Барате некој закон?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Koга сме кај породилното, и сопругата го отвори 3 дена пред породувањето, и никој не правеше проблем.
Администрацијата си работи по некоја своја пракса која не мора секогаш да биде стриктно по закон, посебно во вакви или слични случаи.
 
Дечки дали некој е запознаен со закони во Америка...и ако сеуште важи тоа застарено дело(пошо кај нас нема појке укинато е) колку години треба да помини за делото да премини во застарен случај.Фала
 
Дечки дали некој е запознаен со закони во Америка...и ако сеуште важи тоа застарено дело(пошо кај нас нема појке укинато е) колку години треба да помини за делото да премини во застарен случај.Фала

Ај малце појасно нека биде прашањето
 
Новиот закон за прекин на бременост како гласи ?
 
дали има некој закон протиф сајбер криминал и злоупотреба на лични податоци?
 
Колкава е казната во нашата држава за обид за државен преврат;со насилни методи,а колкава со ненасилни методи?:sneaky:
Нагласувам за обид,зошто ако се успее во превратот нормално дека нема казна.:pos:
 
Ме интересира дали сега со добивање на 1ва возачка дозвола не смееш една година или две години да возиш после 23:00 h ?
 
Ова е прашање за Правници кои го сакаат правото:
Во законот на Стариот Рим - Законите на дванесете таблици - Leges duodecim tabelarum. - постоеше одредба ако некој плод падне ( од друга нива или од некое друго место ) во некоја нива, сопственикот на нивата, во која плодот паднал може да си го собере тој плод.
Ме интересира дали и денес постои сличен закон и кој е тој закон
Тоа е таблица 7 закон 10, еве како гласи тој закон во Leges duodecim tabelarum
T a b u l a V I I -[10] Cautum est . . . lege XII tabularum, ut glandem in alienum fundum procidentem liceret colligere (Plinius, nat. hist. 16, 5, 15).
( 10. Плодовите, кои ќе паднат на туѓо земјиште, му припаѓаат на сопственикот на земјиштето )
 
Не знам како беше тој закон, ама според законот на уличната школа - Секој плод е твој, ако не те фати газдата
 
Не знам како беше тој закон, ама според законот на уличната школа - Секој плод е твој, ако не те фати газдата

Не .....
Прашањето е сериозно
Еве и друго
На пример постојат две ниви .....
И едната нива сопственикот ја засее..
Падне пороен дожд и го однесе семето во соседната нива.
По некое време се роди жито и сега како ти ќе пресудиш чие е житото
 
Плодовите припаѓаат на оној чие е земјиштето, без разлика кој ги посадил

Точно така и така пишувало во Законите на дванаесете таблици.
Еве и друг пример:
Коренот на едно дрво, се наоѓа во една нива, но дел од гранките се над друга нива.
Плодот од гранките кои се над другата нива, припаѓа на сопственикот на другата нива.
--- надополнето: 12 јули 2013 во 23:37 ---
Eве што за ова вели Законот за сопственост и други стварни права
Дрвја на меѓи
Член 21
Стеблото на дрвото му припаѓа на сопственикот на онаа недвижност од чиешто земјиште израснало дрвото, без оглед каде се надвиваат гранките или каде се протегаат корењата на дрвото.
Дрвото коешто израснало на самата меѓа е во сосопственост на соседите на обете страни на меѓите на земјиштето.
Одредбите од став 1 и 2 од овој член соодветно се применуваат и на други растенија.

Член 22
На сопственикот му е дозволено од своето земјиште да истргнува жили и корења на туѓо дрво или растение, како и да ги отсекува или поткаструва гранките на туѓи дрвја, како и дел од стеблото кое се наоѓа во воздушниот простор над неговата недвижност и да ги задржи за себе, или пак да се користи со тие делови на туѓите дрвја.
Сопственикот на соседното земјиште има право да бара надоместок на штета што е причинета од жилите, корењата или гранките на туѓите дрвја, а која не би се случила ако нивниот сопственик постапувал со потребното внимание.
Ако на сопственикот со посебен пропис му е забрането постапување во согласност со став 1 на овој член, му следува право на надоместок на штета од став 2 на овој член.
Во случај на меѓусебно граничење на шумите одредбите од ставовите 1 и 2 на овој член не се применуваат.

Влегување во туѓа недвижност
Член 23
Ако туѓи животни, рој пчели или ствар дојдат на туѓа недвижност нивниот сопственик, односно владетел може во примерен рок да влезе на туѓото земјиште и да си ги земе назад.
Сопственикот на недвижноста може во случај на став 1 од овој член да забрани пристап на својата недвижност, ако туѓите животни, ројот пчели или стварите веднаш ги предаде на нивниот сопственик, односно владетел.

Ако од животните, ројот пчели, или од другите ствари што ќе се најдат на туѓа недвижност или од нивното движење настане штета за сопственикот на недвижноста на кои тие ствари се нашле или префрлиле, или ако сопственикот на недвижноста имал нужни трошоци во врска со тоа, тој има право на надомест на штета и да ја задржи стварта се додека штетата или трошоците не му бидат во целина надоместени
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom