Пливање (помош, прашања, совети, новости)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе дали може некако да го избришам горенапишаното затоа што ставот ми е сменет?
--- надополнето: 12 април 2013 во 11:32 ---
Дали може некој да ми каже (како за аматер) да плива со 2,0 км/час колку е ок дали е доволно (4км вкупно од термин) ?
 
Како аматер би ти препорачал да си пливаш по 45мин до 1 час највеќе. На почеток уопште некој да се оптеретуваш со брзината туку да се држис стриктно за времето. Со тек на време ќе бидеш побрз и автоматски за истиот период ќе пливаш поголема дистанца. Иначе 4км за аматер е и повеќе од доволно.
 
Почнав да учам да пливам, али цепеница невидена сум ко некој труп пропаѓам во вода. Ај со надеж нареден тренинг да бидни нешто повеќе сега засега послабо
 
Почнав да учам да пливам, али цепеница невидена сум ко некој труп пропаѓам во вода. Ај со надеж нареден тренинг да бидни нешто повеќе сега засега послабо
немај страв, ти пишав :)
 
Почнав да учам да пливам, али цепеница невидена сум ко некој труп пропаѓам во вода. Ај со надеж нареден тренинг да бидни нешто повеќе сега засега послабо

И јас сум за нигде, морам и оваа дисциплина да ја совладам, колку толку. Каде одиш на пливање во Скопје или?
 
имам едно прашање, кеј стил на пливање е најдобар во однос на енергија/брзина ? Благодарам
 
Глупав сум, брат ми беше во последниве 5-6 години инструктор за пливање на олимписки и карпош и не искористив прилика... пиши во пп колку како плаќаш и одиш, ако не си спомнал претходно да не ја полниме темава со дупли постови :)
 
Тренирав како помал... Најдоброто нешто што некој може да го направи за себе е пливањето ! :)
 
имам едно прашање, кеј стил на пливање е најдобар во однос на енергија/брзина ? Благодарам

Краул(такозвани машки) Најбрз и горе доле најлесен за пливање и троши најмалку енергија.
 
Kolku se plaka na olimpiski za rekreacija plivanje, od edno idenje se plaka ili mesecno? Sto treba da se nosi si tebe, kapi citam trebalo sto drugo, ke moze nekoj podetalno da pise?
 
1500 денари ти е месечна (3пати во неделата) во Борис Трајковски.
3600 денари ти е 30 влезници и можеш да ги користиш во рок од 6 месеци. Тоа ти е најевтина варијатна. Инаку капа за пливање и купачи се обавезни и на двата базенти, наочари ако сакаш. А термини за рекреативци од колку до колку треба да си провериш кога има затоа што се различни и ги менуваат во зависност од тоа како им одговара на клубовите.
 
Некои добри наочари за пливање што можат да се купат кај нас, и по која цена од прилика? По можност од оние што не се замаглуваат.
 
Некои добри наочари за пливање што можат да се купат кај нас, и по која цена од прилика? По можност од оние што не се замаглуваат.

Во ГТЦ на приземје во Артурс(Конверс), и горе у Адидас. Исто така у Беверли Хилс доле у подрумот има продавница Спидо само за пливачка опрема. Бирај си модел што тебе лично ќе ти одговара, сепак тоа е индивидуално. А за замаглување, и оние очила што се AntiFog(што не се замаглуваат) после некое време почнуваат да се замаглуваат. Затоа има една олд скул фора, пред да влезеш у вода плукни ги стакленцата замачкај малце и исплакни ги и одма ставај ги на очи. Не би требало да имаш проблем. Иначе цената би требало да е од 800ден па нагоре, зависи од моделот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom