Значи кога во библијата ќе сретнеме дека Исус е наречен Син Божји тоа уствари значи дека е метафорички употребен зборот бидејќи во библијата повеќе Божји пратеници се наречени Божји чеда
Нели
Не, не значи тоа. За Исус е јасно кажано дека е Единороден Син, дека излегол од Таткото, дека се (видливо и невидливо) е создадено преку Него. На пример во една илустрација Божјите пророци се наречени слуги на Господарот, а Исус е наречен Син - со што јасно е одвоен од останатите пророци.
„”Чујте друга приказна! Беше еден домаќин, кој насади лозје, го загради со плет, и ископа во него точило; изгради чуварница и им го даде под наем на земјоделците, и си отиде. А кога наближи времето на плодовите,
ги испрати своите слуги при земјоделците, за да ги приберат неговите плодови. И земјоделците ги фатија неговите слуги: едниот го биеја, другиот го убија, а другиот го каменуваа. Пак испрати други слуги, повеќе од првите, но и со нив направија исто.
Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи: „Ќе се засрамат од мојот син!” Но земјоделците, кога го видоа синот, си рекоа меѓу себе: „Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!” И го фатија, го исфрлија надвор од лозјето и го убија. Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие земјоделци?”“ (
Исус Христос, ев. Матеј 21:33-40, Библијата)
Во продолжение Исус објаснува дека лозјето е Божјото Царство, што значи дека во таа илустрација слугите се пророците што Бог ги праќаше да го опоменуваат Израел, а синот е Исус. Забележи го зборот „
Најпосле“. Значи Бог прво праќал пророци, а потоа НАЈПОСЛЕ го пратил Својот Син. Од ова автоматски следи дека после Својот Син Бог не праќал други пророци - што значи дека според Библијата нема место за дополнителен пророк после Исус.