Жртвен принос за гревовите на луѓето??
Да. Според Библијата казната за гревот е смрт и Исус, за да ги спаси луѓето, го принел своето тело како застапничка жртва за гревовите на луѓето (на некој начин Курбан да).
Гревот е сериозна работа. Бог е свет и не трпи грев. Ние од нашите родители и прародители наследуваме грешни тела, тела склони кон грев и затоа грешиме уште од мали нозе.
„Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија.“ (
Римјаните 5:12, Библијата)
„Нема никој праведен, нема ниту еден; нема разумен, нема кој да Го бара Бога; сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден... зашто сите згрешија и лишени се од Божјата слава“ (
Римјаните 3:10-13,23, Библијата)
Платата за гревот, според Светото Писмо е смрт - прво телесна, а потоа и духовна.
„Зашто заслуженото за гревот е смрт“ (
Римјаните 6:23, Библијата)
„оној кој ќе згреши, тој ќе умре.“ (
Езекиел 18:4, Библијата)
„направениот грев раѓа смрт.“ (
Јаков 1:15, Библијата)
„Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија. “ (
Римјаните 5:12, Библијата)
Но Бог, како вистински Татко (небесен) не го оставил човекот на цедило, да тоне во канџите на гревот, туку му испрати Спасител (сопствениот Син - Исус Хрситос) да се жртвува за гревовите на човештвото. Тој ја платил, наместо човекот, казната за гревот. Еве неколку цитати од Светото Писмо што го покажуваат тоа:
„Тој се појави за да ги отстрани гревовите, а во Него нема грев.“ (
1 Јованово 3:5, Библијата)
„Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ (
Римјаните 5:8, Библијата)
„Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.“ (
Исус, ев. Јован 15:13, Библијата)
„По тоа ја познавме љубовта, што Тој (Исус) го положи Својот живот за нас“ (
1 Јованово 3:16, Библијата)
„Христос умре за нашите гревови“ (
1 Коринтјаните 15:3, Библијата)
„Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците.“ (
Исус, ев. Јован 10:11, Библијата)
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (
ев. Јован 3:16, Библијата)
„ Зашто и Христос, нашето пасхално јагне, беше жртвувано за нас.“ (
1 Коринтјаните 5:7, Библијата)
И еве еден подолг цитат, но исто така убаво објаснува за Христовата жртва, само малку е потребно предзнаење за да се сфати во целост:
„А Христос откако се појави како Првосвештеник на идните добра и влезе низ поголем и посовршен Шатор, што не е направен со рака, односно која не е од оваа создавање, влезе еднаш засекогаш во Светината над светините, и тоа не со крвта на јарци и јунци,
туку преку Својата крв, и ни прибави вечен откуп. Зашто, ако крвта на јарците и биковите и пепелта од јуница, со која се попрскуваат осквернетите, осветува за чистење на телото, колку ли повеќе
крвта на Христа, Кој преку вечниот Дух Му се принесе Сам Себеси на Бога без недостаток, ќе ја очисти нашата совест од мртвите дела, за да Му служиме на живиот Бог. Затоа Тој е Посредник на Новиот завет: за повиканите да го примат ветувањето за вечното наследство, откако смртта зеде место за откуп на престапите направени во првиот завет. Зашто, каде што има завет потребно е да се докаже и смртта на заветувачот. Имено, заветот станува полноважен по смртта, а никогаш не важи додека живее заветувачот.“ (
Евреите 9:11-17, Библијата)