Затоа и го дадов линкот, да не може некој да дава произволни изјави. Фино си пишува таму каков тип на сообраќај е. Јас само дадов појаснување што тоа значи во поглед на нивните обврски.
Ме интересира од каде имаш увид во редовноста на нивното работење, ако под редовност, за разлика од погоре, подразбираме извршување на летот. Таа статистика е достапна на вработени на аеродромот, тур операторот или авио-компанијата. Без соодветен линк или прикачен документ и тоа е уште еден произволен исказ. Не верувам дека немале оперативни проблеми и доцнења или откажувања, напротив. А сигурен сум дека немале обврски. Колку еден балкански тур оператор ќе се грижи за вас доколку нема обврски да го стори тоа?
А замисли да банкротираат? Кој ќе ги врати парите? Кој ќе обезбеди сместување или алтернативен превоз? Еве еден случај од пред пола година, патниците помеѓу Скопје, Приштина, Охрид и Цирих сигурно се сеќаваат.
http://www.thelocal.ch/20121022/bankrupt-hello-airline-grounds-flights
Штом го спомна багажот, ајде да одговорам и на тоа. Чекираниот багаж на Виз Ер има лимит од 32 кг, не се доплаќа ништо над 15 или 20 кг, како кај останатите компании. За рачниот багаж нема ограничување во тежината, се додека можеш сам да го кренеш над седиштето.
„Скриените трошоци и финти„ - процесот на букирање е дизајниран да биде максимално флексибилен и овозможува на секој патник да си го дизајнира летот како што му одговара и да помине со најефтин можен билет. Не секој сака да патува со голем багаж, да се чекира на аеродром и да плаќа за сите останати според крути унифицирани правила. Така, разликата во цена е очигледна и добредојдена за многумина кои инаку воопшто не би се качиле во авион.
Во секој случај, конкуренцијата е добредојдена. Од неа патниците можат само да профитираат, бидејќи придонесува за покачување на нивото на услуги и спуштање на цените. Верувам дека тие што воошто размислувале за патување со авион до пред година-две можат да посведочат за разликите. На крај на краиштата, секој има избор со кого сака да патува и да види со свои очи каков третман добива со едните или со другите, како во стандардни, така и во ситуации кога има несакани промени на планот на патување.