Француска лига 1 - Ligue 1 2021/22

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891

ПСЖ полека почна да ја покажува силата во француското фудбалско првенство, а денеска многу лесно стигна до третата победа по ред.
Победата беше остварена на гостувањето кај Бастија и тоа со убедливи 4:0, а најголемата ѕвезда Златан Ибрахимовиќ постигна два гола.
Првиот и третиот на овој натпревар беа дело на Менез и Мауиди.
ПСЖ досега освои 12 бодови, но се уште заостанува зад Олимпик Марсеј и Лион.
--- надополнето: 22 септември 2012 во 21:01 ---

Катарските сопственици на ПСЖ потрошија многу пари за да создадат силен фудбалски клуб, но тоа нема да биде нивниот последен чекор во француската престолнина.
Генералниот директор на клубот, Жан Клод Блан откри дека тие сакаат да изградат спортско друштво по примерот на Барселона и Реал Мадрид кои имаат силни екипи и во другите спортови.
„Идејата е да направиме мултиспортски, глобален бренд од ПСЖ. Нема да застанеме само на ракометот, иако во моментов не сме определиле рок или конкретен список на спортови. Ако гледаме на сличните градови во Европа, ќе ги видиме Барселона и Реал Мадрид кои се истакнуваат во овој систем на работа, иако фудбалските екипи се најатрактивни“, вели Блан чиј клуб оваа сезона купи и многу квалитетни ракометари кои ќе настапуваат за екипата која ќе го носи името ПСЖ.
Според овој план, веројатно наскоро ќе биде формиран и силен кошаркарски тим, по што Париз ќе стане атрактивен и за најголемите ѕвезди во овој спорт.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
107 мил евра за Нејмар, непристојна понуда од ПСЖ

Богатите арапски сопственици на францускиот фудбалски прволигаш ПСЖ се решени да ги срушат сите рекорди кога се во прашање потрошените финански средства за засилувања. Супер богатиот ПСЖ испрати непристојна понуда од 107 милиони евра за ангажман на новата бразилска звезда Нејмар.​
Ако дојде до реализација на оваа трансфер бомба тогаш трансферот на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид вреден 94 милиони евра веќе нема да биде најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Во летниот преоден рок интерес за ангажман на Бразилецот Нејмар покажаа европскиот шампион Челзи, првакот на Англија Манчестер Сити, нивниот голем ривал Јунајтед и шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, но дефинитивно со оваа понуда во прв план доаѓа тимот од паркот на принцовите Париз Сент Жермен.

Доколку дојде до реализација на овој трансфер со само 20 години Нејмар би станал најплатениот фудбалер на планетата. За три години во професионален погон Нејмар кој важи за еден од најголемите фудбалски талент во светото Нејмар има постигнато 77 голови во 150 натпревари во домашното првенство и репрезентацијата на Бразил.
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.507
Поени од реакции
4.384
107 мил евра за Нејмар, непристојна понуда од ПСЖ


Богатите арапски сопственици на францускиот фудбалски прволигаш ПСЖ се решени да ги срушат сите рекорди кога се во прашање потрошените финански средства за засилувања. Супер богатиот ПСЖ испрати непристојна понуда од 107 милиони евра за ангажман на новата бразилска звезда Нејмар.


Ако дојде до реализација на оваа трансфер бомба тогаш трансферот на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид вреден 94 милиони евра веќе нема да биде најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Во летниот преоден рок интерес за ангажман на Бразилецот Нејмар покажаа европскиот шампион Челзи, првакот на Англија Манчестер Сити, нивниот голем ривал Јунајтед и шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, но дефинитивно со оваа понуда во прв план доаѓа тимот од паркот на принцовите Париз Сент Жермен.

Доколку дојде до реализација на овој трансфер со само 20 години Нејмар би станал најплатениот фудбалер на планетата. За три години во професионален погон Нејмар кој важи за еден од најголемите фудбалски талент во светото Нејмар има постигнато 77 голови во 150 натпревари во домашното првенство и репрезентацијата на Бразил.
:гомце:
 
Член од
20 јули 2012
Мислења
242
Поени од реакции
364
Да не знае некој зашто е одложена Марсеј-Лион...и кога ке се одигра ?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Читаш некои имиња од светскиот фудбал и од нигде никаде ти се појавува некој си Ндинга со фаца што е кошмар за затворениците со лизгави раце.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
И тоа каква интересна сезона не очекува во Франција. 4 играчи иначе веќе Монако си осигури. Фалкао, Мутињо, Карваљо и Родригез полека но сигурни и другите би можеле во скоро време да отидат во Монако.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.334
Поени од реакции
26.274
Ilumious нема да биде лошо да пишеш 2013/14 наместо 2011/12.

Ќе има маабети, интересно ќе биде следна сезона и во Франција.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Не би било лошо некоја од телевизииве да ја искористи приликава да ги откупи правата за францускава лига.

Добро ќе биде да се видат едни од најдобрите напаѓачи на светот во иста лига.

Сепак не верувам дека проектов на Монако ќе биде мнгоу успешен и дека за 5 години пак ќе играат во втората лига.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.334
Поени од реакции
26.274
Не би било лошо некоја од телевизииве да ја искористи приликава да ги откупи правата за францускава лига.

Добро ќе биде да се видат едни од најдобрите напаѓачи на светот во иста лига.

Сепак не верувам дека проектов на Монако ќе биде мнгоу успешен и дека за 5 години пак ќе играат во втората лига.

Има муабето дека МРТ1 ќе пренесува Сериа А од следната сезона, па ништо чудно Телма да ги земе Французите или пак обратно.

А за успехот на Монако, во следните 5 год. во Франција барем еднаш ќе бидат шампиони во Франција е сеа за повеќе ќе видиме.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Moнако и ПСЖ ќе бидат главни сезонава.Лион и Марсеј зад нив,ќе биде интересно.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.719
Поени од реакции
43.767
Цитро титула нема да виде. Ај ќе го гушнат овие од Ливерпул, ќе му кажат I know that feel bro. :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom