- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- evangelos.blog.mk
Иса и Мухаммед,верувале,повикувале и му се клањале на ист Бог,кој нема дете,нити супружник нити помагач.
Можеби исламскиот Иса и Мухамед проповедале така,, но христијанскиот Исус Христос не проповедал така.
Прво, Исус се повикувал на еврејскиот Бог - ЈХВХ (Јахве, Јехова), на кој што се повикувале и сите претходни пророци, а не на Алах. Самите муслимани одрекуваат дека нивниот Бог се вика Јахве.
Второ, Исус го нарекувал Бог Свој Татко. Исус велел дека Бог има Син. Исламскиот Алах има 99 имиња и никое од тие имиња не е „татко“. Исламскиот Алах нема син. Епа Исус најчесто го нарекувал Бог со оваа титула - Татко, а Себе си се нарекувал Божји Син. Ова е богохулство во Исламот, каде што на Алах се гледа како на далечен Господар, на кој што луѓето не му се деца, туку робови. Но тоа не го тангира христијанството - бидејќи Исус се повикувал на различен бог од тој исламскиот.
Трето, Исус се повикувал на Бог кој го дал Својот Син (т.е. Исус), да дојде на Земјата отелотворен во човечко тело и да се жртвува за гревовите на луѓето. Тоа е суштината на Христовата мисија на Земјата. Тоа е главната причина поради која Божјиот Син се отелотвори и дојде на Земјата. Тоа е суштината на евангелието. Ова не е карактерот на Исламскиот Алах.
Четврто, Исус се повикувал и проповедал Бог Кој што во Негово време завршил со праќањето пророци и НАЈПОСЛЕ го пратил Својот Син - Исус, Кој што е печат на пророците, последна опомена од Бог и потоа не праќал други пророци. Додека Мухамед се повикувал на бог кој после Исус пратил уште еден пророк (самиот тој) и дека тој е всушност последниот пророк, печатот на пророците итн.
Петто, Исус се нарекувал ЕДНО со Таткото. Исус рекол дека ја имал славата при Бог Таткото уште пред создавањето на светот. Кога Тома Му се обратил на Исус со зборовите „Мој Господ и Мој Бог“, Исус не одрекол, туку му рекол: „поверува зошто Ме виде“. Значи Исус прифатил да го нарекуваат и Бог. Кога му се поклонувале на Исус, Исус не ги укорувал, туку го прифаќал божавањето.