AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Не се со понизок квалитет, туку клучниот збор е поскапи, инаку се најчесто поквалитетни и подобро одговараат на часовникот затоа што се правени соодветно на моделот. А, може да се најде метално ремче и за часовник кој имал кожно, јас поодамна имав земено еден со кожно ремче и го заменив со метално, немаше баш никаков проблем.Никој не купува кожни ремчиња од оригиналниот производител на саатот бидејќи се од понизок квалитет и прескапи.
А доколку го земеш со кожно ремче и сакаш да смениш на метално...нема шанси да најдеш.
Champion нема да згрешиш со Tissot кој и да го земеш, јас имам еден веќе 4 години, го земав од Божиновски во Рамстор, супер е. Моделот е во стилот на третиот што го имаш постирано, само помал (женски, нели) и комбинација со позлата. Досега не сум имала проблем, еднаш само ја имам сменето батеријата.
Малку ми се изгреба стаклото, нормално, од носење, па се мислам дали да го однесам да го исполираат, но ми спомнаа дека со полирање се истенчува стаклото и после полесно може да прсне. Знае некој како да ги средам малку гребаниците без да се оштети стаклото?