Како заработуваат пари нашите од дијаспората?

W

Werther

Гостин
Непремостливи разлики у менталитето е само причина, претекст за да се јаде трици колко е лошо кај Швабите. Најарно на свет е да те дупат на Табановце 4 саата додека да флезеш у Македонија. На крај краеви, требе да ти е мило оти наш човек те дупе. ;)

Лесно се заборава за срањата, коа најголем дел од времето човек го поминува у средена држава. :)
Океј, но делумно е така. Има луѓе кои по краток престој во странство се враќаат дома. Едноставно не може секој да се навикне на животот на страна. Има некои како што опиша ти, го прикриваат лицемерието измислувајќи тривијални приказни.
Нема што да ти се чудни, претседателот на мак пензинерското друштво во Мелбурн има завршено 4то оделение. Тој тука претставува тело од 4-5000 македонци. Тој им е најписмен и незаменлив веќе 20тина год. Крај на програмата бе друже
Не сите, грешка. Се извинувам.

Некои од постарите. Може вака ?

:)
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
47
Поени од реакции
13
Ете ја разликата во искуството, во Македонија тој период кај некого трае 20 години и ќе трае. Колку и да е горе искуството во одреден период лошо, смена на работа, пари за факултет, останал без работа некое време, не се споредува со Македонија. Таму ако останеш без работа ќе најдеш друга во рок од 5 месеци, овде по 10 години немаат најдено работа.
Ок за ова си во најголем дел во право.
Сепак есапот е ваков. Ако има човек воља и желба да р‘мба ко вол едно десетина години, да живее во мизерни услови (jaс 3 години спиев на под со бубачки), да се дообразува, да научи јазик, да смени неколку места на живеење и да е штедлив онда голема е веројатноста дека ќе се снајде и после тоа ќе живее еден понормален живот. Под услов во сето тоа време да не се поремети скроз и да остане нормален. Тоа е тоа, кому му одговара нека повели.
Диоклец-клец 30 000 евра ќе ги спечалеш некак...
Как ќе натераш дете на вообразени гестарбајтери да се школува? Коа оно е главен шизик у Свирипичино дека е гестарбајтер, сите пи*ки по него се вртат...
За на крајо да си остане просто момче и у Дојчланд (на пример), и у Македонија. И да продава пуфки...
Стереотипи Луки. Ме влечеш за јазик. Впрочем оди во некоја населба каде што живеат гастербајтери и провери дали воопшто во школите има најосновни услови да се држи настава. Има деца кои се доволно упорни, инаетливи и имаат доволно мотивација од дома па успеваат да се пробијат покрај сите заебанции кои им се прават.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Може ли само информација за која држава зборуваш?
--- надополнето: 30 мај 2013 во 12:14 ---
Ок за ова си во најголем дел во право.
Сепак есапот е ваков. Ако има човек воља и желба да р‘мба ко вол едно десетина години, да живее во мизерни услови (jaс 3 години спиев на под со бубачки), да се дообразува, да научи јазик, да смени неколку места на живеење и да е штедлив онда голема е веројатноста дека ќе се снајде и после тоа ќе живее еден понормален живот. Под услов во сето тоа време да не се поремети скроз и да остане нормален. Тоа е тоа, кому му одговара нека повели.
Ова сега го приметив, збориш за идење на слепо без работа најдена, образование и јазик?
 
F

FARANG

Гостин
Може ли само информација за која држава зборуваш?
--- надополнето: 30 мај 2013 во 12:14 ---

Ова сега го приметив, збориш за идење на слепо без работа најдена, образование и јазик?

Тоа е веќе идење да стане човек оти во МКД не стигнал/успеал. Тоа е друго...
--- надополнето: 30 мај 2013 во 12:25 ---
Океј, но делумно е така. Има луѓе кои по краток престој во странство се враќаат дома. Едноставно не може секој да се навикне на животот на страна. Има некои како што опиша ти, го прикриваат лицемерието измислувајќи тривијални приказни.

Не сите, грешка. Се извинувам.

Некои од постарите. Може вака ?

:)

За старите зборам де, тие што отишле од МКД во 50-80 тите. Најновата група на пензинери (90тите) не се замара со вакви организации ради такви луге. Едоставно кренаа раце. Поентата ми е дека емиграцијата до пред 80тите е претежно евтина работна рака која не знаела јазик и била примана на запад пред се да насели држави ко АУС и КАНАДА. Денес тие држави се многу селективни кого пуштаат, така да новите генерации на иселеници се сосема друга сорта.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Незнам има повеќе категории на иселеници, се обидувам да ги класифицирам во групи и да видиме кој како живее. За утре некој што сака да замине да прочита со кои проблеми би можел да се судри. Секако дека секое животно искуство е различно. Ете дечкото во економија што отворил тема за иселување, заминал во Шведска со средна школа и познавање ит, имал случајно комшии со кои една вечер пиел пиво кои го препорачале во фирмата каде работеле и се вработил. Али знаел Англиски и мрежи.
 
W

Werther

Гостин
За старите зборам де, тие што отишле од МКД во 50-80 тите. Најновата група на пензинери (90тите) не се замара со вакви организации ради такви луге. Едоставно кренаа раце. Поентата ми е дека емиграцијата до пред 80тите е претежно евтина работна рака која не знаела јазик и била примана на запад пред се да насели држави ко АУС и КАНАДА. Денес тие држави се многу селективни кого пуштаат, така да новите генерации на иселеници се сосема друга сорта.
Знам, и за ова. Воглавно поновите генерации, 2000та, па и тие што заминале на почетокот на 90тите се одлично позиционирани во странство. Ретко кој од иселениците со завршено високо образование, р'мба.

И тоа ми се допаѓа, но се оди со програма.

:)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
не знам само како некои идат таму без соодветно образование за струката за која сакаат да најдат работа, без јазик без ништо и после во МакедоЊа било подобро. Па за такви и е подобро.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Не се жали со убрзано темпо ги стигаме - ФИЛИПИНИТЕ! Еве закон за абортус, јачење на црквата, сега следно е 300% акциза на кондоми и забрана за пилулата...

Него еве да те развесалам види како живее стварно сиромашниот дел на светот. Пази го моментот од 45.20 Џош во Тондо. Населба колку битола. Да видиш тамошниот специјалетет Пагпаг.

Типот на 46.52 во грчки дрес :pos:

Изгледај го видеото ќе сфатиш после дека си среќно дете :X3:

Свесен сум дека има и бетер, но како општество и држава воопшто треба да се стремиме кон подобро а не 20 години седиме паркирани и само у ретевизор гледаме!
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
47
Поени од реакции
13
Може ли само информација за која држава зборуваш?
--- надополнето: 30 мај 2013 во 12:14 ---

Ова сега го приметив, збориш за идење на слепо без работа најдена, образование и јазик?
toa vo pp
 
L

Luki Junior

Гостин
Стереотипи Луки. Ме влечеш за јазик. Впрочем оди во некоја населба каде што живеат гастербајтери и провери дали воопшто во школите има најосновни услови да се држи настава. Има деца кои се доволно упорни, инаетливи и имаат доволно мотивација од дома па успеваат да се пробијат покрај сите заебанции кои им се прават.
Да имаше таква населба около Подареш, со задоволство би се прошетал низ неа да видам...
Ама имал сам среќа да се попрошетувам накај гестарбајтерите по западо, и сите пуфки продават у македонија, додек там са најголемите мизерници шо не можат душата за ништо да си ја опуштат...

Лани лето на Сегед/Суботица на границата имаше 5 километра колона... 80% од них изгасија си колите и си ги бутаа за да ги подместуват за да не трошат нафта, а вонка 40 степена на жешок асфалт.... Ма пушти си клима бе, уживај си у натре, наместо да се печеш како грешен ѓавол на тај асфалт.... Нека идат 5 литра нафта на ветаро, ама барем нема да се потам и засмрдувам.... Газди... на магарето мандалото...

А за мотивацијата, сиромаштијата и гладијата е опасна мотивација... :)
 
Aх бре пријателе изгледа немаш ти зорт видено па да знаеш како е. А и не е ред да пишувам тука трагедии. Да не се разбериме грешно не ти пожелувам такви работи. Ниту тебе ниту никому
А колата и јас ја туркам ама од други причини. Ќе ти скува на жешконо ако ја држиш запалена една сенка нема таму.
 
Диоклецијан, ти како добар гестарбајтер, слушнал ли си за Ерменскио поп? :D:D

Зорт како зорт, шом работеш, ќе излезеш од него. Не мора да јадеш трици у целио процес и да се претставуваш како жртвичка... Од твојта глава си станал гестарбајтер, не од мојта. :)
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Aх бре пријателе изгледа немаш ти зорт видено па да знаеш како е. А и не е ред да пишувам тука трагедии. Да не се разбериме грешно не ти пожелувам такви работи. Ниту тебе ниту никому
А колата и јас ја туркам ама од други причини. Ќе ти скува на жешконо ако ја држиш запалена една сенка нема таму.
Царе, прво палата треба да направиш, да ти држи сенка за колата.
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Абе Шота со 4 плати дома од кој твојата е над 5000 евра вие одите во ресторант, шетате некаде или не ви стасуваат? Те гледам незадоволен цело време, да ме убиеш неможам да сфатам како може да се жалиш на такви примања.
погрешно ме имаш разбрано,јас не се жалам,него дамава живее во некој сон.,.
Wenn du willst,wir können uns auf ein Getränk treffen,bin nicht weit von dir?dann siehst du das es mir sehr gut geht
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
погрешно ме имаш разбрано,јас не се жалам,него дамава живее во некој сон.,.
Wenn du willst,wir können uns auf ein Getränk treffen,bin nicht weit von dir?dann siehst du das es mir sehr gut geht
Претходно на еден друг му велеше дека се филма, сега на женава која баш убаво си објасни. Не за друго ја знам девојкава долги години на форум е и не ми се допаѓа да ја нарекуваш лажга. Зошто? Оти ти неможеш да ја прифатиш реалноста. Она така живее, некој друг поинаку. Дај боже да ти иде и понатаму добро, само не кажувај како е тешко во Германија со 4 плати дома, како твоите ко ќе ја земеле платата ти се плачело. А твојата е над 5000. Тоа е срамота да го помислиш, а не да го напишеш на јавен форум. Прво не е се розово, сега убаво живеам. Дај реши се убаво ти е или лошо ти е?
Кафиња, мафиња со нашинци по странство не пијам, не оти си ти, туку оти не гледам потреба оти сме од иста земја па ете да морало да пиеме кафе, а друго заедничко немаме. Исто минеш низ улица здраво не си викаш, го гледаш у Шпанија на плажа се праи ко да сте први другари. Не ги сакам тие ситуации.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom