Икони...

  • Креатор на темата Креатор на темата птр
  • Време на започнување Време на започнување
Да те прашам - остај настрана и иконографијата денес - тао е ради пари и други глупости.. кажи ми ти мене, шо го натерало чоекот тогаш. пред безмалку 2000 години да црта симболи, знаци, фрески.. а подоцна и да се занимава и со иконографија... На тогашната црква (сеедно дали рано-христијанска, или после 4 век - после Никејски собор) не и сметало тоа што луѓево чкрабале. башка поише од очигледно е и дека го поттукнувала тоа..
What's the catch?

Изработката на икони е повеќеслојна потреба:
- умот човеков не ги познава нештата суштински, туку ги прима и разбира преку симболи,
- потребата од формирање колективно сеќавање за настани кои се случиле (на пример: сцените од Стариот и Новиот завет)
- пораката која праќа насликаниот настан,
- воспоставување врска помеѓу овоземната и небесната Црква,
- можноста од практикување на дарот за сликање,
- обележување на храмовите како посебни места, каде се практикуваат верските потреби,
- чудотворноста која ја имаат иконите.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 16:13 ---
Па нели ми е дозволено да се сомневам.. шо ме кочиш сеа? од кај сеа вакви флоскули и етикети?

Па со здрав разум резонирам пријателе сорисјански, нешто не ми чини ли во умот? Шо е сеа работава?

Сомневај се слободно: тоа и самиот го имам поминато како почетник во верата, но дури и од овде (од пред мониторов...:icon_lol:), без да Те знам, можам да видам кој пат си го фатил...
 
Изработката на икони е повеќеслојна потреба:
- умот човеков не ги познава нештата суштински, туку ги прима и разбира преку симболи,
- потребата од формирање колективно сеќавање за настани кои се случиле (на пример: сцените од Стариот и Новиот завет)
- пораката која праќа насликаниот настан,
- воспоставување врска помеѓу овоземната и небесната Црква,
- можноста од практикување на дарот за сликање,
- обележување на храмовите како посебни места, каде се практикуваат верските потреби,
- чудотворноста која ја имаат иконите.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 16:13 ---

И сеа шо е тука лошо, а што добро? Односно шо чини, а шо не чини?

А ти веруваш ли во чудотворноста на иконите?

Сомневај се слободно: тоа и самиот го имам поминато како почетник во верата, но дури и од овде (од пред мониторов...:icon_lol:), без да Те знам, можам да видам кој пат си го фатил...

Е кој пат сум го фатил живти све?
Одма ме судиш а?
 
И сеа шо е тука лошо, а што добро? Односно шо чини, а шо не чини?

А ти веруваш ли во чудотворноста на иконите?

Чини се‘ што е набројано, а во чудотворноста од иконите верувам, секако.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 16:27 ---
Одма ме судиш а?

Нема потреба да Те судам, скраја да е. Но, ако јас, како тешка безименица во Црквата, можам да (у)видам дека некој забегал, не значи и дека некого сум го осудил, туку значи дека можам да ги расудувам нештата, а не да ги осудувам луѓето.

А што останува за способноста од оние, кои светоста ја заработиле уште во овоземниот живот...
 
Дали сте знаеле дека првите христијани биле озогласени како атеисти, баш поради тоа што не се поклонувале на римските богови, немале жртвеници, немале икони, немале идоли и сл. За Римјаните, кои имале идол или икона за секое божество било несфатливо да се обожава Бог без некаква материјална претстава (идол, икона) и затоа ги нарекувале христијаните „атеисти“ :)

Сепак доколку тие римјани денес ги посетат православните или католичките храмови, сигурно би заклучиле: аааа овие не се истите христијани-атеисти што ние ги познаваме, овие се некои политеисти бидејќи имаат многу икони и скулптури на кои што се клањаат, им палат кандила и сл.
 
Чини се‘ што е набројано, а во чудотворноста од иконите верувам, секако.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 16:27 ---

Значи правиш идолатрија, а?

Нема потреба да Те судам, скраја да е. Но, ако јас, како тешка безименица во Црквата, можам да (у)видам дека некој забегал, не значи и дека некого сум го осудил, туку значи дека можам да ги расудувам нештата, а не да ги осудувам луѓето.

А што останува за способноста од оние, кои светоста ја заработиле уште во овоземниот живот...

Па судиш, со тоа што одредуваш на некому во кој правец да ја движи верата, едната била вистинаска, а другата невистинска - протестантска.. а и обете имаат иста „мајка“...
 
Сепак доколку тие римјани денес ги посетат православните или католичките храмови, сигурно би заклучиле: аааа овие не се истите христијани-атеисти што ние ги познаваме, овие се некои политеисти бидејќи имаат многу икони и скулптури на кои што се клањаат, им палат кандила и сл.

А доколку некој антички римјанин, согласно протестантската фантазија, може да направи временски скок и да влезе во „христијанскиот трговски центар„ во Дебар Маало, ќе дојде до следните „заклучоци„:

1. Ауууу, па овие немаат ништо во своите храмови! Беда жива! Дај ја собереме некој прилог и да им дајме по нешто-бесплатно.
2. Ауууу, па овие имаат закачено 4 крстови, како оној на кој ние со задоволство Го распнавме нивиот Бог, ама пак не веруваат во моќта од крстот.
3. Види само како прибираат нови членови: ги викаат на тестирање за емотивната интелигенција, а после им ја убиваат и ги инструираат како што сакаат!
--- надополнето: 17 мај 2013 во 22:25 ---
Значи правиш идолатрија, а?

Тоа Ти го велиш, не јас...
--- надополнето: 17 мај 2013 во 22:27 ---
Па судиш, со тоа што одредуваш на некому во кој правец да ја движи верата, едната била вистинаска, а другата невистинска - протестантска.. а и обете имаат иста „мајка“...

Според учењето од мојата вероисповест, Светиот Дух е Оној Кој ги насочува трагачите по вистината кон вистинската Црква.
 
Тоа Ти го велиш, не јас...
--- надополнето: 17 мај 2013 во 22:27 ---

Па не знам баш... до прееска збореше дека обожување на икони е идолатрија.. а од друга страна велиш..

MIKI1 напиша:
Чини се‘ што е набројано, а во чудотворноста од иконите верувам, секако.
--- надополнето: денес во 16:27 ---

Сеа, од една страна погоре критикуваш идолатрија.. ми цитираш таму втора божја заповед, а од друга страна веруваш во чудотворноста на иконата?! Па сеа .. као новопечен рисјанин.. ме е... у здрав мозок бе рисјански пријателе.. и стварно ме тераш да се сомневам у својава вера и у шо да верувам..

Или нешо не сум сконтал, или нешо не ми кажуваш ко шо треба.. Сигурен си дека си православен, и дека си го сфатил Исус?

Според учењето од мојата вероисповест, Светиот Дух е Оној Кој ги насочува трагачите по вистината кон вистинската Црква.

Брат.. ме буниш.. мајке ми..

Во што точно веруваш ти? Светиот дух, светиот Отец или светиот Син? Или во светата Троица?
И која е вистинска црква ?

И, пошто темава е Икони, дали таа вистинска црква, дозволува идолатрија (според нејзината вера т.е. вероучение кон вистината)?
 
Или нешо не сум сконтал,

Добар заклучок...
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:11 ---
или нешо не ми кажуваш ко шо треба..

Види го својот погорен цитат...
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:13 ---
Во што точно веруваш ти? Светиот дух, светиот Отец или светиот Син? Или во светата Троица?

Во едната, света, предвечна, безпочетна, нераздела и неслиена Божја Троичност: Отец и Син и Свет Дух.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:15 ---
И која е вистинска црква ?

Тоа е едната, света, соборна и апостолска Црква Христова-Црквата од истокот.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:15 ---
Сигурен си дека си православен,

Мање-више, да.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:16 ---
и дека си го сфатил Исус?

Само во мерката од мојот духовен раст...И онолку колку Он сака да ни‘ се објави.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:18 ---
И, пошто темава е Икони, дали таа вистинска црква, дозволува идолатрија (според нејзината вера т.е. вероучение кон вистината)?

1. Црквата не допушта идолатрија.
2. Иконите не се замена за живиот Бог, туку „...прозорец кон духовниот Свет...„.
 
Добар заклучок...
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:11 ---

Види го својот погорен цитат...
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:13 ---

Во едната, света, предвечна, безпочетна, нераздела и неслиена Божја Троичност: Отец и Син и Свет Дух.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:15 ---

Тоа е едната, света, соборна и апостолска Црква Христова-Црквата од истокот.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:15 ---

Мање-више, да.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:16 ---

Само во мерката од мојот духовен раст...И онолку колку Он сака да ни‘ се објави.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:18 ---

1. Црквата не допушта идолатрија.
2. Иконите не се замена за живиот Бог, туку „...прозорец кон духовниот Свет...„.

Нешто ми кажуе дека ти не си христијанин.. но вред..

ова со Икониве те издава...
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:21 ---
1. Црквата не допушта идолатрија.
2. Иконите не се замена за живиот Бог, туку „...прозорец кон духовниот Свет...„.

Епа онда што одиш во црква, што се молиш во црква, што ја признаваш црквата, и што веруваш во чудотворноста на иконите....

Значи не си рисјанин..
 
Добар заклучок...
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:11 ---

Види го својот погорен цитат...
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:13 ---

Во едната, света, предвечна, безпочетна, нераздела и неслиена Божја Троичност: Отец и Син и Свет Дух.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:15 ---

Тоа е едната, света, соборна и апостолска Црква Христова-Црквата од истокот.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:15 ---

Мање-више, да.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:16 ---

Само во мерката од мојот духовен раст...И онолку колку Он сака да ни‘ се објави.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 23:18 ---

1. Црквата не допушта идолатрија.
2. Иконите не се замена за живиот Бог, туку „...прозорец кон духовниот Свет...„.

Може со да или со не???

крстењето пред икони, молењето на иконите, на св овој св оној е идолопоклонство или не?? е дозволено во христијанството или не??
 
да,не,

а третото прашање не ти е најјасно дефинирано - на што се однесува? што дали е дозволено?

И на крајот, какво е тоа условување за форматот на одговорот кога се поставува прашање?
Не можеш да одговориш точно на некои прашања само со да или не.

Ај ти одговори ми на прашање, само со да или не? може?
 
Може со да или со не???

Може...
--- надополнето: 30 мај 2013 во 15:56 ---
крстењето пред икони, молењето на иконите, на св овој св оној е идолопоклонство или не??

Не (е идолопоклонство).
--- надополнето: 30 мај 2013 во 15:57 ---
е дозволено во христијанството или не??

Да (поклонувањето пред иконите е дозволено во православната Црква).
 
Може...
--- надополнето: 30 мај 2013 во 15:56 ---

Не (е идолопоклонство).
--- надополнето: 30 мај 2013 во 15:57 ---

Да (поклонувањето пред иконите е дозволено во православната Црква).

Да застанеш пред иконата на богородица и да речеш мајчичке богородичке дајми среќа, дајми пари, дајми здравје е дозволено, тоа ли сакаш да ми го кажеш??
 
Него попо му дозволи...затоа кај него е дозволено. Инаку и самиот знае и свесен е дека од Бога не му е дозволено, ама што да прави...кога верата не можи да си ја прилагоди кон Библијата, Библијата ќе ја прилагодува кон верата....така е тоа кај „православците“
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom