сабота, и досега никогаш не се случило да се откаже лет без оглед на бројот на патници.За разлика од Виз аир со Аир Приштина имаш 20 кг багаж + 5 кг рачен багаж и се тоа ти е вкалкулирано во цената на картата која си ја плакаш, без скриени трошоци и финти како на пример торбата ти е за пола сантим поголема од тоа што треба, ајде плати екстра 30 евра. Имаш 24 часа Call-centar и нивен персонал на аеродромите, кој може да ти помогне во врска со секое прашање кое го имаш како патник.Па сега сами увидете ја разликата:)
 
da ne znaes za koi evropski gradovi imaat letovi air pristina?
 
Оваа информација не е точна. Линијата на Аир Приштина е директна и редовна, :)

Затоа и го дадов линкот, да не може некој да дава произволни изјави. Фино си пишува таму каков тип на сообраќај е. Јас само дадов појаснување што тоа значи во поглед на нивните обврски.

Ме интересира од каде имаш увид во редовноста на нивното работење, ако под редовност, за разлика од погоре, подразбираме извршување на летот. Таа статистика е достапна на вработени на аеродромот, тур операторот или авио-компанијата. Без соодветен линк или прикачен документ и тоа е уште еден произволен исказ. Не верувам дека немале оперативни проблеми и доцнења или откажувања, напротив. А сигурен сум дека немале обврски. Колку еден балкански тур оператор ќе се грижи за вас доколку нема обврски да го стори тоа? :( А замисли да банкротираат? Кој ќе ги врати парите? Кој ќе обезбеди сместување или алтернативен превоз? Еве еден случај од пред пола година, патниците помеѓу Скопје, Приштина, Охрид и Цирих сигурно се сеќаваат. http://www.thelocal.ch/20121022/bankrupt-hello-airline-grounds-flights

Штом го спомна багажот, ајде да одговорам и на тоа. Чекираниот багаж на Виз Ер има лимит од 32 кг, не се доплаќа ништо над 15 или 20 кг, како кај останатите компании. За рачниот багаж нема ограничување во тежината, се додека можеш сам да го кренеш над седиштето.

„Скриените трошоци и финти„ - процесот на букирање е дизајниран да биде максимално флексибилен и овозможува на секој патник да си го дизајнира летот како што му одговара и да помине со најефтин можен билет. Не секој сака да патува со голем багаж, да се чекира на аеродром и да плаќа за сите останати според крути унифицирани правила. Така, разликата во цена е очигледна и добредојдена за многумина кои инаку воопшто не би се качиле во авион.

Во секој случај, конкуренцијата е добредојдена. Од неа патниците можат само да профитираат, бидејќи придонесува за покачување на нивото на услуги и спуштање на цените. Верувам дека тие што воошто размислувале за патување со авион до пред година-две можат да посведочат за разликите. На крај на краиштата, секој има избор со кого сака да патува и да види со свои очи каков третман добива со едните или со другите, како во стандардни, така и во ситуации кога има несакани промени на планот на патување.
 
da ne znaes za koi evropski gradovi imaat letovi air pristina?

Од Скопје летаат до Цирих И Дизелдорф, а од Приштина до Базел, Брисел, Лондон Станстед, Штутгард, Минхен..отвори на www.airprishtina.com и можеш да ги видиш сите дестинации и цени, како и редот на летање
--- надополнето: 2 јуни 2013 во 11:38 ---
Затоа и го дадов линкот, да не може некој да дава произволни изјави. Фино си пишува таму каков тип на сообраќај е. Јас само дадов појаснување што тоа значи во поглед на нивните обврски.

Ме интересира од каде имаш увид во редовноста на нивното работење, ако под редовност, за разлика од погоре, подразбираме извршување на летот. Таа статистика е достапна на вработени на аеродромот, тур операторот или авио-компанијата. Без соодветен линк или прикачен документ и тоа е уште еден произволен исказ. Не верувам дека немале оперативни проблеми и доцнења или откажувања, напротив. А сигурен сум дека немале обврски. Колку еден балкански тур оператор ќе се грижи за вас доколку нема обврски да го стори тоа? :( А замисли да банкротираат? Кој ќе ги врати парите? Кој ќе обезбеди сместување или алтернативен превоз? Еве еден случај од пред пола година, патниците помеѓу Скопје, Приштина, Охрид и Цирих сигурно се сеќаваат. http://www.thelocal.ch/20121022/bankrupt-hello-airline-grounds-flights

Штом го спомна багажот, ајде да одговорам и на тоа. Чекираниот багаж на Виз Ер има лимит од 32 кг, не се доплаќа ништо над 15 или 20 кг, како кај останатите компании. За рачниот багаж нема ограничување во тежината, се додека можеш сам да го кренеш над седиштето.

„Скриените трошоци и финти„ - процесот на букирање е дизајниран да биде максимално флексибилен и овозможува на секој патник да си го дизајнира летот како што му одговара и да помине со најефтин можен билет. Не секој сака да патува со голем багаж, да се чекира на аеродром и да плаќа за сите останати според крути унифицирани правила. Така, разликата во цена е очигледна и добредојдена за многумина кои инаку воопшто не би се качиле во авион.

Во секој случај, конкуренцијата е добредојдена. Од неа патниците можат само да профитираат, бидејќи придонесува за покачување на нивото на услуги и спуштање на цените. Верувам дека тие што воошто размислувале за патување со авион до пред година-две можат да посведочат за разликите. На крај на краиштата, секој има избор со кого сака да патува и да види со свои очи каков третман добива со едните или со другите, како во стандардни, така и во ситуации кога има несакани промени на планот на патување.

Како прво, мојата изјава не е произволна, бидејки јас работам во Аир Приштина. Компанијата не е балкански тур оператор, туку има седиште во Цирих, Швајцарија и постои повеке од 30 години. Банкротот на Hello не треба да се доведува во врска со целата компанија Аир Приштина, бидејки тоа е само една од авиокомпаниите со која соработува Аир Приштина. Баш за тој случај што го спомна, јас лично гарантирам дека ниту еден патник не беше оставен на аеродором без соодветно да биде згрижен и информиран, како и да му се обезбеди билет за да стигне на својата дестинација за која платил. Компанијата е одговорна пред своитепатници, и основното мото е дека тие секогаш треба да бидат задоволни и услужени, без оглед на ситуацијата во која се нашле. Разлика во услугата која ја нуди Виз ер и Аир Приштина има, баш заради тоа јас не реков дека тоа што Виз ер го нуди е полошо( за тоа со багажот цитирав член од претходните коментари), туку е различно, а патникот самиот избира каков тип на услуга му е потребна. Дали сака сам да букира карта, или сака да добие комплетна услуга од резервација и издавање на билет, па се додека се качи во авион самиот ке си избере.
 
Благодарам за одговорот. Убаво е да се види дека има и други кои се грижат за нашите патници. Со среќа и понатаму. Како тргнале работиве, ништо чудно по некое време да стапиме и во директен контакт. ;)
 
Мене само ме нервира фактот што пример дестинации како Цирих,Дизелдорф и слично се опслужуваат од чартер компании кои соработуваат со наши туристички агенции. Зошто истите не би биле преземени од Swiss Air и Lufthansa или Germanwings? :(
 
Каде може да се набават ziplock ќеси за течности за патување со авион? Ги има на аеродромите или?
 
Јас имам такви купувано од аеродром. Ги има по автомати, за 1 евро добиваш 2 кеси. А на некои аеродроми се бесплатни, стојат пред контролата на багаж (кај што те скенираат).
 
Изгледа Ер Приштина воведува чартер летови на релација Скопје Берлин
qx1e8w.png

http://www.airprishtina.com/Default.aspx?PageID=FlightSchedule
 
Татко ми досега има патувано со АирПришнина до Дизелдорф 10тина пати и е многу задоволен од услугата. Знам последниот пат ко идеше имаше 1 кг плус на багажот и не му направија никаков проблем. Јас прашав за Визз каква е услугата за да направам диференцијација. И плус поголема предност на АирПриштина е шо слетува на огромен аеродром со интерконтинентални летови, а Визз во Дортмунд на аеродром ко шо е Охридскион.
Мое мислење за АирПриштина е да продолжи така со работата и во иднина да ги прошири услугите од Охрид кон Германија (Има летови за Цирих ама се над 200 ЦХФ) зошто да бидиме реални АирПриштина ги опслужува печалбарите шо струшкот регион може да се „пофали“ дека ги има во голем број.

M*O*N*A
Каква е политиката за дополнително парче чекиран багаж (колку се доплаќа и сл.) на АирПриштина?
 
Навистина ми е драго што сте задоволни од услугата и што слушам позитивни коментари. Компанијата навистина се труди да обезбеди врвна комплетна услуга за патниците. Во врска со прашањето за дополнителниот багаж, тоа зависи од дестинацијата и авиокомпанијата со која се реализира летот, но вообичаено е + 8 евра од кг. Овде зборуваме за екстремно отстапување во багажот, над оние 20 кг +5 кг рачен багаж што следуваат со секој купен билет. Доколку имаш некое кило плус, персоналот вообичаено излегува во пресрет и не се наплатува дополнително. Но повторно ке кажам, зависи од дестинацијата и самата авиокомпанија со која летот се реализира. Доколку некому му е потребен дополнителен багаж, најдобро е при купувањето на картата да праша, или да се јави на 24 h Call-centar 02/511 12 12 и сите прашања ке бидат одговорени.
 
А има ли некакви најави кога тогаш да воведете линии и кон Минхен,Хамбург,Женева и слично од Скопје? Последниве години има многу студенти кои патуваат кон Германија за работа и слично така да линијата сигурно би била рентабилна.Многу студенти одат преку Приштина бидејќи од Скопје линии нема
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom