- Член од
- 21 декември 2012
- Мислења
- 924
- Поени од реакции
- 452
Чорбаџија напиша:Како мислиш како и колку временски течело откровението на евангелието?
Знаеш ли на кој начин Исус ја примал Божјата Објава и колку траела (временски)?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Чорбаџија напиша:Како мислиш како и колку временски течело откровението на евангелието?
Знаеш ли на кој начин Исус ја примал Божјата Објава и колку траела (временски)?
Не знам. Исус не им кажувал такви непотребни детали на учениците. Тој дури во една прилика им рекол: „Не верувате кога ви зборував за земните работи, како ќе верувате ако ви кажувам за небесните?“ (Исус, ев. Јован 3:12, Библијата)
А ти знаеш?
Знам! Никаде во Библијата не е забележано дека Исус ги примал Божјите зборови како што ги примаше Мојсеј заповедите на Синајската планина . А пророштвото јасно си кажува дека Пророкот ќе биде сличен на Мојсеј, кој покрај другото и ќе ги прими Божјите зборови во својата уста.
Никаде не е забележано ни дека Исус не ги примал Божјите зборови како што ги примал Мојсеј, а ниту пак пророштвото вели дека Исус морал да ги прима Божјите зборови на идентичен начин како што ги примал Мојсеј.
Едноставно Исус јасно вели:
„Зашто Јас не зборував Сам од Себе, туку Мојот Татко, Кој Ме прати, Тој Ми даде заповед што да речам и што да зборувам.“ (Исус Христос, ев. Јован 12:49, Библијата)
А тоа е доволно за да го исполни пророштвото на Бог преку Мојсеј каде што вели: „Ќе ги ставам зборовите Мои во Неговата уста...“
Omer el Faruk напиша:Но, историјата забележала дека кога Мухаммед а.с. имал 40 години, и кога бил на Планината на Светлоста во пештерата Хира, во благословената рамазанска ноќ Лејлетул Кадр (Ноќта на одредбата), преку мелекот Џибрил ( ангелот Гаврил) му било заповедано од Бога на неговиот мајчин јазик:“ Икре!”,што значи “Читај! “, или “ Објави!“ или: “Рецитирај!“. Мухаммед се уплашил и во својата збунетост одговорил:“ Ма ене би кари’ ин! “ Јас не знам да читам!“.
Можеби, но тоа сепак не е доволно, бидејќи забележано е Мојсеј како ги примаше Божјите зборови, а исто така и Мухаммед а.с.,
од друга страна наидуваме на озбилен проблем кој треба да го решиме, а кој го имаме во Исаија, 29:12.
Чорбаџија, искуството на Мухаммед а.с. во пештерата Хира на Планината на Светлоста и неговата реакција на првото Куранско Откровение е точно исполнување на уште едно библиско пророштво кое погоре го спомнав , а кое што гласи:
“И му ја даваат книгата ( Ел Китаб, Ел Куран )на оној, кој не знае да чита,...” (Исаија,29:12)
“...и велат: "Прочитај ја"; и тој одговара: "Не знам да читам." (Исаија,29:12)
Апсолутно нема никаква поврзаност на Мухамед со Исус ниту пак на Куранот со Библијата.
Нема никакви допирни точки, само некој може да филозофира и да бара нешто заедничко но НЕМА.
Кажи ме еден логичени доказ па ќе дискутираме,само без филозофииТогаш не си ги читал ни Куранот ни Библијата.![]()
Кажи ме еден логичени доказ па ќе дискутираме,само без филозофии
Муслиман на Арапски значи ``верник`` ``или покорен на БОГ``
Тоа ти и исто како да викаш:......и двајцата биле верници................
Тоа никој не го оспорува, но каков верник бил Исус и што проповедал Исус во споредба со Мухамед тоа е нешто друго
Во ред, но библијата зборува дека Исус не бил само еден обичен човек, ниту само еден обичен пророк од низата пророци кои бог ги избирал, Исус има многу специјална улога, всушност тој постоел уште пред да биде создадена Земјата и Луѓето на неа.
Евангелие по Јован 8:58 ``Вистина,Вистина ви велам: Пред да се роди Аврам јас постоев.``
Има уште многу стихови кои го потврдуваат постоењето на Исус пред содавањето на Земјата и луѓето,и Исус проповедал за едно Царство и главната цел зошто дошол на земјата е да умре за целото човештво и да не откупи од гревот направен во Еден.
А сите пророци кои живееле пред нашата ера како што бил Давид, тие само го навестувале доаѓањето на Спасителот - Исус преку еврејската нација.
И Библијата има целосен склад од Битие - првата книга до Откровението или Апокалипсата - последната книга, поврзаност на настаните, околу 300 пророштва од Стариот завет се однесуваат на Исус,и се исполнуваат во Новиот Завет. Целата библија е еден неверојатно Комплетен склад.
Со една тема со една цел.
И сега одеднаш во 6 век се појавува нова книга нов пророк, кој наводно треба да додаде нешто, А веќе се е кажано во Библијата. Значи нема логика да бараме заеднички работи меѓу куранот и билијата.
logicen dokaz bez filozofii toa e drven kamen, oximoronКажи ме еден логичени доказ па ќе дискутираме,само без филозофии