Како заработуваат пари нашите од дијаспората?

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Претходно на еден друг му велеше дека се филма, сега на женава која баш убаво си објасни. Не за друго ја знам девојкава долги години на форум е и не ми се допаѓа да ја нарекуваш лажга. Зошто? Оти ти неможеш да ја прифатиш реалноста. Она така живее, некој друг поинаку. Дај боже да ти иде и понатаму добро, само не кажувај како е тешко во Германија со 4 плати дома, како твоите ко ќе ја земеле платата ти се плачело. А твојата е над 5000. Тоа е срамота да го помислиш, а не да го напишеш на јавен форум. Прво не е се розово, сега убаво живеам. Дај реши се убаво ти е или лошо ти е?
Кафиња, мафиња со нашинци по странство не пијам, не оти си ти, туку оти не гледам потреба оти сме од иста земја па ете да морало да пиеме кафе, а друго заедничко немаме. Исто минеш низ улица здраво не си викаш, го гледаш у Шпанија на плажа се праи ко да сте први другари. Не ги сакам тие ситуации.
пак ќе ти кажам,јас не се жалам мене ми и е убаво(преубаво) но тоа нема врска со платата од моите најблиски...
и тоа голем лажго е таа твоја пријателка,прочитај поназад што има напишано(куќа за една година,сопруг професија заварувач,2xнеделно на вечера,секој викенд во други делови на УСА)јас незнам кои денови е тој на работа.тоа го има таа твоја пријателка од форумов напишано а не јас.и немој повеќе да ми ги вртиш зборовите и уште еднаш да ти споменам мене лично ми е преубаво;)
 
Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Ама 20 години во Германија со таква плата, плус жена му, мајка му и татко му работеле неверојатно е. Баш класичен печалбар, сите се тие ист калап што заминале во 70те,80те и 90те, кукањето од МКД си го однеле. Како кампања да водат против новите генерации, демек не идете ќе се заебете. Арно викаат кога ќе идеш настрана бегај од своите, полошо нешто нема.

Најмногу ме нервираат нашиве кога кукаат како нема живот во странство, а ниту еден дома не се вратил! И кога идат се „немаат“...
Ние тука прво откривме што значи да имаш мир и спокојство. Да не те „дупи“ некој во здрав разум и да ти продава политика за парче леб. Или некое лајно неписмено да ти биде цел живот шеф само затоа што на некој политичар во политичка партија му бакнал задник.
Откако сум во САД живеам втор живот. И пред тоа се сметав за среќна и исполнета личност. Сега сум слободна, среќна, исполнета, благословена и многу благодарна. Нека „немаат“ другите... Ние имаме се'!
--- надополнето: 31 мај 2013 во 05:47 ---
Незнам има повеќе категории на иселеници, се обидувам да ги класифицирам во групи и да видиме кој како живее. За утре некој што сака да замине да прочита со кои проблеми би можел да се судри. Секако дека секое животно искуство е различно. Ете дечкото во економија што отворил тема за иселување, заминал во Шведска со средна школа и познавање ит, имал случајно комшии со кои една вечер пиел пиво кои го препорачале во фирмата каде работеле и се вработил. Али знаел Англиски и мрежи.

Искуството! Значајна поента! Мојот маж беше препорачан во фирмата во која работи од еден од главните менаџери кој ете за среќа е Американец и наш пријател. Затоа јас кажав - Господ нас не' сакал, не е за сите исто. Тој почна со 18 долари на час а секој ден раб.време му е 10 часа. Од старт има 10 часа плус кои му се плаќаат 27 долари бидејќи се прекувремени. Некогаш работи по 4-5 часа и во сабота, ама не секогаш. А некогаш и во обичен ден останува по 12 часа. Проста математика е ова.
Погоре видов и некој коментар за децата како немале услови по школите. Нема грешка! Нашите деца значи имаа среќа да тргнат на училиште во истото училиште во кое одат децата на овој пријател-менаџерот. Излишно е да објаснувам дека се работи за елитно училиште. Ние живеевме кај нив еден месец и кога се иселивме баравме стан во реонот на училиштето. Не учеле Америчките деца, а? Сите што тврдат така немаат поим што зборуваат. Не само што учат моите деца туку се отепани во овие 8 месеци од читање книги, правење проекти и работа. И многу сум горда на нив. Едниот стигна до сите „А“, помалиот имаше тешкотии но годинава ја завршува со сите „В“. Во училиште кое трета година по ред носи знак „Honor of Excellence“.
Се сеќавате на Димитар88? И тој е веќе во САД. Наредната недела ќе ни се придружи со невестата во нашиот град. Беше меѓу наши, виде како е. И пошто сме во контакт знае како ни е нам. Зошто реши да дојде тука? Погодете од три пати! :)
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Не знам што не ви е јасно, ако мизеруваш во Македонија подобро ти е да мизеруваш во било која друга земја ОСВЕН Македонија. Ете толку е за никаде нашата Македонија ако ја ставиме на тест за издржување на семејство или водење на пристоен живот.

Но ајде да кажам нешто он тпоик зошто на прво место темата е напишана во овој контекст :

Мислам дека е јасен муабетот...... сигурно имате некој вакви примери околу вас, ни образование ни ништо ќе појдат странство ќе најдат некоја работа па после некое време ќе ги видиш дошле на гости Мк со добри коли, златни ланци околу врат, со ајфон ("од Швајцарија ми е") наик патики и такви ствари..... и после цела фамилја вујко, чичко, тетка, стрина.... со нив ги влечат и идемоооооооооо...... :D
Па ќе ти кажам... далеку од очи, далеку од срце. Не е ништо по различно ! Само што кога си на печалба кога дојде 1ви од месецот знаеш дека имаш доволно за се, а во нашата слатка Македонија имаш само за задоцнети неплатени сметки или казни за истите.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
пак ќе ти кажам,јас не се жалам мене ми и е убаво(преубаво) но тоа нема врска со платата од моите најблиски...
и тоа голем лажго е таа твоја пријателка,прочитај поназад што има напишано(куќа за една година,сопруг професија заварувач,2xнеделно на вечера,секој викенд во други делови на УСА)јас незнам кои денови е тој на работа.тоа го има таа твоја пријателка од форумов напишано а не јас.и немој повеќе да ми ги вртиш зборовите и уште еднаш да ти споменам мене лично ми е преубаво;)
Ете така, значи во Германија се живее одлично! Неспоредливо со Македонија и во буквална смисла ако земеш да ги споредуваш условите ружи цветаат. Така ќе си пишуваш во иднина, без гачки продавање, ми се плаче од 3те плати дома кој влегуваат. Кога со една плата се живее десет пати подобро од Македонија.
Плус никој не те задева, се чувствуваш безбеден имаш администрација бе!
Сите кои планираат да се иселат во Германија ги предупредувам од Македонци подалеку.
Freedom2say; поздрави го Димитар :)
Јас сум убедена дека го најдовте мирот, ви посакувам среќа и тебе здравјето да те чува долги години. Она што е битно да се напомене на темава, да не звучи дека само за пари се иде некаде е тоа што конечно нема да те боли глава и да патиш од притисок. Се е толку мирно, опуштено, едноставно си среќен.
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
47
Поени од реакции
13
Диоклецијан, ти како добар гестарбајтер, слушнал ли си за Ерменскио поп? :D:D

Зорт како зорт, шом работеш, ќе излезеш од него. Не мора да јадеш трици у целио процес и да се претставуваш како жртвичка... Од твојта глава си станал гестарбајтер, не од мојта. :)
Кажав тоа што го гледам околу мене и што мене ми се случило. Не е розово како што некои кажуваат. Ако е тоа јадење трици добро онда.

п.с. кажи за попот
 
F

FARANG

Гостин
leandra
Freedom2say

Подалеку од македонци, подалеку од македонци... Што ви згрешиле македонците? Секоја нација има и добри и лоши луге не гледам што толку сте против други македонци во дијаспората? Ако сте налетале на некој сељаци не значи дека сите се такви. Од што така се двоиме никогаш од нас нема да биде ни нација ни асална заедница.

Во Австралија сме на пример 100 000. Во Мелбурн си имаме 8 цркви, 12тина фудбалски клубови, 5-6 играорни друштва, кафани, ресторанти, школи, радио програми, ТВ канал и програми на етничкиот канал... Во Сиднеј и Перт исто додуше помалку ама има. Има и во другите градови каде што има македонци. Што е лошо со тоа? Кога ќе дојде некој нов обично за почеток работа наога кај некој македонец или некој македонец му помага до првата работа. Нормално тоа е не е најплатено ама е почеток. Сега ти можеш да се лутиш и викаш дека те заебале или да го сфатиш ко пракса, добивање локално искуство и контакти пред сам да си најдеш соодветна работа. Како кој ќе си го сфати тоа. Се на се си функционира заедницата иако може подобро, колку и да е фалична. Највише мразам вакви новодојдени печалбари што ем ништо не разбираат ем се двојат па уште и зборат против заедницата. Сфатете дека тие луге се подолго време надвор дека нема да се на иста бранова должина со вас за многу работи ама сепак можат да помогнат ако мислат дека вреди.
 
Ај Фаранг без филмови. Од толку што сте со години во дијаспора и Македонски заедници гледам ептен помогнавте. Значи ај те молам не ми ја отварај устата по сабајле.
 
Што да помогнеме? Овде си помагаме, ти реков овде си функционира заедницата
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Што да помогнеме? Овде си помагаме, ти реков овде си функционира заедницата
Помагајте си и даље. Од помош да не куртулите.
 
F

FARANG

Гостин
Помагајте си и даље. Од помош да не куртулите.

зошто да не? нема ништо лошо со тоа... уживај сама таму само не заборавај дека повеќе од auslander од тебе нема да биде :P
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
зошто да не? нема ништо лошо со тоа... уживај сама таму само не заборавај дека повеќе од auslander од тебе нема да биде :P
Јас од тој менталитет бегам, овде требало да се здружувам. Лицемерие на кило.Затоа и таква ни е целата дијаспора, сообено Австралиската каде се мнозинство. Јаки на уста на дело никаде ги нема, три долари за знамето. Доста, замолчи.
А ова auslander треба да ме навреди? Ха. Па зарем не сум тоа? Или овде сум се родила а не ме информирале? Не заебавај бош муабети. Тоа фурај го на печалбарите, јас овде дојдов да живеам. И у Македонија заработувам за убав живот, така да австралиски финти кај мене не палат. Ќе се здружуваме, ќе си помагаме, Македонија во срцето и една порака во иселенички џубокс. На тоа останавте од помагањето.
 
Прво на дијаспората ништо не и фали :P си живее убаво кај и да е. Разликата е во очекувањата, некој во МКД очекува дијаспората да ја спаси државата или што ти знам јас. Зошто? Што се тие луге должни да помогнат кога самата МКД не се грижела за нив на времето.

Второ не збориме за Македонија него за формирање заедници надвор од МКД. Со тоа што нема такви на многу места во УСА, никаде во ГЕР ние и како дијаспора и како нација губиме. Утре твојте деца нема да знаат македонски и немој да ми кажеш дека за 2 саати си во МКД па нема да е проблем.

Трето auslander ваљда те навреди толку колку она твоето од помош да не куртулиме или џубокс, 3 долари и такви глупости. Смири живци малку. Јасно ми е зошто си таму ама глупо е да ги делиш лугето на македонци и немакедонци вакви или онакви. Цело време збориш да не се одвраќаат други што сакаат да си ја пробаат среќата надвор а ти дефакто со тоа што го збориш за дијаспората го правиш тоа самата. Најголем дел од лугето идат баш кај некој познат за почеток и во 80% од случаите баш некој македонец им помага при наогање на првата работа.
 
Прво и нека живее како сака и што сака нека прави. Затоа и излегла од Македонија да живее по свој терк.
Второ заедници надвор од Македонија има речиси во секој поголем град. Незнам кој ти рекол дека нема во Германија кога во близина на градов има. Е сеа ако поентата на тие „собиранки“ е да зборува како Петре во Македонија ја кренал куќата на три спрата, а кукал дека нема пари или да дојде Гавазова во ресторант да се качи на празни маси со кисела вода тоа е ок. Не сум тој тип на човек ете ти Австралиска заедница гледаме како се забавувате. Ако ви се свиѓа и продужете. Моето дете дали ќе знае Македонски е мој проблем, гледај твоето да знае.

И трето мислам дека бев јасна со auslander. Или досега така си ги вреѓал иселениците и они камен на срце имале од називов? Јас сум auslander во Германија и секогаш ќе бидам. Сфаќаш? Зошто треба да се навредам со ова, а ми го тураш под нос дека ме вреѓа? :) Јас да смирам живци? :pos:Рипна како попарен ти си auslander демек видии сега како ќе те навредам, австралиски финти, Македонија во срцето. Го погоди човекот да ти кажам кој се вреѓа на тие патриотски измишљотини.
А шо тебе те заболе оти им давам совети од вас подалеку? Тоа е мое мислење, од тебе друго ќе прочитаат, од некој трето. Што се запали толку, опушти се ќе ти викнам некоја Гавазица на маса не се нервирај :icon_lol:
 
Во ред е да живее кој како сака, тоа не го дискутираме.

Знам дека има нефункционални заедници во Германија вие си знаете зошто е тоа така, еве ти си жив пример. Затоа и од Гавазова во ресторант нема ни да мрднете подалеку во блиска иднина што е жалосно. Тука е различно си има се.

Си ја промашила поентата со Auslander не ми беше цел да те вреѓам него да ти кажам дека ни ти не ме вреѓаш со глупостите што ги пишуваш за овде или конкретно со она демек од помош да не сме куртулеле.

Не ме заболе само гледам дека си хипокрит. Од една страна скокаш да не се одвраќаат лугето а од друга страна бегајте од тие што може да ви помогнат. Бракај работа ко што викаат овде to each his own..
 
Јас не сум жив пример оти сега дојдов, неможе да бидам пример зошто не функционираат во Австралиски стил. Така да грешка у кораци прва.
Од помош да не куртулите ти го кажав во смисла на благослов. Чим така си помагате во Австралија секогаш и да си помагате. Ако не си разбрал подобро е прашаш одколку да се обидуваш да ме вреѓаш у стил ти си и ќе останеш странец у ночи. Грешка у кораци повторно.
И трето финти од типот на Лавот не ти личат. Барем по оној впечаток кој го имам за тебе. И не се нервирај неможе секогаш да сме од иста страна. Не сакам лицемерие, не сакам заедници на Македонци настрана, несакам Гавазовци во Германија, несакам да си пееме стари Македонски песни во клуб, јас несакам. Пак ќе повторам гледам колку помогнавте, гледам оние што имаат роднини таму како им помагаат. Затоа наместо да се вреѓаш живеј како сакаш и како умееш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom