Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.402
- Поени од реакции
- 21.981
Реков прогнозирам, не тврдам.Moже објаснување зошто ?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Прво, кога објавија дека ќе биде нов тренер на Баерн(пред неколку месеци), мислев дека е тоа перфектен избор. Но, уште тогаш, навивачи на Баерн ми рекоа дека прогнозираат неуспешна епизода на Пеп во Баерн.
Како одминува времето, јас сум се поубеден дека нема да се снајде Пеп во Баерн(дај Боже да ме демантира!). Едноставно, после ваква успешна сезона, не знам како ќе реагираат играчите на нов тренер. Со Јуп сега освоија 'се што пробаa', човекот освои титули, ги освои и и срцата на многу баварски срца, но и на многу неутрални фанови. И покрај тоа што ова беше можеби најуспешната сезона во историјата на Баерн, сепак Јуп не доби продолжување на договорот, што можеби е голема грешка.
Баерн немаше потреба да менува ништо за наредната сезона. Буквално ништо! Еден-два трансфери само, за само да се засилат уште повеќе. Сепак, тие го сменија клучниот човек за целиот овој успех.
Од, друга страна, Пеп не знам ако би се снашол во таков 'готов клуб', кој нема потреба од промени. Кога дојде во Барса во 2008ма, ги продаде главните ѕвезди на клубот и започна негов сопствен проект. Но, тоа беше така, бидејќи клубот тогаш се наоѓаше во лоша состојба, таа 2008ма, заврши како трет во првенството, без ниту една освоена титула. Во Баерн сега, нема што да се менува, тимот е во најдобрата можна форма, меле се пред себе. Дали ќе проба нешто да смени Пеп, или само ќе продолжи таму каде што застана Јуп, ќе видиме...
Ако проба да смени нешто, мислам дека ќе погреши..